национално ниво – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Jul 2020 12:55:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png национално ниво – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кастекс: Франција нема да воведе карантински мерки на национално ниво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kasteks-francija-nema-da-vovede-karantinski-merki-na-nacionalno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kasteks-francija-nema-da-vovede-karantinski-merki-na-nacionalno-nivo/#respond Thu, 30 Jul 2020 12:55:00 +0000 https://kurir.mk/?p=383799

Владата во Франција ја отфрла можноста за воведување рестриктивни карантински мерки на национално ниво во случај коронавирусот да продолжи да се шири. Францускиот премиер Жан Кастекс изјави дека мора да се избегне целосно затворање на земјата, пренесува Би-Би-Си. Тој оцени дека повторното затворање на државата, по двомесечниот карантин во периодот од март до мај годинава, ќе биде „катастрофално“ на економско и социјално ниво. -Сега знаеме што би значело тоа – таквата мерка спречува да се шири пандемијата, тоа е сигурно, но на економско и социјално ниво, тоа е катастрофа, вклучително и за психолошкото здравје на некои наши сограѓани, рече Кастекс. Тој нагласи дека превенцијата и натаму е приоритет. -Дури и ако бројот на (потврдени) случаи почне да расте, просекот на позитивни тестови и натаму е мал во споредба со соседните земји. И бројот на приеми во болниците е под контрола, рече Кастекс. Француските власти велат дека евентуалните нови рестриктивни мерки за карантин ќе се сведат на локално ниво каде што постојат жаришта. -Ќе се приспособиме, порача Кастекс. Француските здравствени власти предупредија за зголемување на бројот на заразени меѓу младите луѓе. Во Франција вкупниот бројот заразени со вирусот изнесува 185.196, починати се 30.228 лица, а бројот на пациенти на интензивна нега опаѓа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kasteks-francija-nema-da-vovede-karantinski-merki-na-nacionalno-nivo/feed/ 0