национален – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 Aug 2022 08:09:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png национален – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Започнува еколошката обнова на грчкиот Национален парк Дадиас по катастрофалниот пожар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapochnuva-ekoloshkata-obnova-na-grchkiot-nacionalen-park-dadias-po-katastrofalniot-pozar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapochnuva-ekoloshkata-obnova-na-grchkiot-nacionalen-park-dadias-po-katastrofalniot-pozar/#respond Wed, 03 Aug 2022 08:09:52 +0000 https://kurir.mk/?p=713299

Мапирање и проценка на промените во екосистемите; ангажирање привремен персонал, орнитолози и шумари; грижа за дивите животни во соработка со надлежните органи и невладини организации; одредување ризик од поплави и мерки за заштита доколку е потребно; повторување на пописот на птиците грабливки на пролет; подготовка на долгорочен план за следење на текот на обновата во погодената област, се следните чекори на Министерството за животна средина и енергија на Грција за еколошка обнова на Националниот парк Дадиас по катастрофалниот пожар на крајот од јули, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна на 21 јули и беше изгасен осум дена подоцна, а според првичните научни податоци на Министерството, катастрофалните последици се на површина од 2.209 хектари, односно половина од вкупната зафатена површина (4.540 хектари) од огнената стихија. Министерот за животна средина и енергија на Грција Костас Скрекас рече дека за Владата, „битката за заштита на животната средина е континуирана и се докажува на дело“, а откако пожарот беше ставен под контрола, „веќе започнува обновувањето на шумата во Дадиа“. Заменик- министерот за животна средина и енергетика, Јоргос Амирас, истакна дека за нив „обновата на биолошката разновидност и природниот капитал во шумата Дадиа е врвен приоритет“. – Деловите на Националниот парк погодени од пожарите се разграничени, мапирани и темелно проучени со цел веднаш да се спроведат потребните мерки за обнова, посочи Амирас. Националниот парк Дадиа-Лефкими-Суфли со борови и дабови шуми, што се наоѓа во областа Еврос во североисточниот дел на Грција. е едно од најважните заштитени подрачја на национално, европско и меѓународно ниво и е една од првите области во земјата што е прогласена за заштитена бидејќи таму коегзистираат голем број видови флора и фауна. Дом е на три од вкупно четири европски видови мршојадци и е едно од ретките засолништа за 36 различни видови загрозени грабливци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapochnuva-ekoloshkata-obnova-na-grchkiot-nacionalen-park-dadias-po-katastrofalniot-pozar/feed/ 0
Tензично во Тирана, националниот театар на Албанија заминува во минатото https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tenzichno-vo-tirana-nacionalniot-teatar-na-albanija-zaminuva-vo-minatoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tenzichno-vo-tirana-nacionalniot-teatar-na-albanija-zaminuva-vo-minatoto/#respond Sun, 17 May 2020 09:33:09 +0000 https://kurir.mk/?p=346879

Националниот театар на Албанија, што се смета за еден од најубавите и најзначајни објекти во албанската метропола, заминува во минатото. И покрај противењето на тетарските работници, граѓани, граѓански здруженија, партии, па дури и претседателот Илир Мета, утринава во 4:30 часот градежна механизација почна со уривање на објектот. Веднаш се создаде тензична ситуација што доведе до судир меѓу полицијата и активистите од Алијансата за заштита на тетарот, по што дел од нив биле приведени, а активностите за уривање прекинати. Состојбата во Тирана каде се наоѓа објектот и натаму е тензична. Насобраните граѓани се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон. Целиот комплекс „Национален театар“ опфаќа површина од 13 илјади квадратни метри, а на седум илјади од нив е објектот во кој освен театарот се и библиотеката, центарот на преведувачи, информативниот центар и слично. Тој е дело на италијанскиот архитект Џулио Берте, изграден 1938/39 година по барање на албанското кралско семејство. Одлука за негово уривање ја донесе албанскиот Парламент во септемри 2018 година, со ветување од владата дека ќе изгради нов посовремен објект. По масовните протести и несогласувања владата не успеа да го реализира неговото уривање. Деновиве таа го пренесе во сопстевност на општина Тирана,чиј совет на онлајн седница во четвртокот ја донесе судбоносната одлука за овој објект. Албанскиот претседател Илир Мета до Уставниот суд достави барање за испитување на уставноста на одлуката на владата со која Националниот театар преминува во сопственост на општина Тирана, оценувајќи ја за антиуставна и оти е закана за богаството и јавниот имот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tenzichno-vo-tirana-nacionalniot-teatar-na-albanija-zaminuva-vo-minatoto/feed/ 0