надвор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Aug 2020 09:31:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png надвор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американските училишта поради епидемијата подготвуваат настава надвор, купуваат и шатори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-uchilishta-poradi-epidemijata-podgotvuvaat-nastava-nadvor-kupuvaat-i-shatori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-uchilishta-poradi-epidemijata-podgotvuvaat-nastava-nadvor-kupuvaat-i-shatori/#respond Tue, 11 Aug 2020 09:31:15 +0000 https://kurir.mk/?p=389159

Многу американски училишни згради лошо се проветруваат што го зголемува ризикот од коронавирус, а учебната година во некои почнува веќе овој месец, пишуваат американските медиуми. После седум години колку што е расипан уредот за централна вентилација во едно средно училиште во Њујорк, каде предава Лиза Фицџералд Оконор, а новата учебна година се приближува во екот на епидемијата, таа и нејзините колеги се закануваат дека нема да дојдат на работа доколку не се поправи. Училиштата ширум САД имаат слични проблеми – стара климатизација и греење, вентилација што не работи добро или воопшто не работи затоа што одржувањето и замената биле одложувани поради малите училишни буџети. Затоа во некои окрузи, дури и во постудените делови на САД, планираат наставата да се изведува надвор поради здравјето на учениците и наставниците. Се проценува дека 41 отсто од училишните области во САД треба да ги модернизираат или заменат системите за греење, вентилација и ладење во најмалку половина од нивните училишта, се вели во сојузен извештај објавен во јуни. – Нема докази дека болеста Ковид-19 може да се шири преку системите за вентилација од една во друга училница, изјави доктор р Едвард Нардел, професор на Медицинскиот факултет на Харвард кој е специјализиран за пренесување на болести преку воздух. Опасноста, според него, е неефикасниот систем за вентилација што не ги отстранува лебдечките вируси, туку тие се задржуваат во училниците ако ги исфрли заразено лице со дишење, кивање или кашлање. – Повеќето училишни згради се проектирани за удобност, а не за борба против зараза. Значи, ако ставите 20 деца во иста просторија, а едно од нив има асимптоматски Ковид и е заразно, постои опасност другите 19 деца да се заразат, рече Нардел. Иако здравите деца речиси секогаш лесно закрепнуваат од Ковид-19, ако воопшто се разболат, тие можат да ја пренесат болеста на наставниците, родителите и другите луѓе. Нардел смета дека училиштата треба да размислат да стават ултравиолетова светлина на таваните на училниците, што се користела во 1950-тите и претходно за борба против сипаници, туберкулоза и други заболувања кои се пренесуваат преку воздух, и сè уште се користи во болници и засолништа за бездомници. Вирусите и бактериите се уништуваат со помош на спектарот на УВ светлината кој е безбеден за луѓето. Производителите велат дека овие уреди би чинеле 3.000 долари (2.500 евра) по училница. Некои, вклучително и секретарот за образование, Бетси Девос, велат дека решението може да биде да се предава надвор, што е направено за време на епидемиите на туберкулоза и грип во раните 1900-ти, дури и на студено време. Коронавирусот се шири помалку ефикасно надвор и ќе биде полесно да се организира учениците да седнат на два метра растојание. Неколку училишта во североисточниот дел на САД купиле големи свадбени шатори и планираат да ги користат за часови на отворено до ноември. Едно средно училиште во Бетел, Вермонт, потрошило 50.000 долари (42.000 евра) на шатори и уште 20.000 (17.000 евра) на мобилни тоалети, дополнително опремени за миење раце. Додека некои училишта ги опремија шаторите со грејни тела на пропан, директорот на тоа училиште Овен Бредли рече дека неговите ученици можат да ги издржат очекуваните ноемвриски дневни температури од околу нула Целзиусови степени во шаторите без греење. Бредли рече дека придобивка од тоа ќе биде студентите подобро да ја разберат и повеќе да ја ценат природата. Во училиштата кои оваа есен сепак ќе работат во училници, од учениците ќе се бара или барем „силно ќе се предлага“ да носат маски, но надлежните велат дека е потребно и проветрување. Џенет Робинсон, училишен надзорник во Стратфорд, Конектикат, рече дека некои од 13-те училишта во нејзината област биле изградени пред 80 до 100 години и не можат да се модернизираат за да имаат модерна вентилација. Проблемот е што училниците се градени за 15 ученици, но во нив обично има по 25, со што е невозможно да се одржи пропишаната санитарно растојание, рече таа. – Наивно е кога политичар или кој било ќе рече, „Само донесете ги (учениците) и чувајте ги на растојание од два метри едни од други“, рече таа. Брајан Тот, началник на училишната област Сент Мерис во северна Пенсилванија, рече дека во пет училишта, замената на системот за вентилација би чинела најмалку 600.000 долари (500.000 евра) по училиште. Затоа, кога учебната година ќе почне на 31 август, од учениците во тие училишта ќе се бара секогаш да носат маски, но законот за Пенсилванија ги ослободува децата од ваквите обврски ако родителите не сакаат. – Кога беа изградени училишта, никој не очекуваше дека треба да има најмалку два метра празен простор околу секој ученик во училницата. Напротив, учениците во училниците се напикани како сардини и сега имаме последици, рече Тот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-uchilishta-poradi-epidemijata-podgotvuvaat-nastava-nadvor-kupuvaat-i-shatori/feed/ 0
Силјановска: Македонија повторно ќе биде почитувана земја надвор! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-makedonija-povtorno-kje-bide-pochituvana-zemja-nadvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-makedonija-povtorno-kje-bide-pochituvana-zemja-nadvor/#respond Sun, 05 Jul 2020 15:26:49 +0000 https://kurir.mk/?p=369397

Ручекот го поминав во пријатна атмосфера со доц. д-р Тимчо Муцунски / Timco Mucunski и проф. д-р Vasko Naumovski, поранешен Заменик Претседател на Владата задолжен за европски прашања како и поранешен амбасадор на Македонија во САД и преговарач во спорот за името со нашиот јужен сосед. Од периодот кога Македонија имаше кичма. Сега ем сме со свиткана кичма, ем немаме амбасадор во најмоќната држава во САД. Македонија повторно ќе биде почитувана земја надвор!, пишува во својата Фејсбук објава професорката Гордана Силјановска Дсвкова, носител на листат на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-makedonija-povtorno-kje-bide-pochituvana-zemja-nadvor/feed/ 0
За првпат после шест недели децата во Шпанија излегоа надвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-prvpat-posle-shest-nedeli-decata-vo-shpanija-izlegoa-nadvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-prvpat-posle-shest-nedeli-decata-vo-shpanija-izlegoa-nadvor/#respond Sun, 26 Apr 2020 12:54:03 +0000 https://kurir.mk/?p=337537

Децата во Шпанија денеска излегоа на улица, првпат откако на 14 март беа воведени строги мерки поради пандемијата на коронавирусот. Шпанската Влада минатата недела соопшти дека од денеска децата на возраст до 14 години можат еден час дневно да си играат надвор во придружба на возрасно лице. Не им е дозволено движење подалеку од еден километар од местото на живеење. – Мило ни е што можеме да излеземе затоа што дома стана досадно, иако имаме плеј стејшн и можеме да разговараме со другарите преку видеоповик. Добро е да се излезе надвор и да се вдише свеж воздух затоа што малку ни се здодеа дома, изјави за Си-Ен-Ен 14-годишниот Абел Санчес од Мадрид. Други деца искрено признаа дека не верувале оти ќе им недостасува училиштето, а локалните медиуми јавуваат дека „овој мал дел на нормалност, донел смеа и радост на улиците на шпанските градови“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-prvpat-posle-shest-nedeli-decata-vo-shpanija-izlegoa-nadvor/feed/ 0
Извршен надзор по пријава дека тројца ученици малтретирале цимер во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshen-nadzor-po-prijava-deka-trojca-uchenici-maltretirale-cimer-vo-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshen-nadzor-po-prijava-deka-trojca-uchenici-maltretirale-cimer-vo-kavadarci/#respond Tue, 26 Nov 2019 09:39:24 +0000 https://kurir.mk/?p=269224

Просветна инспекција извршила надзор по пријавата дека тројца ученици малтретирале цимер во ученичкиот дом во Кавадарци,  потврдуваат за МИА од Државниот просветен инспекторат. – Извршен е инспекциски надзор во ДУД „Крсте Петков Мисирков“ Кавадарци и составен е записник. Утврдено е дека постоел одреден инцидент и врз основа на наводите во записникот му се предлага на одговорното лице во ДУД „Крсте Петков Мисирков“ Кавадарци да преземе соодветни мерки за утврдување на фактичката состојба, стои во писмениот одговор од Државниот просветен инспекторат. Било наложено доколку  се утврди вина, да се преземат соодветни мерки согласно Законот за ученичкиот стандард. -Утврдувањето на фактичката состојба не е во наша надлежност, тоа го врши Министерството за внатрешни работи, додаваат од Инспекторатот. Пред неколку дена, МВР потврди за МИА дека полициски  службеници  привеле еден осумнаесетгодишник и двајца малолетници на возраст од 17 и 16 години, во присуство на нивните родители, поради основано сомнение дека на 13 ноември 2019 околу 22 часот извршиле насилство врз малолетник, кој бил нивни цимер во интернатот. Случајот во Полициската станица Кавадарци   го пријавил таткото  на малолетникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshen-nadzor-po-prijava-deka-trojca-uchenici-maltretirale-cimer-vo-kavadarci/feed/ 0
Поради страв од нов можен земјотрес, жителите на Драч ноќта ќе ја поминат под отворено небо (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-strav-od-nov-mozen-zemjotres-zitelite-na-drach-nokjta-kje-ja-pominat-pod-otvoreno-nebo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-strav-od-nov-mozen-zemjotres-zitelite-na-drach-nokjta-kje-ja-pominat-pod-otvoreno-nebo-foto/#respond Sat, 21 Sep 2019 20:19:30 +0000 https://kurir.mk/?p=243342

На фудбалскиот стадион во Драч, во парковите, пред железничката, во центарот на грдот и уште на неколку други точки граѓанитите на Драч од страв од нов земјотрес ноќта ќе ја поминат под отворено небо. Кај фудбалскиот стадион насобраните граѓани со нивните семејства, каде што има и многу деца бараат да се уклучат светлата и да преноќат таму. И во други албански градови, граѓаните останаа надвор од своите домови. Инаку, како што пренесуваат албанските медиуми, повредени се околу лица, а за среќа жртви нема, причинета е само голема материјална штета. ФОТО; Топ Ченл ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-strav-od-nov-mozen-zemjotres-zitelite-na-drach-nokjta-kje-ja-pominat-pod-otvoreno-nebo-foto/feed/ 0