национална безбедност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Feb 2023 19:17:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png национална безбедност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Донев: Бугарија никогаш не била закана за националната безбедност на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-bugarija-nikogash-ne-bila-zakana-za-natsionalnata-bezbednost-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-bugarija-nikogash-ne-bila-zakana-za-natsionalnata-bezbednost-na-makedonija/#respond Mon, 06 Feb 2023 19:17:25 +0000 https://kurir.mk/?p=796955

Бугарија никогаш не била закана за националната безбедност на Република Северна Македонија, изјавил бугарскиот премиер Галаб Донев на брифинг со новинарите за случувањата на бугарско-македонската граница на 4 февруари и зголемената тензија меѓу двете земји во последните недели. Донев, како што пренесуваат бугарските медиуми, потсетил на реакцијата на бугарската држава во 1990-тите кога се распадна Југословенската федерација, а Бугарија прва ја признала Северна Македонија, и прва и обезбедила воена опрема. Тој нема информации оти и некои граѓани на Бугарија се закана за безбедноста на Северна Македонија. Вели дека е „разочаран од реакциите на македонските власти и неусогласеноста меѓу зборовите и делата, кои не соодветствуваат со барањата на Република Северна Македонија за членство во ЕУ“, но смета дека треба да продолжи дијалогот меѓу Софија и Скопје. - Нема да го прекинеме дијалогот со Република Северна Македонија, во кој Бугарија покажа и докажа дека е целосно позитивна. Но, мора да постои взаемен однос, истакнал Донев. Запрашан дали сето она што се случи го смета за провокација, Галаб Донев одговорил: „Да кажеме вака – грешки и слабости при растењето“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-bugarija-nikogash-ne-bila-zakana-za-natsionalnata-bezbednost-na-makedonija/feed/ 0
Пендаровски: Персона-нон-грата не се презема заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-persona-non-grata-ne-se-prezema-zaradi-politichki-izjavi-tuku-koga-ima-inditsii-za-zakana-za-natsionalnata-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-persona-non-grata-ne-se-prezema-zaradi-politichki-izjavi-tuku-koga-ima-inditsii-za-zakana-za-natsionalnata-bezbednost/#respond Fri, 27 Jan 2023 19:26:08 +0000 https://kurir.mk/?p=793034

Претседателот Стево Пендаровски изјави дека персона-нон-грата никаде во светот не се презема заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност. –Сакам да го појаснам она што го кажав на прес-конференцијата по Советот. И гледам дека некои од овие познати експерти, аналитичари, професори, па и политичари кои го разбираат бугарско-македонскиот комплекс што трае децении наназад не ја гледаат таа дикстинција. Јас не барам протерување, не се битни имињата, не барам протерување, и не барам забрана за доаѓање во Македонија на лица кои велат дека ние сме Бугари. Имаат право да го викаат тоа. Ние одиме со тоа да одиме со санкции кон лица кои тврдат дека ние не сме Македонци, тука има многу за санкционирање. Значи ваква мерка персона-нон-грата никаде во светот не се презема заради политичка изјава, вели Пендаровски во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма, додавајќи дека ние сме демократска држава и претендираме да бидеме и до крај вистинска европска демократија. Претседателот нагласува дека „ако е загрозен потенцијално јавниот поредок, јавниот ред и мир, националната безбедност на Македонија или нашата меѓународна позиција, но би апострофирал првите две посебно, во тој случај ние треба да негираме по тие основи“. -Значи повторувам тој тип што го споменувате не ми пречи колку и да вика во центарот на Скопје дека јас не сум Македонец. Само се брука, тоа се политички шарлантани, циркузанти кои кажуваат работи кои целокупната светска наука на прво место, чувствата а македонскиот народ ги демантира. Меѓутоа ако ти велиш јас ќе дојдам со организиран превоз ги повикам сите Бугари во Македонија, надвор од Македонија да доаѓаат илјадници да им покажеме кои се овие кои не знаат кои се, а од друга страна имаш тоа е закана за јавни поредок. И тоа е закана за националната безбедност за Македонија, рече Пендаровски, додавајќи дека во таков момент би реагирал и би препорачал таков сет мерки кон Владата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-persona-non-grata-ne-se-prezema-zaradi-politichki-izjavi-tuku-koga-ima-inditsii-za-zakana-za-natsionalnata-bezbednost/feed/ 0
Историски консултации помеѓу Израел и Германија во областа на националната безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istoriski-konsultacii-pomegju-izrael-i-germanija-vo-oblasta-na-nacionalnata-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istoriski-konsultacii-pomegju-izrael-i-germanija-vo-oblasta-na-nacionalnata-bezbednost/#respond Fri, 02 Sep 2022 19:28:11 +0000 https://kurir.mk/?p=728039

Претставници на националните безбедносни служби на Израел и на Германија денеска првпат се сретнаа во Ерусалим на одржат „историски“ консултации, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Јаир Лапид. На состанокот присуствуваа претставници на германското и израелското Министерство за надворешни работи, советници за национална безбедност, како и генералниот директор на израелското Министерство за одбрана Амир Ешел, директорот на Мосад, директорот на безбедносната служба Шин Бет и нивните германски колеги. – Учесниците разговараа за широк спектар на прашања поврзани со националната безбедност. Претставниците на Израел зборуваа за опасноста што, од гледна точка на Израел, претставува враќање на нуклеарниот договор со Иран. Двете земји се согласија да продолжат да го одржуваат овој дијалог на редовна основа, се наведува во соопштението од кабинетот на Лапид. За новата линија на комуникација се разговараше за време на посетата во март на германскиот канцелар Олаф Шолц на Израел. Целта е „да се воспостави работна рамка за стратешки дијалог меѓу Германија и Израел, што ќе ја подигне соработката меѓу двете земји на повисоко ниво“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istoriski-konsultacii-pomegju-izrael-i-germanija-vo-oblasta-na-nacionalnata-bezbednost/feed/ 0
Оставка на советникот за национална безбедност на Мицотакис https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ostavka-na-sovetnikot-za-nacionalna-bezbednost-na-micotakis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ostavka-na-sovetnikot-za-nacionalna-bezbednost-na-micotakis/#respond Thu, 20 Aug 2020 06:55:04 +0000 https://kurir.mk/?p=392911

Советникот за национална безбедност на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Александрос Диакопулос, си поднесе оставка, поради, како што вели „изјавата што предизвика забуна и создаде проблем за премиерот и Владата“, што во никој случај не било негова намера, јави дописничката на МИА од Атина. Диакопулос во понеделникот, за време на гостувањето во емисија на телевизијата „Open“ рече дека турскиот број „Оруч рејс“, извршил истражувања во Источниот Медитеран, но додавајќи дека „прашањето е сложено“. Оваа изјава беше спротивна од ставот на официјална Атина дека „Оруч рејс“ не започнал истражувања во рамиите на издадената навигациска информација (Navtex), која Грција смета дека е нелегална и опфаќа дел од нејзиниот континентален гребен. Кусо подоцна, советникот за национална безбедност на Мицотакис излезе со писмена изјава во која објасни дека во утринското интервју сакал да каже дека Турција се обидела да изврши, а не дека извршила. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја прифати оставката на неговиот советник за национална безбедност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ostavka-na-sovetnikot-za-nacionalna-bezbednost-na-micotakis/feed/ 0
Си: Пандемијата има големо влијание врз националната безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-pandemijata-ima-golemo-vlijanie-vrz-nacionalnata-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-pandemijata-ima-golemo-vlijanie-vrz-nacionalnata-bezbednost/#respond Tue, 26 May 2020 15:37:07 +0000 https://kurir.mk/?p=350434

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека армијата ќе ја зголеми подготвеноста за вооружена борба и ќе ја подобри способноста за извршување на воените задачи. Тој додаде дека тоа е поради тоа што пандемијата со новиот коронавирус има силно влијание врз националната безбедност. Си истакна и дека вооружените сили треба да истражат нови начини на обука за време на памндемијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-pandemijata-ima-golemo-vlijanie-vrz-nacionalnata-bezbednost/feed/ 0
Втора седница на Советот за национална безбедност на Албанија поради епидемијата со новиот коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vtora-sednica-na-sovetot-za-nacionalna-bezbednost-na-albanija-poradi-epidemijata-so-noviot-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vtora-sednica-na-sovetot-za-nacionalna-bezbednost-na-albanija-poradi-epidemijata-so-noviot-koronavirusot/#respond Wed, 15 Apr 2020 19:58:23 +0000 https://kurir.mk/?p=332879

Советот за национална безбедност на Албанија вечерва преку конференциска врска ја одржа втората седница по појавата на Ковид-19 во земјата. На седницата што ја свика претседателот Илир Мета учествуваа претседателот на Собранието, Грамоз Ручи, премиерот Еди Рама, министрите на значајните ресори, претседателот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, како и повеќе советници на Мета. Главни теми на кои се дискутираше се проценката на тековната состојба со пандемијата, мерките што се преземаат за справување со економските и социјалните последици, текот на воспитно-образовниот процес и стратегијата планирана за крајот на учебната 2019-2020 година, како и предложените измени во Кривичниот законик. Премиерот Рама и министрите информираа за преземените мерки за справување со здравствената и социо-економската криза, како и за понатамошното управување со состојбите. Собранискиот спикер, Ручи ја потенцира заложбата за исполнување на обврските на Собранието во актуелната ситуација. Лидерот на Демократската партија, Баша ги презентираше ставовите и предлозите на опозицијата за надминување на пандемијатас со што можно полесни последици за граѓаните и економијата во земјата. Претседателот Мета ја оцени важноста на зголемувањето на ефикасноста на мерките, преку свесност, транспарентност, сеопфатност и зголемување на духот на соработка, бидејќи „заедничка главна цел е да се заштити здравјето на граѓаните, националната економија и заокружувањето на учебната година“. Првата седница на Националниот совет за безбедност за состојбата предизвика од новиот коронавирус Мета ја одржа на 25 март, откако претходно, истиот ден Владата прогласи вонредна состојба поради „природна катастрофа“ на целата територија на Албанија во период од 30 дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vtora-sednica-na-sovetot-za-nacionalna-bezbednost-na-albanija-poradi-epidemijata-so-noviot-koronavirusot/feed/ 0