надлежни институции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 May 2020 13:16:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png надлежни институции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СКСЗМ апелира надлежните институции да преземат мерки и активности за подобрување на безбедносната состојба во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skszm-apelira-nadleznite-institucii-da-prezemat-merki-i-aktivnosti-za-podobruvanje-na-bezbednosnata-sostojba-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skszm-apelira-nadleznite-institucii-da-prezemat-merki-i-aktivnosti-za-podobruvanje-na-bezbednosnata-sostojba-vo-zemjava/#respond Tue, 19 May 2020 13:16:50 +0000 https://kurir.mk/?p=347858

Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) преку пишано соопштение искажува, како што велат, длабока загриженост за безбедносната состојба во земјата, особено во врска со вооружениот грабеж во Сарај, Скопје, што се случи синоќа, при што ограбеното лице претрпе загуба од два милиона денари. – Имајќи предвид дека сме во период на глобална пандемија на коронавирусот Ковид-19, нагласуваме дека спокојноста и безбедноста на животот на граѓаните, како и одржувањето на јавниот ред и мир, се еден од најосновните и најважни услови кои треба да бидат загарантирани од страна на државата и државните институции, се вели во соопштението од СКСЗМ. Од таа причина, се додава, бараме од институциите надлежни за одржување на редот, соодветно и навремено да преземат чекори кон сузбивање на криминалните случаи, како и на вооружените банди кои оперираат во земјата, работа која ќе придонесе за воспоставување на нормален тек на работите, каде граѓаните ќе се чувствуваат и истовремено ќе бидат побезбедни. Од друга страна бизнис заедницата ќе има можност за тековно и редовно водење на бизнис, oсобено сега во време на пандемијата кога сите бизниси се наоѓаат во незавидна ситуација. – Апелираме до надлежните институции да преземат безбедносни мерки и активности, согласно соодветните оперативни планови за работа, и воедно сакаме да ја искажеме нашата подготвеност да помогнеме во изградба на институционален механизам за превенција и казнување на секаков вид насилство кој го загрозува работењето на нашите членки, порачуваат од СКСЗМ. Нагласуваат дека во интерес на бизнис заедницата се ангажираат кон зајакнување на соработката со државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина. – Како клучно прашање во овој период се наметнува и потребата за бизнисите да имаат доверба и да се обратат до државните институции за помош, посочуваат од СКСЗМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skszm-apelira-nadleznite-institucii-da-prezemat-merki-i-aktivnosti-za-podobruvanje-na-bezbednosnata-sostojba-vo-zemjava/feed/ 0
Мизрахи: Ги охрабрувам сите оние, врз кои им е вршено мобинг на своите работни места да се обратат до МТСП и надлежни институции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-gi-ohrabruvam-site-onie-vrz-koi-im-e-vrsheno-mobing-na-svoite-rabotni-mesta-da-se-obratat-do-mtsp-i-nadlezni-institucii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-gi-ohrabruvam-site-onie-vrz-koi-im-e-vrsheno-mobing-na-svoite-rabotni-mesta-da-se-obratat-do-mtsp-i-nadlezni-institucii/#respond Sun, 12 Jan 2020 10:22:59 +0000 https://kurir.mk/?p=288515

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи ги охрабрува сите оние, врз коишто е вршено мобинг на нивните работни места да се обратат до Министерството за труд и социјална политика и останатите надлежни институции. Овој незјин повик доаѓа следејќи ги написите во медиумите за случаите на мобинг врз работници од страна на градоначалникот на општина Лозово. Во таа насока, Мизрахи се сретна со Снежана Цветковска и Виолета Спасова и заедно со правниот тим ја разгледаа документацијата со цел да се види што содржи таа и при тоа вети дека ќе направи сѐ што е во можност и надлежност на Министерството за труд и социјала. „Запрепастена сум и немам зборови. Ќе направам сѐ што е во моја моќ да им се помогне на овие луѓе, да им излеземе во пресрет. Она што е во надлежност на МТСП ќе им се помогне, но ќе ги насочиме исто така и кон други Министерства каде што сметаме дека ќе им се отворат вратите за помош. Јас лично ќе се консултирам со други министерства за да видиме како да го решиме проблемот”, изјави Мизрахи по средбата. Воедно таа ги охрабрува работниците кои што трпат мобинг на работните места да се обраќаат до надлежните институции и вети дека лично ќе се заложи за овие случаи. „Доста е! Ги охрабрувам сите оние, врз кои им е вршено мобинг на своите работни места да се обратат до Министерството за труд и социјална политика и останатите надлежни институции.Директно ќе се вклучам во случаите и сѐ што е во моја надлежност, ќе се потрудам да помогнам. Таков е и случајот со овие две жени, мајки, сопруги, нечии сестри. Заедно со правниот тим ја разгледавме документацијата и едноставно немам зборови....жално, нехумано и надвор од секаква човечност”, рече министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-gi-ohrabruvam-site-onie-vrz-koi-im-e-vrsheno-mobing-na-svoite-rabotni-mesta-da-se-obratat-do-mtsp-i-nadlezni-institucii/feed/ 0