Националната федерација на фармери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Aug 2020 10:10:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Националната федерација на фармери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лозарите имаат најава за драстично намалување на откупната цена на грозјето: Бараат 16 ден по килограм за „смедеревка“ и 17 за „вранец“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lozarite-imaat-najava-za-drastichno-namaluvanje-na-otkupnata-cena-na-grozjeto-baraat-16-den-po-kilogram-za-smederevka-i-17-za-vranec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lozarite-imaat-najava-za-drastichno-namaluvanje-na-otkupnata-cena-na-grozjeto-baraat-16-den-po-kilogram-za-smederevka-i-17-za-vranec/#respond Tue, 25 Aug 2020 10:10:41 +0000 https://kurir.mk/?p=395081

Националната федерација на фармери (НФФ) ги следи состојбите во лозарскиот сектор и она што го согледува како проблем се откупните цени, негативното влијание на климатските промени, како и застарените системи за наводнување на лозовите насади. – Со години наназад „смедеревката“ се откупува за 11 денари по килограм, а „вранецот“ по 13 денари. Оваа година, според најавите од одделни винарии, таа е уште пониска, 4-6 ден по килограм. Ова создаде голем страв и неизвесност кај лозарите. Секоја година преку НФФ одделение за лобирање и застапување правиме пресметка за производната цена на грозјето, која излегува дека е 15 ден по килограм. Оваа година овие статистички податоци се потврдени и од страна на релевантни институции, велат од НФФ. На барање на Националната федерација на фармери од Земјоделскиот институт е доставена пресметаната единечна производна цена на грозјето која изнесува 11 ден по килограм, а производната цена на винското грозјето со амортизација (во амортизација влегува и работниот труд) изнесува 15 ден по килограм. – Со ваквите ниски откупни цени само се уназадува лозарството, кој е еден од значајните сектори во земјоделството, посебно за производство на вино кое е извозно ориентирано и значајно за БДП на државата, потенцира Васка Мојсовска, претседателка на НФФ. Од површините под лозови насади наменети за производство на винско грозје, 70 отсто се обработуваат од страна на индивидуални земјоделски стопанства. – Токму овој податок покажува дека индивидуалните земјоделски стопанства се основа за производство на винското грозје и затоа треба да се работи за нивен развој и економско јакнење. Со години наназад препознатлив е трендот на должење и неисплата на винарии кон лозари. Добро познатиот случај со „Повардарие“ тоа го потврдува, каде што сè уште лозарите ги немаат добиено своите пари за предадено грозје. Најзначајно во целата приказна е тоа што лозарството е повторно неорганизирано, дури стихијно, вели Мојсовска. Од НФФ сметаат дека трудот на земјоделците не е вреднуван, а од друга страна винариите се убедени дека се значајно име на глобалниот пазар и не наоѓаат модалитет како да одговорат на потребите на лозарите со цел сите да го добијат својот дел од колачот. Од Националната федерација на фармери потенцираат дека со години наназад бараат да се создадат вистински партнерски односи помеѓу лозарите и винариите и сметаат дека откупната цена на грозјето треба да изнесува колку 16 ден по килограм за „смедеревка“ и 17 ден по килограм за „вранец“. НФФ бара Инспекторатот за земјоделство да врши зачестени контроли за време на откупот и Министерството за земјоделство и рурален развој да овозможи услови за свикување на потсекторската група за вино и грозје која функционира во рамките на Министерството и согласно Законот за земјоделство и рурален развој ја разгледува состојбата во лозарството и претстојниот откуп на грозјето. Ова барање е доставено до ресорното министерство од страна на НФФ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lozarite-imaat-najava-za-drastichno-namaluvanje-na-otkupnata-cena-na-grozjeto-baraat-16-den-po-kilogram-za-smederevka-i-17-za-vranec/feed/ 0
Земјоделците предлагаат решенија за проблемите со пласманот и штетите од климатските промени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelcite-predlagaat-reshenija-za-problemite-so-plasmanot-i-shtetite-od-klimatskite-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelcite-predlagaat-reshenija-za-problemite-so-plasmanot-i-shtetite-od-klimatskite-promeni/#respond Wed, 13 Jun 2018 10:51:18 +0000 https://kurir.mk/?p=65398

Националната федерација на фармери денеска предложи мерки за надминување на проблемите со пласманот на производите и штетите  од климатските промени. Бара почитување на законските одреди за договорното производство и почести инспекции, како и  поддршка  со мерки за заштита од климатските промени преку Националната програма за рурален развој, како и помош за технологии за постбербени активности, едуцирање на фармерите и нивно огранизирање во задруги. Според Васка Мојсовска, претседател на Националната федерација на  фармери, повисоките проиозводни цени од откупните кај речиси сите производи во изминатиот  период го доведуваат во прашање натамошното производство, а ниската финансиска моќ ги ограничува во инвестициите за заштита од временските непогоди. - Земјоделците имаат проблем со пласманот на речиси сите производи, од почетокот на годината со зелката, потоа со јагнето, сега на ред  е пченицата, ќе следат јаболкото, градинарските култури, кај  сите земјоделски култури. Млекото веќе неколку години се откупува по многу пониска цена за 17- 18 денари. Ситуацијата ни е алармантна. Ако не преземеме подрастични чекори и на размислуваме во иднина  како да го зачуваме нашето земјоделство се плашам дека веќе ќе нема кој да произведува храна, изјави Мојсовска. Стеван Орозовиќ, извршен директор на Националната федерација на фармери, смета дека повеќе од половина од проблемите на земјоделците ќе се решат ако се почитува  Законот за земјоделство и рурален развој кој предвидува договорно производство, со навремено склучување договори во која ситуација фармерите би знале што и колку да произведуваат. - Само на тој начин државата може да ја подобри климата во која опстојуваме. Ние да се бориме на глобалните пазари со производи кои веќе се берзански е многу тешко, но да го заштитиме нашиот земјоделец согласно законот и да му понудиме  дополнителна заштита како Влад, здружение на земјоделци и национална федерација треба да биде наш заеднички интерс за да ги задржиме младите и да опстои руралната средина, изјави Орозовиќ, посочувајќи дека најголем дел од нашето население е работно анагажирано преку земјоделството, кое учествува со 12 проценти во БДП. Од Националната федерација  на фармери укажуваат дека доколку земјоделците од неготинско имале поставени заштитни мрежи ќе се избегнеле штетите од градот кој минатата недела уништи 70 проценти од посевите. Немоќни се, како што велат, да ги набават затоа што заштитна мрежа само хектар ги чини 12.000 евра. - Бараме да се зголемат мерките од државата за заштитните мрежи, осорувачи и сите други заштитни мерки. Предлагаме да се стават во  домашната програма за рурален развој, а не само преку ИПАРД. Така ќе нудиме повисока поддршка бидејќи земјоделците навистина со вакви продажни цени се немоќни да инвестираат  во заштитни мрежи и сите оросочувачи. Кога ќе им се даде повисока поддршка од 50,  70 или 80 проценти тогаш земјоделците ќе почнат повеќе да размислуваат на таа тема и да си ги заштитуваат своите овошни, лозови, поледелски насади и сите други култури, наведе Мојсовска. Проблемите на змејоделците и мерките кои ги предлагаат за нивно надминување ќе бидат предмет на дебата и на Првиот  земјоделски форум на тема „Пазарни можности и климатски промени“, што се одржува денеска во организација на Националаната федерација на фармери. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelcite-predlagaat-reshenija-za-problemite-so-plasmanot-i-shtetite-od-klimatskite-promeni/feed/ 0