национална служба за разузнавање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Dec 2022 16:51:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png национална служба за разузнавање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчкиот Парламент го изгласа новиот закон за Националната служба за разузнавање https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-parlament-go-izglasa-noviot-zakon-za-nacionalnata-sluzba-za-razuznavanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-parlament-go-izglasa-noviot-zakon-za-nacionalnata-sluzba-za-razuznavanje/#respond Fri, 09 Dec 2022 16:51:05 +0000 https://kurir.mk/?p=773325

Со 156 гласа „за“ и 142 „против“, грчкиот Парламент го изгласа новиот закон за легалните следења, работата на Националната служба за разузнавање (ЕИП) и безбедност на комуникациите, јави дописничката на МИА од Атина. Новиот закон не доби поддршка од грчките опозициски партии, а гласањето беше по дводневната расправа и жестоката дискусија во Парламентот, особено меѓу грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас. На средината на ноември грчката Влада го објави новиот предлог- закон за легалните следења и за работата на Националната служба за разузнавање, кој меѓу другото предвидува и забрана за поседување и употреба на нелегални софтвери за прислушување; построги и посложени процедури за одобрување на легално следење на политичари; воведување нови сектори во Националната служба за разузнавање (ЕИП), зајакнување на сајбер безбедноста. Новиот закон, Владата го предложи по скандалот со прислушувањата во земјата, како легалните преку ЕИП, така и оние со софтверот „Предатор“. Со изгласаните одредби употреба на нелегален софтвер одново станува кривично дело, а поседувањето и трговијата стануваат прекршоци за кои е предвидена затворска казна од една до пет години. За забранетите софтвери во Грција, директорот на Националната служба за разузнавање (ЕИП) ќе објави јавна листа која ќе се ажурира секои шест месеци. Лицето кое било законски следено, доколку има основани сомневања, до 2021 година можеше да побара од Службата за обезбедување приватност на комуникациите, информација за прислушувањето, нешто што беше укинато, а со новиот закон одново се дава оваа можност, но три години подоцна, односно лицето, може да биде информирано за легалното прислушување три години откако ќе заврши. Токму оваа одредба предизвика реакции и несогласувања кај опозициските партии. Законот предвидува и промени во работата на Националната служба за разузнавање (ЕИП), меѓу кои и дека директорот, мора да биде или дипломат или пензиониран висок офицер, наспроти досегашните одредби според кои можеше да биде лице од јавниот или приватниот сектор. И со новиот закон, Националната служба за разузнавање (ЕИП) останува во надлежност на премиерот, нешто што беше одлучено во 2019 година, откако Нова демократија дојде на власт во Грција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-parlament-go-izglasa-noviot-zakon-za-nacionalnata-sluzba-za-razuznavanje/feed/ 0
Промени во начинот на работење на Националната служба за разузнавање на Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/promeni-vo-nachinot-na-rabotenje-na-nacionalnata-sluzba-za-razuznavanje-na-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/promeni-vo-nachinot-na-rabotenje-na-nacionalnata-sluzba-za-razuznavanje-na-grcija/#respond Wed, 10 Aug 2022 08:15:07 +0000 https://kurir.mk/?p=716434

Назначување на директорот по мислење дадено од надлежната комисија во Парламентот и законско следње на лица по одобрување и од втор обвинител, се двете промени што ги содржат „итните одредби за зајакнување на интегритетот на работењето на Националната служба за разузнавање на Грција“, вклучени во претседателскиот декрет, јави дописничката на МИА од Атина. Законскиот акт потпишан од претседателката на Грција, а по предлог од Владата доцна синоќа беше објавен во Службен весник на Грција. Предвидува, како и досега, директорот на службата да се именува и разрешува слободно со одлука на надлежниот член на Владата, додека пак со промените, назначувањето „се врши по мислење на надлежната комисија на Собранието, согласно одредбите од деловникот“. Втората промена, односно вториот член во законскиот акт се однесува на одобрувањето за декласификација на комуникациите од Националната разузнавачка служба. По наредба на јавниот обвинител согласно одредбите од постоечкиот закон, „декласифицирање писма и телефонски или други комуникации, како и евидентирање на активноста на лица со специјални технички средства, а особено со аудио и видео уреди надвор од местото на живеење“, се врши откако оваа одредба се доставува на одобрување во рок од 24 часа до втор обвинител. Промените во Националната служба за разузнавање на Грција (ЕИП) ги најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во понеделникот, откако беше откриено дека лидерот на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, три месеци законски бил следен од ЕИП, но според Мицотакис, без да биден информирана Владата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/promeni-vo-nachinot-na-rabotenje-na-nacionalnata-sluzba-za-razuznavanje-na-grcija/feed/ 0