Надир Мурсели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Feb 2023 13:24:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Надир Мурсели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тетовски алпинист учествуваше во извлекување 10 годишната Ирмак седум дена по земјотресот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovski-alpinist-uchestvuvashe-vo-izvlekuvane-10-godishnata-irmak-sedum-dena-po-zemjotresot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovski-alpinist-uchestvuvashe-vo-izvlekuvane-10-godishnata-irmak-sedum-dena-po-zemjotresot/#respond Sun, 12 Feb 2023 13:36:42 +0000 https://kurir.mk/?p=799543

Тетовскиот алпинист Надир Мурсели денеска од турскиот град Кахраманмараш ни испрати информација и фотографија за неверојатното спасување на преживеано десетгодишно девојче кое дури седум дена било под урнатитите. Тој сам замина во Турција каде се приклучи на спасувачи од Босна и Херцеговина. Оваа екипа заедно со турскиот тим АФАД успеале да го извадат преживеаното девојче. -Околу 13 часот само што го извадивме девојчето Ирмак, голема радост имавме тука. Откога се слушна глас, три-четири часа работевме за да ја извадиме од урнатините. Големо чудо е како преживеала. Таа беше седум дена под урнатините, а зградата приближно е седум-осум ката, информира 45-годишниот Мурсели од Тетово. Тој од 9 февруари е во подрачјата погодени од земјотресот во Турција, поточно во Кахраманмараш, на југоистокот од земјата. Мурсели сам тргна од Тетово со автобус до Истанбул каде негова внука и зет се ангажирале да продолжи кон градовите погодени од земјотресот. До Адана заминал со авион и потоа со други тимови на спасувачи со автобус од Адана четири часа патувале до Кахраманмараш. Тетовскиот алпинист течно зборува турски јазик, па на екипата од Босна и Херцеговина, освен во пребарувањето урнатини, им помогнал и со преведување.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovski-alpinist-uchestvuvashe-vo-izvlekuvane-10-godishnata-irmak-sedum-dena-po-zemjotresot/feed/ 0
Алпинистите Глигор Делев и Надир Мурсели искачија шест врвови на експедиција во Јужна Америка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alpinistite-gligor-delev-i-nadir-murseli-iskachija-shest-vrvovi-na-ekspeditsija-vo-juzhna-amerika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alpinistite-gligor-delev-i-nadir-murseli-iskachija-shest-vrvovi-na-ekspeditsija-vo-juzhna-amerika/#respond Fri, 03 Feb 2023 07:45:34 +0000 https://kurir.mk/?p=795501

Шест планински врвови повисоки од 3000 метри надморска височина во неколку земји од Јужна Америка од 12 јануари до 1 февруари искачија алпинистите Глигор Делев и Надир Мурсели. Нивната експедиција била насочена кон врвови и вулкани што се наоѓаат на над 3000 метри, а најмногу достигнале до 5700 метри надморска височина (мнв). Во Мексико ги искачиле Круз де Маркес (Cruz de Marques-3937мнв), Пико Дел Агила (Pico del Augila-3880мнв) Невадо де Толука (Nevado de Toluca-4780мнв) и Пико де Орисаба (Pico del Orizaba-5000 мнв). Во Гватемала се искачиле на Ел Акатенанго на 3976 мнв додека се откажале од намерата за искачување во Перу поради политички немири. На крајната дестинација во Боливија се искачиле на Чакалтаја (Chacaltaya-5421 мнв) додека на Хуајна Потоси (Huayna Potosi) стигнале до 5700 метри надморска височина и се откажале поради временските неприлики да стигнат до највисоката точка од 6088 мнв. -Мојот личен мотив беше да се оди во Јужна Америка на што повеќе врвови во различни делови. Исто така мотив ни беше што повеќе да се биде на висина од над 3000 метри надморска височина. Тоа е голем предизвик за планинарите затоа што над 3000 метри се јавува хипоксија (недостиг на кислород н.з) и тоа е една ситуација сосема различна кога сме на нашите планини тука како Титов врв, Љуботен. Да се искачиш на овие високи планина треба прво добро да се аклиматизираш. Константно да се качуваш на тие височини, па да се слезе пониско, да се менува висиочина. Мора да се слуша телото како реагира. На тие планини процентот на кислород е многу помала височина. Пример Тетово е на 460 мнв, па има огромно разлика, изјави Надир Мурсели, алпинист кој живее во Тетово. Дел од врвовите на кои се искачиле претставуваат неактивни вулкани, а забележале и дел од активните вулкани како се активираат. -Се работи за планини кои не се технички тешки туку чисто за искачување на височина. Инаку во екстремниот спорт има луѓе кои на планинини достигнуваат од пет до седум илјади метри надморска височина. Боливија ми остави најголем впечаток, поради спецификата на планините но и животот во таа земја, ни изјави Мурсели. Алпинистот Глигор Делев е вториот Македонец кој се искачил на Монт Еверест во 2007 година. Роден скопјанец (1960), кој живее и работи во Канада како доктор. Надир Мурсели на планините низ светот, највисоко стигнал на Хималаите – на Ајланд Пик на 6200 мнв, а учествувал на ескпедиции на врвовите Денали (Мекинли) и Аконкагва.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alpinistite-gligor-delev-i-nadir-murseli-iskachija-shest-vrvovi-na-ekspeditsija-vo-juzhna-amerika/feed/ 0