Национален совет за безбедност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Aug 2020 06:03:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Национален совет за безбедност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Советот за безбедност на ОН го отфрли барањето на САД за повторно воведување санкции кон Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-za-bezbednost-na-on-go-otfrli-baranjeto-na-sad-za-povtorno-voveduvanje-sankcii-kon-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-za-bezbednost-na-on-go-otfrli-baranjeto-na-sad-za-povtorno-voveduvanje-sankcii-kon-iran/#respond Wed, 26 Aug 2020 06:03:09 +0000 https://kurir.mk/?p=395441

Претседавачот на Советот за безбедност на ООН, амбасадорот на Индонезија во светската организација Дијан Трасјах Џани го отфрли барањето на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за повторно воведување санкции кон Иран, откако беа укинати во 2015 година според нуклеарниот договор. Џани, амбасадор во ООН од Индонезија, која го држи ротирачкото претседателство на СБ овој месец, најави отфрлање на санкциите како одговор на прашањето поставено од Русија и Кина. Тој рече дека нема консензус во Советот за безбедност на ООН кога станува збор за повторно воведување санкции за Техеран. – Јасно ми е дека постои една членка која има одреден став по ова прашање, додека значителен број членки имаат поинакви ставови, рече Џани за време на виртуелниот состанок на Советот за безбедност за Блискиот исток. Како што пренесуваат странските агенции, тоа значи дека Советот за безбедност на ОН, за време на едномесечното претседателство на Индонезија, нема да презема понатамошни активности по барањето на САД за повторно воведување санкции за Иран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-za-bezbednost-na-on-go-otfrli-baranjeto-na-sad-za-povtorno-voveduvanje-sankcii-kon-iran/feed/ 0
Мета го свика Националниот совет за безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-go-svika-nacionalniot-sovet-za-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-go-svika-nacionalniot-sovet-za-bezbednost/#respond Mon, 02 Dec 2019 11:21:53 +0000 https://kurir.mk/?p=272098

Албанскиот претседател Илир Мета денеска одржа едночасовна средба со Националниот совет за безбедност. По средбата тој на Фејсбук напиша дека на состанокот било разговарано за што потесна соработка и координација меѓу сите институции за справување со вонредната состојба како последица од катастрофалниот земјотрес, па се додека не се врати целосната нормалност. -Ние го подржувавме обвинителството да ја придвижи истрагата напред и да ги доведе пред кривична одговорност сите оние кои ќе се потврди дека се одговорни. Да се обезбедат домашните ресурси и меѓународната поддршка потребна за надминување на тешките последици од овој ужасен земјотрес,напиша Мета. На седницата на Националниот совет за безбедност присуствуваше и премиерот Еди Рама, спикерот на парламентот Грамоз Ручи, државната јавна обвинителка Арта Марку,министри, првите луѓе на полицијата, армијата, на Кризниот штаб,како и советниците на претседателот за правни и безбедносни прашања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-go-svika-nacionalniot-sovet-za-bezbednost/feed/ 0