национален парк шар планина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 May 2023 12:19:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png национален парк шар планина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-se-ogranichi-dvizheneto-so-motorni-vozila-vo-natsionalen-park-shar-planina-se-podgotvuvaat-informativni-tabli-i-aplikatsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-se-ogranichi-dvizheneto-so-motorni-vozila-vo-natsionalen-park-shar-planina-se-podgotvuvaat-informativni-tabli-i-aplikatsija/#respond Wed, 31 May 2023 12:19:03 +0000 https://kurir.mk/?p=840842

Со поставување на табли, но и со интернет апликации, граѓаните ќе се информираат за можноста и забраните за движење со моторни возила во секоја од зоните во националниот парк Шар Планина. Таблите се подготвуваат во дирекцијата на установата, а ќе се поставуваат на влезовите во националниот парк. -На таблите е посочено моторно возило кај има право и кај нема право да се движи. Секако во Национален парк има и зони во кои не е дозволено да се движат моторни возила. Од друга страна навиката на Шар Планина била таква што секој одел кај сакал со моторно возило или пак кај можело да оди моторното возило. Сега тоа нема да биде целосно возможно, ние откако ќе бидат ставени овие табли на сите влезови, ако успееме да ставиме на сите влезови, многу влезови има на Шара, од Јажинце па до Дуф има 90 до 100 влеза, изјави директорот Ибрахим Дехари. На новинарско прашање дали ќе се регулира движењето на моторцикли со четири тркала, кои сега масовно се користат а имаат и деструктивно дејство врз природната околина, директорот рече дека со нив ќе се постапува исто како со сите моторни возила. -И тие спаѓаат во категорија моторни возила, се спрема и друга апликација со што моторните возила или пак возила што загадуваат ќе има наплата за тие возила при влез во национален парк. Тие што живеат на подрачјето нема да плаќаат во Националниот парк надомест за загадување. Иако платат ќе се движат само по дозволените патеки низ точно наведени локации, рече Дехари. Од установата потсетуваат дека чуварската служба има ингеренции да изрече мандатна казна за оние посетители кои не се придржуваат кон правилата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-se-ogranichi-dvizheneto-so-motorni-vozila-vo-natsionalen-park-shar-planina-se-podgotvuvaat-informativni-tabli-i-aplikatsija/feed/ 0
Одобрен Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ за 2022-2031 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odobren-planot-za-upravuvane-so-natsionalniot-park-shar-planina-za-2022-2031/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odobren-planot-za-upravuvane-so-natsionalniot-park-shar-planina-za-2022-2031/#respond Wed, 29 Mar 2023 13:53:34 +0000 https://kurir.mk/?p=817773

Донесен и одобрен е Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ за периодот 2022-2031 година, информира денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Планот, како што се наведува, е донесен по долготрајни, но плодотворни консултации на експертско ниво. Според ресорното министерство, во овој транспарентен процес беа вклучени околу 70 експерти, при што учество земаа околу 30 претставници на различни заинтересирани страни. -Планот за управување ќе биде алатка за новото Јавно претпријатие Национален парк „Шар Планина“ за обезбедување на заштитата на биолошката разновидност и зачувување на дивиот свет во паркот, но исто така и за подобрување на благосостојбата на локалното население, преку создавање зелени работни места и подобрување на зелената инфраструктура и услуги. Затоа остануваме посветени на целиот овој процес бидејќи идентификуваните природни и социо-економски вредности нема да значат многу, доколку не знаеме да ги цениме и да обезбедиме одржливо управување, стои во соопштението. Од МЖСПП наведуваат дека по донесувањето и одобрувањето на планот за управување фокусот е одржливо управување на Шар Планина со нејзините бројни еколошки, социјални и културни вредности. - Донесувањето на планот е резултат на успешната соработка помеѓу Регионалната канцеларија за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) на IUCN, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) и Јавната установа Национален парк „Шар Планина“ , се вели во соопштението од МЖСПП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odobren-planot-za-upravuvane-so-natsionalniot-park-shar-planina-za-2022-2031/feed/ 0
На ова место во Македонија има снег од над 30 сантиметри – вистинската зимска идила таму е веќе пристигната со денови (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ova-mesto-vo-makedonija-ima-sneg-od-nad-30-santimetri-vistinskata-zimska-idila-tamu-e-vekje-pristignata-so-denovi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ova-mesto-vo-makedonija-ima-sneg-od-nad-30-santimetri-vistinskata-zimska-idila-tamu-e-vekje-pristignata-so-denovi-foto/#respond Fri, 25 Nov 2022 14:13:06 +0000 https://kurir.mk/?p=766546

Од Националниот парк Шар Планина ги објавија првите фотографии од новата снежна покривка на Шар Планина, на места повеќе од 30 сантиметри. Еве како изгледаат планините покриени со снег во овој дел од земјава, додека го чекаме снегот во недела и на пониските места. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ova-mesto-vo-makedonija-ima-sneg-od-nad-30-santimetri-vistinskata-zimska-idila-tamu-e-vekje-pristignata-so-denovi-foto/feed/ 0
Националниот парк Шар Планина ги доби првите вработувања покрај директорот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacionalniot-park-shar-planina-gi-dobi-prvite-vrabotuvanja-pokraj-direktorot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacionalniot-park-shar-planina-gi-dobi-prvite-vrabotuvanja-pokraj-direktorot/#respond Tue, 15 Nov 2022 11:59:15 +0000 https://kurir.mk/?p=760905

Двајца шумарски инженери се првите вработени покрај директорот кои ќе почнат да работат во Националниот парк Шар Планина. Директорот Ибрахим Дехари информираше дека вчера и денес се завршени процедурите за овие две вработувања, а до крајот на 2022 година ќе треба да се завршат постапките и уште неколку луѓе со цел нормално функционирање на установата Јавно претпријатие Национален парк Шар Планина.

-Од Министерство за финансии одобрени се десет вработувања, покрај овие двајца инженери кои се и раководители на одделение, ќе почнат со работа правник, архивар, вработен за ИТ служба како и четворица ренџери. Колку за почеток тоа е одобрено за 2022 година. За 2023 година очекуваме уште десет други редовно вработени и други и пет со определно време или на договор, тие би биле ренџери. Со тоа би имале 25-30 луѓе со кои ќе бидат исполнети тие елементарни потреби за кадар со цел да може нормално да се функционира, информираше Дехари.

Вработувањето на шумарските инженери ќе реши проблем за мештаните во шарпланиснките села за што МИА веќе информираше. За жителите немаше кој да потпише одобрение за да можат да сечат дрвна маса што се користи за затоплување.  

-Сега веќе функционираме како што треба. Граѓаните почнаа да се обраќаа од вчера кај нас за своите приватни имоти со барањето за да се добие дозвола за сеча на дрва маса за која такса се плаќа од 280 денари по метар кубен, како и дозвола за транспорт на дрвата, информираше Дехари.

ЈУНП Шар Планина свои простории има во објектот на поранешната жичарница во Тетово.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacionalniot-park-shar-planina-gi-dobi-prvite-vrabotuvanja-pokraj-direktorot/feed/ 0