национален парк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 30 Oct 2022 08:10:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png национален парк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нема кој да даде дозвола за сечење дрвна маса во приватни имоти во НП Шар Планина https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nema-koj-da-dade-dozvola-za-sechenje-drvna-masa-vo-privatni-imoti-vo-np-shar-planina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nema-koj-da-dade-dozvola-za-sechenje-drvna-masa-vo-privatni-imoti-vo-np-shar-planina/#respond Sun, 30 Oct 2022 08:10:48 +0000 https://kurir.mk/?p=752548

Луѓето кои живеат во потшарпланинските села алармираат дека прогласувањето на Шар Планина за национален парк било избрзана постапка со оглед на проблемите со кои се соочуваат во секојдневието. Мештаните од селата Јеловјане и Урвич велат дека се меѓу најзасегнатите затоа што не можат да ги користат дрвата од своите приватни имоти, а кои се дел од Националниот парк. Проблемот е во тоа што наместо Национални шуми, сега Националниот парк како установа треба да им дозволи да сечат дрва за огрев, но новата институција нема вработени луѓе за таа намена. Сега, луѓето од овие места пред доаѓањето на зимата немаат обезбедено дрва за затоплување, нешто што го правеле со децении наназад. Џевдет Халими, претседател на месната заедница, вели дека се обиделе да преговараат со двете институции и другите државни органи за некакво преодно решение, но без успех. – Проблемот е што Национален парк, не знам од кои причини, не може да издаде дозвола, луѓето не може да сечат, погранична полиција, шумска полиција, постојано им прави проблеми и не можат да се сечат. Се обративме до директорот, до градоначалникот, не најдовме разбирање. Затоа бараме помош бидејќи имаме стари луѓе, има деца, изнемоштени. Директорот вели нема буквално луѓе за на терен, од кои причини не знам. Мислам дека избрзале со прогласување национален парк, затоа што околу Јеловјане 80 отсто се приватни шуми и имот. Немало со нас никакви консултации од страна на менаџерскиот тим на Националниот парк. Трактори не доѓаат да носат дрва, затоа што нема кој да даде дозвола (извозница) да вози и да пренесе дрва. Се обратив до погранична полиција. Ни рекоа без дозвола не смеете, кој ќе преземе таков чекор. Директно мене ми се заканија дека ќе ми поднесат кривична пријава ако ги понесеш луѓето на сеча на шума, вели Халими. Истиот проблем е во Ново Село, Урвич, Раковец, Новаке, сите села од општината Боговиње кои гравитираат околу Националниот парк. – Како ќе го решиме проблемот, не знам. Затоа упатувам молба до Владата, до премиерот Димитар Ковачевски, да дојдат да нè посетат, да им укажеме кој какви проблеми имаме. Не знам како ќе тераме зимава, ова е Шара, утре може да заврне снег, може да има две метра снег. Без дрва, луѓето не можат да преживеат, се затоплуваат. Луѓето кои овде седат се или пензионери или социјални случаи, немаат секој 100 евра да дадат за платен кубик дрва, а имаат свои дрва, свои плацеви во шумите од дедо, од прадедо, истакнува Халими. Сафет Фетаи од Урвич се соочил и со бизарна ситуација. Додека летово бил на привремена работа во странство неговите дрва ги нашол исечени од дрвокрадци. Сега, вели, не му дозволуваат ни остатоците да ги собере. – Во моја шума лично не ми дозволуваат да берам дрва, а други дрвокрадци ми ги имаа исечено дрвата. Лично сопствена моја нива, а не ми даваат документ да ги носам барем тие дрва што останале. Не знам кај да се обратам. Јас пет месеци сум бил на печалба во Турција, сега кога се вратив за зимата, немам дрва огрев, нема како да се снабдам. Некои немаме пари да купиме дрва. Имам површина од 1845 квадратни метри парцела, а околу 15 кубни метри ми се украдени дрва. Нешто има останато, но не ми дозволуваат да ги носам. Не оди тракторист да ги товари. Ми бара извозница. А извозница никој не дава. Бев во шумска полиција, не ми даваат. Велат, снајди се. Кај да се снајдам, прашува Сафет Фетаи. Решението жителите на село Јеловјане го гледаат во тоа да се изнајде институција која ќе дозволи и ќе може да се постапи како што до оваа година се постапувало, ни рече и Месут Фејзуловски. – Шумско да издаде дозволи, ако Националниот парк нема луѓе кои би го сработиле тоа. Би било пожелно шумското претријатие да издаде дозволи како што издаваше до минатата година. Немавме проблеми наназад многу, многу години, вели тој. Директорот на Национален парк Шар Планина, Ибрахим Дехари, знае за проблемот и вели дека во скоро време ќе се надмине. Како установа Националниот парк сè уште нема вработени. За оваа потреба, за да може да им се дозволи на мештаните да си ги користат приватните имоти со шуми и дрва, во постапка е вработувањето шумарски инженер. – Имаме отворено оглас да примиме шумарски инженер, исполнети се сите услови од министерствата, од Финансии и другите ресорни министерства. Огласот е отворен, штом се затвори огласот верувам за една недела тоа ќе биде завршена постапка и ќе имаме лице кое ќе може да ги издава дозволите за сеча на дрвата во шумите, изјави Дехари. Луѓето за да ги користат дрвата од приватните имоти треба да имаат имотен лист на свое име и барањето за користење да го достават до седиштето на Националниот парк во просториите на поранешната жичарница во Тетово. Потребно е да се добие дозвола за сеча на дрва маса за која се плаќа такса од 280 денари по кубен метар, како и дозвола за транспорт на дрвата. – Шумарскиот инженер на самото место треба да излезе со уредите, ќе види каква е состојбата. Ако исполнува услови сопственикот на имотот веднаш добива дозвола за сеча. Кога ќе ги заврши работите/дозволите за сечење, ќе најави потоа за друга дозвола, исто така ние ќе ја дадеме за да ги носи дрвата од местото каде што ќе се сече до местото – адресата до која сака да ги однесе дрвата. Ова важи за сите резиденти што живеат во паркот, но истото важи и за тие што не живеат во самиот парк, а живеат во Тетово, Скопје, каде било, што имаат лични имоти на Шар Планина, истакна Дехари. Ако е поголема површината на шумата, потребно е сопственикот да има елаборат за сеча, процедура која и досега важела, но била спроведена од Национални шуми. Доколку граѓанин има личен имот со дрвна маса во зоната за строга заштита, тогаш јавната установа и државата мора да обезбедат огревно дрво од друго место, а сопственикот да не ја сече шумата. – Пак ќе биде на негово име, а ние ќе му го обезбедиме она што го бара. Пример, ако има 100 кубици, а бара 15 да се сече, ќе му обезбедиме 15 кубни метри дрва маса. Така дрвјата ќе останат во строго заштитено подрачје, објаснува Дехари. Селата Јеловјане, Урвич, Ново Село, Раковец и Новаке се наоѓаат на падините на Шар Планина на околу 1200 метри надморска височина. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nema-koj-da-dade-dozvola-za-sechenje-drvna-masa-vo-privatni-imoti-vo-np-shar-planina/feed/ 0
Започнува еколошката обнова на грчкиот Национален парк Дадиас по катастрофалниот пожар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapochnuva-ekoloshkata-obnova-na-grchkiot-nacionalen-park-dadias-po-katastrofalniot-pozar-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapochnuva-ekoloshkata-obnova-na-grchkiot-nacionalen-park-dadias-po-katastrofalniot-pozar-2/#respond Wed, 03 Aug 2022 08:10:27 +0000 https://kurir.mk/?p=713300

Мапирање и проценка на промените во екосистемите; ангажирање привремен персонал, орнитолози и шумари; грижа за дивите животни во соработка со надлежните органи и невладини организации; одредување ризик од поплави и мерки за заштита доколку е потребно; повторување на пописот на птиците грабливки на пролет; подготовка на долгорочен план за следење на текот на обновата во погодената област, се следните чекори на Министерството за животна средина и енергија на Грција за еколошка обнова на Националниот парк Дадиас по катастрофалниот пожар на крајот од јули, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна на 21 јули и беше изгасен осум дена подоцна, а според првичните научни податоци на Министерството, катастрофалните последици се на површина од 2.209 хектари, односно половина од вкупната зафатена површина (4.540 хектари) од огнената стихија. Министерот за животна средина и енергија на Грција Костас Скрекас рече дека за Владата, „битката за заштита на животната средина е континуирана и се докажува на дело“, а откако пожарот беше ставен под контрола, „веќе започнува обновувањето на шумата во Дадиа“. Заменик- министерот за животна средина и енергетика, Јоргос Амирас, истакна дека за нив „обновата на биолошката разновидност и природниот капитал во шумата Дадиа е врвен приоритет“. – Деловите на Националниот парк погодени од пожарите се разграничени, мапирани и темелно проучени со цел веднаш да се спроведат потребните мерки за обнова, посочи Амирас. Националниот парк Дадиа-Лефкими-Суфли со борови и дабови шуми, што се наоѓа во областа Еврос во североисточниот дел на Грција. е едно од најважните заштитени подрачја на национално, европско и меѓународно ниво и е една од првите области во земјата што е прогласена за заштитена бидејќи таму коегзистираат голем број видови флора и фауна. Дом е на три од вкупно четири европски видови мршојадци и е едно од ретките засолништа за 36 различни видови загрозени грабливци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapochnuva-ekoloshkata-obnova-na-grchkiot-nacionalen-park-dadias-po-katastrofalniot-pozar-2/feed/ 0
Шумскиот пожар на германско-чешката граница се шири, блискиот национален парк е во опасност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shumskiot-pozar-na-germansko-cheshkata-granica-se-shiri-bliskiot-nacionalen-park-e-vo-opasnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shumskiot-pozar-na-germansko-cheshkata-granica-se-shiri-bliskiot-nacionalen-park-e-vo-opasnost/#respond Thu, 28 Jul 2022 09:34:32 +0000 https://kurir.mk/?p=711248

Шумскиот пожар што ја зафати областа од двете страни на границата меѓу Германија и Чешка се шири и се заканува да го уништи познатиот национален парк. Пожарот што избувна за време на викендот и го зафати регионот Чешка – Швајцарија од чешка страна и Националниот парк Саксонска Швајцарија на германска страна беше под контрола, но рано утринава повторно се прошири, јавува ДПА. Неколку стотици пожарникари од двете страни на границата го гаснат огнот, со помош на колеги од Полска и Словачка. Властите ги предупредија туристите да не доаѓаат во областа. Во моментов зафатени се околу 250 хектари шума, а во гаснењето на пожарот помагаат и осум хеликоптери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shumskiot-pozar-na-germansko-cheshkata-granica-se-shiri-bliskiot-nacionalen-park-e-vo-opasnost/feed/ 0
Отворање на првата Виа Ферата во НП „Галичица“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoranje-na-prvata-via-ferata-vo-np-galichica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoranje-na-prvata-via-ferata-vo-np-galichica/#respond Mon, 11 Jul 2022 05:39:09 +0000 https://kurir.mk/?p=703031

Во Националниот парк „Галичица“ денеска ќе биде отворена првата Виа ферата, односно безбедна патека за алпинистичко искачување на карпа со помагала. Името на првата Виа Ферата во Националниот парк „Галичица“ е „Доброја“, локален назив за растението Питома Фоја (Juniperus foedissima), која е особено карактеристична за повисоките делови од Националниот Парк. Името, како што појаснуваат од алпинистичкиот клуб Патагонија доаѓа од еден интересен примерок на ова растение, кое посетителите имаат можност да го видат веднаш покрај самата линија на фератата. Вкупната должина на Фератата изнесува 535м, од кои 145м се искачување на вертикални карпи, соодветно опремени со скалила, а останатиот дел, е пешачење по експониран терен, обезбеден со безбедносна сајла, во континуитет по целата должина. Вертикалните делови се поделени во три сегменти, со должини 40м, 52м и 53м, а меѓу нив има опции за безбедно излегување од фератата и спуштање надолу по лесна пешачка патека. -Најкомплексен и најтежок сегмент е последниот, после кој фератата продолжува по екпониран планински терен во должина од 210м, се до нејзиниот крај, од каде по лесна планинарска патека, се спушта до почетната точка и до излетничкото место Корита. Заинтересираните треба да поседуваат летна планинарска опрема, заштита од сонце и доволни количини на храна и течности за тура со времетраење од околу 4 часа, велат од алпинистичкиот клуб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoranje-na-prvata-via-ferata-vo-np-galichica/feed/ 0
Поставени првите ГПС предаватели на еребици камењарки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postaveni-prvite-gps-predavateli-na-erebici-kamenjarki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postaveni-prvite-gps-predavateli-na-erebici-kamenjarki/#respond Tue, 07 Jun 2022 08:21:05 +0000 https://kurir.mk/?p=687642

На две единки еребици камењарки во националниот парк „Галичица“ поставени им се ГПС предаватели. Акцијата на заловување на птиците ја направил тим научници од Македонското еколошко друштво – МЕД, DOPPS – BirdLife Slovenia и НП „Галичица“. – Статусот на еребиците камењарки на глобално ниво се движи кон засегнат, а кај нас постојат многу малку податоци за нивната екологија и живот. Затоа, истражувањето со помош на телеметрија може да ни обезбеди јасна слика за територијата која ја користат, социјалното однесување на единките, распространувањето, презимувачките локации, како и нивните закани, соопшти МЕД. Целата акција се одвивала во националниот парк „Галичица“ околу локалитетите Велестово, Дава Ливада и цирковите под врвот Магаро. – Имајќи на ум дека ова е ловна птица колку повеќе знаеме за неа толку полесно ќе можеме да направиме добри акциски и мониторинг планови и ефективни конзервациски мерки, се наведува во инфорацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postaveni-prvite-gps-predavateli-na-erebici-kamenjarki/feed/ 0
Шар Планина прогласена за Национален парк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shar-planina-proglasena-za-nacionalen-park/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shar-planina-proglasena-za-nacionalen-park/#respond Thu, 01 Jul 2021 05:10:50 +0000 https://kurir.mk/?p=530198

Пратениците во Собранието вчера со мнозинство од 66 гласа дадоа зелено светло за Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк. Со усвојување на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II, односно за Национален парк, нашата држава го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и прв од прогласувањето на независноста. Земајќи ги предвид специфичните природни убавини, богатиот и ендемичен растителен и животински свет, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики и пејзажните и пределните вредности, Шар Планина ги исполни критериумите да биде прогласена за заштитено подрачје од втора категорија – Национален парк. Историски момент, по шеесет години земјата доби нов Национален парк. Министерството за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, пак, оцени дека со донесувањето на Законот се отвораат нови можности. – Со овој чекор отвараме една нова страница и нови можности, не само за заштита на нашето природно наследство, туку и за одржлив социо-економски развој на подрачјето и на државата, за воспоставување на поширока прекугранична соработка, за користење на нови финансиски можности и за развој на локални брендови и разни форми на туризам и зајакнување на продажната моќ. Им честитам на граѓаните за овој историски успех. Ова е голем чекор со кој обезбедивме големи придобивки за сите нас, но и за генерациите што доаѓаат, наведе министерот Нуредини во писмена изјава. Основната цел на законското решение е обезбедување на заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес. – Зачувување на автентичната состојба на природата преку заштита на природните вредности, создавање поповолни услови за одржување, развој и унапредување на природните вредности, спречување на дејствија со кои посредно или непосредно може да се промени состојбата на природните вредности, одржување и управување на националниот парк, со цел заштита на природата преку заштита на биолошката и пределската разновидност и природното наследство и регулирање на односот на човекот кон природата, заради зачувување на автентичната состојба на националниот парк, се конкретните цели на Законот. Со законот се поставува основата за зачувување, унапредување и одржливо користење на природните богатства за научно истражувачка, културна, воспитно-образовна, туристичко-рекреативна и друга намена. Вкупната површина на Националниот парк Шар Планина изнесува 54 215 хектари, што претставува 13,2 отсто од севкупната територија на Северна Македонија. Во националниот парк Шар Планина се востановуваат следните зони: зона за строга заштита, зона за активно управување, зона за одржливо користење и заштитен појас. Зона за строга заштита претставува дел од Националниот парк Шар Планина со највисок интерес за заштитата, што се карактеризира со изворни, неизменети карактеристики на екосистемите или има сосема мали промени како резултат на традиционални управувачки практики. Вкупната површина на зоната за строга заштита на националниот парк Шар Планина изнесува 17 978 хектари или 33,16 проценти од вкупната површина на паркот. Во зоната за строга заштита забрането e спроведување на активности со кои се загрозува изворноста на природата и нарушува природната рамнотежа. Зоната за активно управување претставува зона од висок интерес за заштита, во која се потребни управувачки интервенции со цел реставрација, ревитализација или рехабилитација на живеалиштата, екосистемите и другите елементи од пределот. Во зоната за активно управување се опфатени најголем дел од значајните шумски екосистеми на Шар Планина, во прв ред зачувани букови шуми, шуми со смрча и ела или мешани шуми од зимзелени и листопадни видови, како и костенови шуми и некои рефугиијални шумски состоини. Зоната за активно управување зафаќа вкупна површина од 22 420 хектари или 41,35 отсто од вкупната површина на паркот. Зоната за одржливо користење претставува значителен дел од заштитеното подрачје која не поседува високи вредности за заштитата, во која се наоѓаат инфраструктурни објекти, објекти на културното наследство, типови на шумски насади коишто не се карактеристични за подрачјето, како и населени места со околното земјоделско земјиште. Зоната за одржливо користење опфаќа површина од 13 677 хектари или 25,23 проценти од вкупната површина на паркот. Заштитниот појас е површина чија улога е да ги заштити зоната за строга заштита, зоната за активно управување и зоната за одржливо користење од заканите што потекнуваат надвор од заштитеното подрачје. Вкупната површина на заштитниот појас на Националнио парк Шар Планина изнесува 140 хектари или 0,26 отсто од вкупната површина на паркот. Во однос на зонирањето, националниот експерт Анела Ставревска Панајотова од Интернационалната унија за заштита на природата нагласи дека биле земени повеќе аспекти за негово воспоставување, меѓу кои Законот за природа, светските стандарди за заштита на природата, карактеристичните пејсажи, живеалиштата и видовите, како и развојот на туризмот. – Во концепирање на зонирањето беше употребен и аспектот на развој на туризмот. Го консултиравме мастер планот за развој на Шапка, како ски-центар. Овој мастер план е изработен пред 10 години. Никогаш не заживеа, затоа што има политички интереси, лични интсереси, се јавуваат разни инвеститори. Не дошло време едноставно да заживее. Она што беше наша задача и како Министерство и како УНЕП да го ставиме во одредени рамки целиот тој развој. Се разбира дека сите сме свесни дека има потреба од развој, меѓутоа тој развој кога се работи за заштитено подрачје, мора да биде контролиран и развиен. Токму затоа одлучивме токму тој развој да го ограничиме во бафер зоната, наведе Ставревска Панајотова. Таа нагласи дека покрај сите други аспекти за поставување на зонирањето на НП Шар Планина, биле консултирани и сите засегнати страни, врз база на кои била донесена одлуката. – Размислувањето е да се подели развојот во одредени фази коишто ќе овозможат непречен развој, меѓутоа да не направиме премногу голем притисок врз природата, истакна Ставревска Панајотова. Со ова, како што нагласи таа, Шар Планина всушност ја затвора сложувалката на заштитени подрачја на Балканот. – Сега поставуваме НП којшто треба да се консолидира и да почне да функционира првите 10 години. Понатаму во иднина верувам дека ваквото зонирање нема да пречи за понатамошен разовој. Историски чекор, не сме имале прогласување на национален парк шеесетина години и на институциите и на нас како експерти, целиот процес ни е нов и се обидуваме најдобро да го направиме и за природата и за локалното население, да го постигнеме тој баланс, рече Ставревска Панајотова. Таа, во однос на проблемите кои постојат во тој регион, како дивата сеча, дивоградбите, дивите депонии и нерегулираните патишта, рече дека самото воспоставување на НП е интегрирано управување со одредено подрачје. – НП ќе има обврска да ги контролира и да ги задолжува сите они субјекти коишто работат на одредена проблематика. Ако развојот на илегалните градби се случува неконтролирано, ќе биде обврска на НП да разговара со Општината, да направи контрола, редовен мониторинг дали навистина тоа е планирано во градежните основи. Во однос на дивата сеча, за жал сите сме свесни дека постои во моментов. На територијата работат две продужници на ЈП Национални шуми, подружниците навистина се трудат да ги регулираат нелегалните активности меѓутоа не е ефектот задоволителен за сите нас и една од задачите на НП ќе биде да се справи со нелегалните активности. Не само со сечата туку и со илегалните активности врз дивиот свет и врз животните, посочи Ставревска Панајотова. Таа наведе дека за жал има многу диви депонии, посочувајќи дека обврска на НП ќе биде и да ги турка институциите коишто ќе работат, Комуналното претпријатие за јавна хигиена, да се санира целиот тој отпад и да се регулира неговото одложување. Нерегулирано одложување на отпад, истакна таа, има во сите села на целата територија, една од основните обврски ќе биде и таа. Фросина Пандурска од НВО „Пријателите на Шара“, наведе дека всушност, основната улога на НП е заштита на природа. – Она што ќе биде најглавен предизвик во иднина е да се искомуницира со тие триесетина села коишто влегуваат во паркот и на жителите да им се предочи дека ограничувања коишто драстично ќе им го променат начинот на живеење ќе нема, меѓутоа ќе треба да се навикнат дека не ќе може секој да гради во секој момент каде што ќе му текне, како што се случува сега, бидејќи на некој начин ова е одговорност и на самите Општини коишто немаат изградено урбанистички планови за руралните средини, истакна таа. Пандурска посочи дека првенствено паркот треба да се грижи за мониторинг и заштита на природните ресурси во подрачјето. – Секако треба да комуницира со локалното население, да постои тело на засегнати страни, за сите чекори што ќе ги преземе паркот. Меѓутоа самиот Национален парк ќе отвори можности да се забрза развојот и да се подобрат животните услови и на општинско ниво, што подразбира комунални услуги, подобрување на патната инфраструктира и така натаму, рече Пандурска. Таа констатираше дека првите неколку години ќе бидат навистина предизвик за да профункционира управата. – Бидејќи првенствено треба да се обележат сите зони, да се објасни на локалното население каде почнува строга заштита, дали смее да се лови некаде, дали смее да се гради, дали смее да се сече дрва, а тоа ќе биде голем предизвик бидејќи тука веќе не зборуваме дали тоа тело управувачко ќе биде составено од 30 или 50 луѓе, туку зборуваме за ниво на свест,а таа свест се гради со години. Луѓето овде се навикнати да си користат дрво за сопствени потребни, некогаш тоа и да не го пријават во шумските подружници. Навикнати се да ловат и при тоа да не полагаат извештај, затоа што сите овие илегални активности ќе бидат предизвик за идната управа, нагласи таа. Имено, со Националниот парк ќе раководи Јавно претпријатие кое ќе работи според планот за управување со НП „Шар Планина“. Симона Митровска (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shar-planina-proglasena-za-nacionalen-park/feed/ 0
Нацрт – план за управување со Националниот парк „Шар Планина“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacrt-plan-za-upravuvanje-so-nacionalniot-park-shar-planina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacrt-plan-za-upravuvanje-so-nacionalniot-park-shar-planina/#respond Thu, 29 Apr 2021 05:37:54 +0000 https://kurir.mk/?p=503535

Во организација на Регионалната канцеларија за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) на IUCN, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) денеска ќе се одржи настан за изработка на Нацрт – планот за управување со Национален парк „Шар Планина“. На настанот најавено е обраќање на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, експертот за координација на проекти, Програмска канцеларија на UNEP, Виена, Искра Стојанова, директорот на Регионалната канцеларија за Источна Европа и Централна Азија на IUCN,Борис Ерг и на клучниот експерт и лидер на тимот Даниел Богнер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacrt-plan-za-upravuvanje-so-nacionalniot-park-shar-planina/feed/ 0
Пратениците во Собранието едногласни – Шар Планина треба да се прогласи за Национален парк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-vo-sobranieto-ednoglasni-shar-planina-treba-da-se-proglasi-za-nacionalen-park/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-vo-sobranieto-ednoglasni-shar-planina-treba-da-se-proglasi-za-nacionalen-park/#respond Thu, 22 Apr 2021 14:21:36 +0000 https://kurir.mk/?p=500857

Собранието го заврши општиот претрес по Предлог-законот дел од Шар Планина да се прогласи за Национален парк, во прво читање, во рамките на 39 седница. Гласањето ќе биде дополнително закажано. Пратениците од опозицијата и од владејачкото мнозинство се согласија дека е потребно да се донесе ваков закон, односно дел од Шар Планина да се прогласи за Национален парк, што поволно ќе влијае на заштита на природата, на биодиверзитетот, развој на туризмот и друго. За пратениците од опозицијата остануваат дилемите како ќе се реши дивата сеча, како ќе се стопира изградбата на мали хидроцентрали, како ќе се финансира Националниот парк. За мнозинството, дилемите кои произлегуваат од законот, ќе се решат амандмански, со цел подобрување на неговиот текст. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Здравко Трајанов истакна дека националните паркови се гордост на една држава, висок еколошки дострел за зачувување на животната средина. Според него, националните паркови се голем туристички потенцијал и овозможуваат промоција на една држава. – Но, мора да ги земеме и некои проблеми предвид, оти ако тие не се решат, ќе се мултиплицираат, а тоа е неконтролирана, енормна нелегална сеча на дрва, константно проширување на урбанистичкиот опфат и градење на нелегални објекти по целиот простор на Шар Планина. Проблем, на кој укажуваат и невладините организации, е и изградбата на мали хидроцентрали на тој простор, што силно ја удира животната средина, рече Трајанов, кој забележа дека не е јасно што ќе се случи со двете подружници на Македонски шуми. Освен тоа, Трајанов нагласи дека е многу важно да се знае како ќе се финансира овој Национален парк. Според него, тој треба да биде самоодржлив. Трајанов апелира во Националниот парк да не бидат вработувани партиски кадри туку стручни лица. Пратеничката од редовите на ДУИ Вјолца Адеми, реплицирајќи му на Трајанов рече дека за дивата сеча има предвидено казни во други закони, како Законот за шуми и Кривичниот законик. – Една од економските придобивките од прогласување на Шар Планина за Национален парк е тоа што ќе се овозможи развој на туризмот и самоодржливост, рече Адеми. Жаклина Лазаревска од СДСМ во репликата истакна дека на седницата се зборува за потребата од донесување ваков закон. – Ако видиме некои недоследности во првото читање на предлог законот, во второто читање ќе реагираме амандмански. На прашањата кои ги поставивте, а кои се легитимни, треба заеднички да одговориме за да го подобриме текстот на овој закон, рече Лазаревска. Пратеникот на Алијансата за Албанците Халил Снопче во својот говор нагласи дека последните години во пораст е дивата сеча, нелегалното ловство е надвор од контрола, а нарушувањето на животната средина на Шар Планина, кулминира со изградба на хидроцентрали. -Фактот дека досега се изградени или се градат или се планираат да се градат околу 70 мали хидроцентрали е најважното прашање и главен предизвик за заштита на Шар Планина, потенцира Снопче. По завршувањето на претресот за Прелог-законот дел од Шар Планина да се прогалси за Национален парк, претседателот на Собранието даде еден час пауза. По паузата пратениците ќе продолжат со работа по точките на дневен ред од 39 седница. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-vo-sobranieto-ednoglasni-shar-planina-treba-da-se-proglasi-za-nacionalen-park/feed/ 0
Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк пред Комисијата за транспорт, врски и екологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-proglasuvanje-na-del-od-shar-planina-za-nacionalen-park-pred-komisijata-za-transport-vrski-i-ekologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-proglasuvanje-na-del-od-shar-planina-za-nacionalen-park-pred-komisijata-za-transport-vrski-i-ekologija/#respond Thu, 15 Apr 2021 05:21:06 +0000 https://kurir.mk/?p=497384

Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска на седница треба да го разгледа Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк. На дневен ред се и предлозите за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации и на Законот за животната средина, како и Предлог годишна програма за работа и развој и Предлог годишен финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-proglasuvanje-na-del-od-shar-planina-za-nacionalen-park-pred-komisijata-za-transport-vrski-i-ekologija/feed/ 0
Шар Планина прогласена за Национален парк, Осоговски планини за заштитено подрачје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shar-planina-proglasena-za-nacionalen-park-osogovski-planini-za-zashtiteno-podrachje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shar-planina-proglasena-za-nacionalen-park-osogovski-planini-za-zashtiteno-podrachje/#respond Wed, 06 May 2020 10:08:09 +0000 https://kurir.mk/?p=342346

Прогласувањето на Шар Планина и Осоговските Планини за заштитени подрачја, не само што ќе ги исполниме националните, стратешките и меѓународни цели за заштита на природата, бенефит ќе има и државата, а особено ќе имаат корист општините кои ќе опфаќаат делови од заштитеното подрачје и локално население. Ова денеска го посочи министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на прес-конференција во Владата. Со финализација на овој процес, додаде тој, ќе се зголемат можностите за прекугранична соработка со соседните земји, особено од аспект на фактот дека Шар Планина ќе стане еден од најголемите национални паркови во Европа, а истовремено, посочи, заштитата на овие подрачја значи напредок и исполнување на обврските кон ЕУ директивите. – Соодветното управување со заштитените подрачја значи користење на огромниот потенцијал за развој на локалната економија. Тоа подразбира заштита и зачувување и одржливо користење на природните вредности, заживување на селата во и околу заштитеното подрачје со развој на еко туризмот, традиционалното земјоделие и овчарството, наведе министерот. Согласно законската процедура за прогласување на заштитените подрачја, Нуредини соопшти дека ќе има јавни дебати базирани од предлозите на локалното населени. По усогласувањето на мислењата и забелешките ќе бидат изготвени конечните предлози за прогласување на овие локации кои повторно ќе бидат доставени до Владата за усвојување. Тој увери дека ќе бидат земени предвид сите барања од засеганатите страни за обезбедување на заштита на природата без нанесување на штети на локалното население и обезбедување на развој на локалитетите според европските стандарди. На вчерашната седница на Владата беа усвоени иницијативите на МЖСПП за заштита на две подрачја во нашата држава – Шар Планина и Осоговските Планини, за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје од категоријата V. Статусот на заштита, како што информира Нуредини, бил утврден од страна на експертски тим кој спровел студија за валоризација на подрачјата и со кои било утврдено дека содржат високо ниво на биолошки и културни вредности за чие зачувување треба да бидат преземени мерки. Прашан за тоа дека постојат студии кои зголемената смртност од Ковид-19 ја поврзуваат со големата загаденост на водухот, како во Ломбардија и Вухан, и што презема Владата за справување со загаденоста бидејќи на есен и зима се предвидува можен втор пик, Нуредини рече дека има меѓународни студии кои укажуваат дека тие што биле изложени на загаденост можно е да имаат поголема смртна стапка. -Ова го знаеме и ние, дека имаме проблем со тоа. Ќе се инвестира многу повеќе во спречувањето на загадувањето на воздухот, да бидеме поефикасни со транспортот. Исто така ќе го поддржиме транспортот и гасификацијата во нашата држава. Со тоа ќе се намали загадувањето на воздухот, нагласи Нуредини. На новинарско прашање дека е уништена инфраструктурата во НП „Шар Планина“, Нуредини рече дека за ова ќе се дебатира со јавноста и со властите. – Во оваа фаза ќе разговараме со локалните власти да ја развиеме инфраструктурата, да ги подигнеме стандардите што ги заслужува еден национален парк. Во исто време ова ќе овозможи и локални и странски инвестиции, доколку ги спремаме европските стандарди што ги заслужува еден национален парк каде што ќе имаме и летен туризам, но и зимски туризам, рече Нуредини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shar-planina-proglasena-za-nacionalen-park-osogovski-planini-za-zashtiteno-podrachje/feed/ 0