надоместок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 27 Nov 2022 07:57:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png надоместок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Годините „пречка“ за остварување на правото на надоместок поради попреченост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godinite-prechka-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-nadomestok-poradi-poprechenost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godinite-prechka-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-nadomestok-poradi-poprechenost/#respond Sun, 27 Nov 2022 08:21:16 +0000 https://kurir.mk/?p=767088

Вкупно 23 барања за остварување на правото на надоместок за попреченост биле одбиени во 10 центри за социјална работа во државава поради условот навршени 65 години што го предвидува член 44 став 2 од Законот за социјална заштита. Народниот правобранител го смета ова законско ограничување за дискриминирачко и бара Министерството за труд и социјална политика да преземе мерки. Од МТСП велат дека ќе постапат согласно конечната одлука на Уставниот суд, кој уставноста на овој член ќе ја оценува в среда. Според Законот за социјална заштита, надоместок заради попреченост се обезбедува за поттикнување социјално вклучување и еднакви можности на лице кое е со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице. Надоместок заради попреченост, според член 44 став 2 од овој закон, може да оствари лице со навршени 26 години возраст, најдоцна до 65 годишна возраст, а се користи без оглед на старосната возраст на корисникот. Токму овој став, според Народниот правобранител, е ограничувачки услов за пристап и остварување на правото на надоместок заради попреченост. Оттаму велат дека истиот во себе содржи нееднаквост, односно дискриминирачка одредба кон останатите лица кои го остваруваат ова право. – Попреченоста е состојба со која што определено лице може да се стекне и после 65 години и не смее закон со кој што се утврдува определено право, да ограничи по возраст. Тоа претставува основ за забрана за дискриминација, основ кој што го препознава и Законот за заштита и спречување од дискриминација, меѓутоа и Европскиот суд за човекови права, но и меѓународните конвенции, велат од Народниот правобранител. Нееднаквиот третман при користење на надоместокот поради попреченост, Народниот правобранител го нотира и во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето, почитувањето, унапредувањето и заштита на човековите слободи и права во Репбулика Северна Македонија за 2020 година. – Ако сте постари од 65 години, а сте лице со попреченост, според постојните законски одредби немате право на паричен надоместок поради попреченост, освен ако ова право не го остваривте до 65-тата година. Ваков апсурд утврди Народниот правобранител откако на негова адреса стигна претставка од граѓанин кој поради старосната пречка (бил постар од 65 години) не можел да оствари право за овој вид на паричен надоместок. За надминување на овој проблем со нееднаквиот третман на граѓаните врз основа на годините, Народниот правобранител достави Мислење до Министерството за труд и социјална политика, во кое побара да се процени оваа одредба од Законот за социјална заштита, стои во извештајот. Нивното истражување за согледување на состојбата со остварување на правото на надоместок заради попреченост, открива дека во 10 од 30 центри за социјална работа во земјава во 2020 и 2021 година се одбиени вкупно 23 барања за надоместок поради попреченост токму поради условот навршени 65 години. Според извештајот, дванаесет барања се одбиени во 2020, а 11 во 2021 година. Најмногу одбиени барања има во Центарот за социјална работа во Струмица, вкупно шест, Кичево – 5, Тетово – 3, Кавадарци и Свети Николе по две и Крива Паланка, Штип, Неготино, Делчево и Велес по едно одбиено барање. Иницијативата за измена и дополнување на Законот за социјална заштита, заедно со извештајот, Народниот правобранител ја доставува до Министерството за труд и социјална политика во октомври. Од МТСП за МИА велат дека одговориле на истата. – Во одговорот, Министерството го информира Народниот Правобранител дека до Уставниот суд на Република Северна Македонија е поднесена иницијатива за оцена на уставноста на член 44 став 2 од овој закон, од лицето со иницијали А.Д  од Прилеп и Институтот за човекови права од Скопје. По однос на овие иницијативи, Уставниот суд на Република Северна Македонија донесе Решение за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 44 став 2 во делот: „најдоцна со 65-годишна возраст“ од Законот за социјалната заштита, а до конечното одлучување го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од Законот за социјалната заштита, велат од МТСП. Дополнуваат дека ги известиле центрите за социјална работа за решението на Уставниот суд, да ја имаат предвид изречената мерка за запирање на извршување на поединечните акти и дејствија во постапките што се водат за остварување на надоместок заради попреченост. – Министерството за труд и социјална политика, го извести Народниот Правобранител дека ќе постапи согласно конечната одлука на Уставниот суд на Република Северна Македонија по иницијативата за оцена на уставноста на член 44 став 2 од Законот за социјалната заштита, посочуваат од ресорното Министерство. Од Уставниот суд, пак, за МИА велат дека по ова прашање ќе се одлучува на седницата закажана в среда. Поголемата информираност на граѓаните, клучна за остварување на правото Народниот правобранител укажува на потребата од поголемо информирање на лицата со попреченост за начинот на остварување на правото на надоместок заради попреченост и олеснување на пристапот и остварување на правото на паричен надоместок, со цел социјално вклучување и еднакви можности на лицата со попреченост. – Нашето истражување укажува на потреба од поголема информираност на граѓаните, особено лицата за попреченост, во поглед на тоа кaко се остварува одредено право, да им се излезе во пресрет. Mеѓу другото, тука зборуваме и за малку чувствителна категoрија, имајќи предвид дека се работи за лица со најтешка телесна попреченост, длабока или тешка интелектуална попреченост, потополнo слепи и потполно глуви лица, што значи дека дури и барањата во центрите за социјална работа, според нас, за остварување на ова право треба да бидат прилагодени на јазикот и писмото што овие лица го користат, а не да бидат задолжени секогаш до себе да имаат личен асистент за да можат да поднесат барање, велат оттаму. Контактите со здруженијата на лица со попреченост покажуваат дека тие се разочарани од ваквото законско решение. – Нашите контакти со здруженијата на лица со попреченост кои што се наши партнери, укажуваат на тоа дека тие се разочарани од таквото решение, бараат излез и токму затоа побараа од нас како институција да преземеме мерки, но, не се охрабрени самите да поднесуваат претставки, стравувајќи дека негативно ќе се одрази. Сепак има лица кои што зависат од паричниот надоместок кој што го прифаќаат, велат од Народниот правобранител. Од движењето против хендикеп „Полио плус“ ја поздравуваат иницијативата на Народниот правобранител, меѓутоа, дополнуваат дека покрај возраста, Омбудсманот треба да покрене иницијатива за измена на целата одредба, како и на системот на бенефиции со тоа што ќе се бара проширување на опфатот на лицата со хендикеп и обезбедување на овој додаток од седумгодишна возраст за децата и возрасните со хендикеп, и негово целосно усогласување со одредбите од Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп. – Констатациите дека вака поставената одредба е дискриминирачка е согледана и од страна на Државниот завод за ревизија, каде се посочува „законските измени и ограничување на возраста за остварување на правото за попреченост до 65 години ги ограничува граѓаните да го остварат ова право кога најмногу ќе им биде потребно, односно, кога ќе западнат во подлабока старост и ќе се соочат со влошување на здравствената состојба. Наведеното доведува до намалување на бројот на корисници на додатокот за попреченост“, велат од Полио Плус. Системот што го обезбедува државата, според нив, не само што е ограничувачки по возраст, туку истиот е заснован на медицинскиот пристап, и е ограничувачки во поглед на персоналниот опфат, при што не се опфатени сите лица со хендикеп, што, како што велат, е спротивно на обврските што државата ги има со Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп. – Постоечката одредба за Додаток за попреченост која беше донесена од 2019 година не ги зеде во предвид ни препораките дадени од страна на ООН Комитетот за права на лицата со хендикеп во 2018 година. Имено, во заклучните согледувања од 2018 година, Комитетот ѝ препорачува на државата (став 48): (а) Да го ревидира Законот за социјална заштита со воведување на основот хендикепот со основ за заштита од дискриминација, како и да се направи ревизија на релевантните подзаконски акти и шеми на бенефиции со цел да се гарантира соодветен стандард на живот за лицата со хендикеп, вклучуваќи ги и компензациите во форма на додатоци кои би им овозможиле на лицата со хендикеп да ги покријат трошоците поврзани со нивниот хендикеп; (б) да се укинат одредбите со кои се ограничуваат правата од социјалните бенефиции за лицата со хендикеп врз основа на возраст, како и да обезбеди и алоцира одредени додатоци и надоместоци за децата со хендикеп, образложуваат од Полио плус. Од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност, исто така, ја поддржуваат иницијативата на Народниот правобранител. Според нив, определените права мора да бидат еднакво достапни за сите. – На почетокот, кога беше донесена ова одредба во Законот за социјална заштита (2010 година со примена од јуни 2011 година) немаше лимит старосна граница. Меѓутоа, со донесувањето на новиот закон во 2019 година, беше ставено ова ограничување, со цел, како што велеа претставниците на Министерството, да се воведе ред и да се ограничи правото на остварување на овој надоместок за време на работоспособноста на популацијата. Ние уште тогаш реагиравме дека тоа не е исправно, бидејќи животот и активноста не престанува со одењето на луѓето во пензија, дека не е добро да се става возрасен лимит. Но, доколку веќе мора да се става некоја возрасна граница, тоа да биде најмалку 75 годишна возраст, велат оттаму. МИА упати прашање и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација од каде добивме одговор дека иницијативата на Народниот правобранител за измена и дополнување на Законот за социјална заштита во членот 44 став 2, која се однесува на правото на надоместок поради попреченост, досега не биле разгледувани на седница на Комисијата. – За да може КСЗД да утврди дали во правната регулатива постојат одредби кои би можеле да произведат дискриминаторски дејствија, потребно е формално отпочнување на постапка од страна на КСЗД по службена должност или по барање на заинтересирана страна, за да потоа се донесе Стручно мислење на КСЗД, појаснуваат од Комисијата. Извештајот на Народниот правобранител покажува дека во периодот 2020/21 година, за остварување на правото на надоместок за попреченост по основ на тешка или длабока интелектуална попреченост, најтешка телесна попреченост, потполно слепо и потполно глуво лице, од лица на возраст од 26-65 години се поднесени вкупно 7 293 барања. Притоа од страна на надлежните центри за социјална работа, позитивно е одлучено за 7 142 барања, односно 97, 92 отсто. МИА  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godinite-prechka-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-nadomestok-poradi-poprechenost/feed/ 0
Прво се развеле, а сега на поранешната сопруга и плаќа за тоа што ја чистела куќата: Му ја наплатила секоја измиена чинија! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prvo-se-razvele-a-sega-na-poraneshnata-sopruga-i-plakja-za-toa-shto-ja-chistela-kukjata-mu-ja-naplatila-sekoja-izmiena-chinija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prvo-se-razvele-a-sega-na-poraneshnata-sopruga-i-plakja-za-toa-shto-ja-chistela-kukjata-mu-ja-naplatila-sekoja-izmiena-chinija/#respond Thu, 25 Feb 2021 10:00:29 +0000 https://kurir.mk/?p=473631

Разводот на брачната двојка Чен од Пекинг го привлече вниманието на јавноста откако судот го прифати барањето на дамата сопругот да плати за сè што стори додека тие живееја заедно! Според судските записи, Чен по 5 години брак поднесе барање за развод од сопругата кон крајот на минатата година. Таа првично го одбила барањето за развод, но подоцна се согласила и побарала обештетување. Таа изјавила дека Чен не сторил ништо во куќата, како и дека не се грижел за нивниот син и дека сите домашни работи и одгледувањето на детето „паднале“ на нејзин грб. Како што заврши случајот, Окружниот суд во Пекинг донесе одлука Чен да плати повеќе од 250 евра еднократно издржување на детето во наредниот период и дополнителна пресуда за плаќање на над 6.000 евра (50.000 јуани) на неговата поранешна сопруга за водење домаќинство. Пресудата е донесена според новиот граѓански закон, кој стапи на сила оваа година, и според кој брачниот другар има право да бара надомест на штета за време на развод, доколку има поголема одговорност во воспитувањето деца, грижата за постарите членови на семејството и работењето во домаќинството. Иако многумина ја поздравуваат оваа одлука, се критикува и малиот износ на компензација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prvo-se-razvele-a-sega-na-poraneshnata-sopruga-i-plakja-za-toa-shto-ja-chistela-kukjata-mu-ja-naplatila-sekoja-izmiena-chinija/feed/ 0
Затуроска: На мајките кои се на породилно не им е исплатен надоместок за месец Април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaturoska-na-majkite-koi-se-na-porodilno-ne-im-e-isplaten-nadomestok-za-mesec-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaturoska-na-majkite-koi-se-na-porodilno-ne-im-e-isplaten-nadomestok-za-mesec-april/#respond Wed, 20 May 2020 12:04:08 +0000 https://kurir.mk/?p=348307

Генералниот Секретар на Унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ, Лилјана Затуроска обелодени преку Facebook статус дека на мајките кои се на породилно отсуство се уште не им е исплатен надоместокот за месец Април. Во продолжение ви ја пренесуваме целата објава на Затуроска: Кредитите што ги земаат наменети за ПОТКУП! Мерките во една сериозна криза се креираат како да извршат што помасовен ПОТКУП на гласачи! Власта "БЛЕСКА" со својата "дарежливост", но НАРОДОТ веќе не паѓа на КУПИ-ДЕН-ПРОДАЈ политиката на оваа ненародна, расипничка, платеничка Власт!! Политиката која се заснова на база од ШУПЛИВО во ПРАЗНО се некаде ќе рикне!! Каде е грижата на оваа "Блескава Власт" за младите мајки кои се на породилно отсуство и кои се уште го немаат добиено надоместокот за месец април!? Од пустата алчност како да откупи глас повеќе ги заборави мајките и бебињата или уште поверојатно средствата наменети за нив се злоупотребени можеби за нова нарачка на апетисани, октоподи, патувања, луксузни автомобили или пак за нови РЕКЕТИРАЊА?! Кој знае што уште ќе видиме и чуеме од овие неразбрани трговци?! Мајките и бебињата оставени на немилост од “прекрасните” мерки и политики на Власта!! УЖАС!! Ваквиот начин на водење на политика со умисла: каде ќе можеш да добиеш повеќе: давај, а каде не можеш: земај - е веќе препознатлив бренд на СДСМ!! Ова се вика политичка проституција и затоа додворувањето на СДСМ е однапред предодредено на неуспех токму заради нивната лигавост!! ДНО!! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaturoska-na-majkite-koi-se-na-porodilno-ne-im-e-isplaten-nadomestok-za-mesec-april/feed/ 0
На МТСП му требаа шест часа да одговори: Кој, каде и како може да аплицира за парична помош за второ дете? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-mtsp-mu-trebaa-shest-chasa-da-odgovori-koj-kade-i-kako-moze-da-aplicira-za-parichna-pomosh-za-vtoro-dete/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-mtsp-mu-trebaa-shest-chasa-da-odgovori-koj-kade-i-kako-moze-da-aplicira-za-parichna-pomosh-za-vtoro-dete/#respond Thu, 06 Jun 2019 14:30:10 +0000 https://kurir.mk/?p=206163

Се проширува правото на користење на еднократна парична помош за новороденче и се дава можност на истото и за второродено и за третородено дете. За второродено дете државата еднократно ќе исплаќа по 20.000 денари. Бидејќи ова се единствените информации кои беа истакнати пред јавноста, родителите ваквата најава ја сфатија како прикривање на тоа колку е лоша одлуката за прекин на мерката која важеше за третородено дете. КУРИР, по барање на читателите, побара одговори од МТСП, поставувајќи едноставни прашања на оваа тема. Кој, каде и кога може да аплицира, но и кои документи се потребни. Цели шест часа, службите задолжени за оваа тематика во Министерството не најдоа време на истите да одговорат. Беше потребно буквално инсистирање од КУРИР, вработени во МТСП да си ја сработат работата за која се платени од џебот на граѓаните.  На крај ни испратија одговори кои веќе ги имаат закачено на образецот кој можете да го погледнете и во продолжение. Освен дел од документот, ни испратија 4 реченици кои ги нема во истиот. Повторуваме, 4 реченици за кои им беа потребни 6 часа да ги испратат. Бидејќи ни беше објаснето дека за вакви одговори некогаш е потребно да се чека и многу подолго време, ја користиме оваа прилика да се заблагодариме на брзиот и исцрпен одговор. Информациите кои ги добивме, ви ги пренесуваме во продолжение: -Со спроведување на социјалната реформа, пакетот закони кои ја влучуваат и оваа мерка се веќе стапени на сила. Конкретно, согласно последните законски измени на Законот за заштита на децата, правото на еднократна парична помош за новороденче се обезбедува на семејство како за прво така и за второ новородено дете. Висината на еднократната парична помош за второ новороденче изнесува 20.000 денари и се однесува за сите деца родени од 23.05.2019 година кои ги исполнуваат и другите предвидени услови согласно законот. Ова право се остварува по поднесено барање до Центарот за социјална работа надлежен за подрачјето на кое мајката има живеалиште, односно престојувалиште, се наведува во одговорот на МТСП. Барањето за остварување на правото на еднократна парична помош можете да го превземете ТУКА. Во ова барање е наведено: Документи кои треба да се достават со барањето се: 1.Важечка лична карта на мајката – се доставува на увид за докажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење на мајката од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на Република Македонија до денот на раѓањето на детето. Доколку подносител на барањето е таткото се доставува важечка лична карта од мајката на детето на увид за докажување на постојаното место на живеење на мајката и важечка лична карта на таткото за докажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на Република Македонија до денот на раѓањето на детето и 2.Мајчина книшка на увид за мајката со копија на страници 3, 5 и 7 или потврда од избран лекар-специјалист по гинекологија и акушерство за редот на раѓање на детето/децата. За посвоено дете потврда дека мајката нема прво/второ живородено дете. Во случај кога мајката не е државјанин на Република Македонија, а склучила брак со државјанин на Република  Македонија и има лична карта за странец издадена од Министерство за внатрешни работи, барањето за остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче го поднесува таткото до Центарот за социјална работа надлежен за подрачјето на кое таткото има постојано место на живеење.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-mtsp-mu-trebaa-shest-chasa-da-odgovori-koj-kade-i-kako-moze-da-aplicira-za-parichna-pomosh-za-vtoro-dete/feed/ 0