национални телевизии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Feb 2020 10:09:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png национални телевизии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Операторите го гасат сигналот, од понеделник ќе нема спорт на ТВ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/operatorite-go-gasat-signalot-od-ponedelnik-kje-nema-sport-na-tv/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/operatorite-go-gasat-signalot-od-ponedelnik-kje-nema-sport-na-tv/#respond Thu, 27 Feb 2020 10:08:39 +0000 https://kurir.mk/?p=309450

Од понеделник на полноќ кабелските оператори во Македонија ќе ги исклучат сите канали од понудата, тоа значи дека нема да гледаме елитен спорт преку Аренаспорт, Спортклуб, Еуроспорт, објави порталот Дриблинг.мк. Дриблинг.мк неофицијално дознава дека сите кабелски оператори во Македонија се договорени, во понеделник на полноќ да го изгаснат сигналот на сите канали кои ги реемитуваат, во понудата остануваат само каналите 1 и 2 на државната МТВ и собранискиот канал. Целиот текст прочитајте го на Дриблинг]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/operatorite-go-gasat-signalot-od-ponedelnik-kje-nema-sport-na-tv/feed/ 0
Љубовта меѓу Владата и телевизиите во криза: И едните и другите кријат зошто се лути https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljubovta-megju-vladata-i-televiziite-vo-kriza-i-ednite-i-drugite-krijat-zoshto-se-luti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljubovta-megju-vladata-i-televiziite-vo-kriza-i-ednite-i-drugite-krijat-zoshto-se-luti/#respond Thu, 23 Jan 2020 17:03:04 +0000 https://kurir.mk/?p=293755

Владата и националните телевизии се во конфликт, но и едните и другите тоа јавно не го признаваат. Вистинската причина за тоа пак, не сакаат да ја споменат, иако им е добро позната. Недоразбирањето излезе на површина, откако завчера националните телевизии ги спуштија камерите од прес- конференцијата на министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Економски Лидер постави прашање до владиниот портпарол, зошто има бојкот од страна на националните телевиии и дали станува збор за неисполнето ветување.  Од добиениот одговор не се споменува ништо конкретно , а можноста беше искористена за да се потсети на тоа што досега Владата го има направено во поглед на спроведените реформи  во однос на медиумите, како на пример, укинувањето на радиодифузната такса ,  надоместок во износ од 0,8% до 1% од Буџетот, за стабилно финансирање на Македонската Радио и Телевизија, Македонската Радио Дифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги АВМУ и друго. За конфликтот, денеска  избегнаа директни одгоори и вицепремиерот Бујар Османи  и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски. Обајцата истакнаа дека се надеваат  на добра соработка со медиумите, особено во овој предизборен период, а доколку има недоразбирање меѓу нив, тоа треба да се реши преку дијалог и консултации. -Официјално, дали постои бојкот не можеме да кажеме, бидејќи нема таква најава, ниту изјава од страна на медиумите. Доколку постојат одредени недоразбирања помеѓу Владата и медиумите треба да си ги решат во дијалог. Ние ниту сме информирани, ниту пак имаме какви било сознанија дека има недоразбирања меѓу Владата и медиумите за да можеме да реагираме, ниту имаме законска надлежност да бидеме посредници во таквите односи, изјави Трајчевски. Според Османи, прашање на медиумите е како ќе известуваат и дали ќе присуствуваат на активностите, но потенцира дека Владата се обидува максимално да биде во коректни односи со медиумите и со регулаторот. -Веројатно ќе има некаква комуникација меѓу институциите во овој дел, меѓутоа не би сакал како претставник на Владата да се мешам во медиумите да дадат од тоа што го правиме ние како активност. Мислам дека е во јавен интерес ова што го правиме, меѓутоа нивно е правото како ќе ги претставуваат тие настани.  Се надеваме на добра соработка, особено во овој предизборен период, кога граѓаните сакаат да ги видат ставовите на сите учесници во овој политички натпревар за да можат да донесат соодветна одлука за наредниот мандат, изјави Османи. Економски лидер неофицијално дознава дека суштината на недоразбирањата лежи во неисполнетото ветување на Владата,  околу носењето на законските измени и регулирање на односите меѓу националните телевизии  и кабелските оператори. Националните телевизии  се чувствуваат разочарани  што измените досега седеле во фиока и сега инсистираат тие да бидат донесени пред распуштањето на Парламентот. Со нив меѓу другото се предвидува  телевизиите да добиваат надоместок за пренесување на нивната програма од страна на кабелските оператори.  Колкав е тој износ се уште не е познато, но очигледно дека се користи и  моментот за остварување на профит.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljubovta-megju-vladata-i-televiziite-vo-kriza-i-ednite-i-drugite-krijat-zoshto-se-luti/feed/ 0
Националните телевизии почнаа бојкот за Владата и министрите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacionalnite-televizii-pochnaa-bojkot-za-vladata-i-ministrite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacionalnite-televizii-pochnaa-bojkot-za-vladata-i-ministrite/#respond Wed, 22 Jan 2020 16:29:36 +0000 https://kurir.mk/?p=293313

Петте национални телевизии (Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат- М) здружени во ММА (Македонска Медиумска Асоцијација) втор ден денеска ги бојкотираат активностите на министрите и на владата. Вчера тие ги спуштија камерите и не ја снимаа прес конференцијата на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Во исто време, во вестите на телевизиите со национална фреквенција, веќе два дена не се емитуваат прес конференции на министрите. Како што дознаваме, ваквиот радикален чекор телевизиите го презеле поради неисполнетите ветувања за помош преку министерството за култура, но и поради лошиот однос на владата и „министерот за пропаганда” Роберт Поповски кон новинарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacionalnite-televizii-pochnaa-bojkot-za-vladata-i-ministrite/feed/ 0