надворешна политика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Dec 2022 14:51:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png надворешна политика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Советот на ЕУ е „длабоко загрижен“ поради недоследноста на надворешната политика на Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sovetot-na-eu-e-dlaboko-zagrizen-poradi-nedoslednosta-na-nadvoreshnata-politika-na-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sovetot-na-eu-e-dlaboko-zagrizen-poradi-nedoslednosta-na-nadvoreshnata-politika-na-srbija/#respond Tue, 13 Dec 2022 14:51:51 +0000 https://kurir.mk/?p=775064

Советот за општи работи на ЕУ донесе заклучоци за земјите од Западен Балкан, каде што во случајот со Србија е изразена „длабока загриженост“ поради назадувањето на Србија во однос на усогласувањето со европската надворешна политика, јави дописникот на МИА од Белград. -Советот (ЕУ) длабоко жали за назадувањето на Србија во согласност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, особено непочитувањето на санкциите на ЕУ против Русија и Белорусија, како и нејзините надворешнополитички дејствија спротивни на заедничкиот пристап на ЕУ, стои во усвоените заклучоци, објави Радио Слободна Европа. Советот на ЕУ потврдува дека ја земале предвид поддршката на Србија за резолуциите на Генералното собрание на Обединетите нации усвоени како одговор на руската војна против Украина, како и другите релевантни чекори. Со усвоените заклучоци, ЕУ го поздравува фактот што новата влада на Србија ја потврди интеграцијата во ЕУ како своја стратешка цел, но се подвлекува дека се потребни конкретни мерки за докажување на таа посветеност. -Конкретно, во контекст на руската агресивна војна против Украина, Советот очекува Србија да покаже недвосмислена посветеност на ЕУ и да се залага за нашите заеднички принципи и вредности. Советот, исто така, ги повикува српските власти да комуницираат објективно и недвосмислено за ЕУ и активно да се вклучат во спречување и сузбивање на сите форми на дезинформации и странска манипулација со информации во сите медиумски канали, се наведува во усвоените заклучоци. Во нив се бара и Србија да ја исполни својата обврска за почитување на визната политика на ЕУ, особено во однос на трети земји кои претставуваат нерегуларна миграција или безбедносни ризици за ЕУ. Дијалогот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово зазема посебно место во заклучоците за регионот од министерскиот состанок, каде што е изразено очекување од страните да се вклучат во дијалог, со добра волја и во духот на компромисот, со цел да се постигне сеопфатен правно обврзувачки договор во согласност со меѓународното право и правните тековини на ЕУ без понатамошно одлагање. -Овој договор треба да ги реши сите отворени прашања и да придонесе за регионалната стабилност. Ова е клучно за Косово и Србија да напредуваат на нивните европски патишта. Советот го повторува своето силно очекување дека сите претходни договори целосно да се почитуваат и имплементираат без одлагање и страните да се ангажираат конструктивно во решавањето на сите нивни билатерални спорови, се наведува во заклучоците. Се повикуваат двете страни да се воздржат од еднострани и провокативни дејствија кои можат да доведат до тензии и насилство, како и од реторика која не помага во позитивната атмосфера на дијалог. Советот на ЕУ, исто така, ги потсетува двете страни на нивната заедничка одговорност да обезбедат мир и стабилност. Во однос на владеењето на правото, Советот на ЕУ, според заклучоците, го нотира напредокот што го постигна Србија во некои области од владеењето на правото, но и генералниот ограничен напредок и постојаните одложувања во низа други области. Од Србија се бара да покаже политичка волја за дополнително забрзување на реформите и постигнување конкретни и опипливи резултати во основните области. Меѓу приоритетите што Србија треба да ги реши, според министрите одговорни за европски прашања, е исполнувањето на привремените одредници за поглавјата 23 и 24, вклучително и спроведувањето на ревидираните акциски планови за овие поглавја. Посебен став во заклучоците се однесуваат на слободата на изразување во Србија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sovetot-na-eu-e-dlaboko-zagrizen-poradi-nedoslednosta-na-nadvoreshnata-politika-na-srbija/feed/ 0
Стејт департмент: Србија и Косово сами избираат надворешно политички приоритети https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stejt-department-srbija-i-kosovo-sami-izbiraat-nadvoreshno-politichki-prioriteti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stejt-department-srbija-i-kosovo-sami-izbiraat-nadvoreshno-politichki-prioriteti/#respond Fri, 13 May 2022 12:04:18 +0000 https://kurir.mk/?p=676234

Портпаролот на Стејт департментот денеска оцени дека Косово и Србија се суверени земји кои имаат право сами да си ги одредуваат надворешно политичките приоритети, јави дописникот на МИА од Белград. Стејт департментот во кус одговор на прашање на Гласот на Америка, по повод изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека барањето на Приштина за влез во Советот на Европа ги прекршува одредбите од Вашингтонскиот договор, соопшти дека „мораториумот е дизајниран да се прошири просторот за разговор и компромис меѓу Косово и Србија, што веруваме дека е стратешки интерес на двете земји“. Дел од Вашингтонскиот договор беше едногодишен мораториум на Косово да се воздржува од аплицирање за членство во меѓународните организации, а Србија да се воздржува од дипломатска кампања за повлекување на признавањето на независноста на Косово. Мораториумот истече на 4 септември 2021 година. – Сè уште веруваме дека дијалогот за нормализација на односите, под покровителство на Европската унија, е клучен за двете земји да ја отклучат својата европска иднина. Повикуваме на нивно итно, флексибилно и сериозно учество во тој процес, се додава во одговорот на Стејт департментот. Откако косовската министерка Доника Гервала-Шварц поднесе официјално барање за членство на Косово во Советот на Европа, претседателот Вучиќ изјави дека Приштина брутално го погазила Вашингтонскиот договор. Тој за денеска на оваа тема свика седница на Советот за национална безбедност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stejt-department-srbija-i-kosovo-sami-izbiraat-nadvoreshno-politichki-prioriteti/feed/ 0
АНКЕТА: Граѓаните сметаат дека Владата ја води лошо надворешната политика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-gragjanite-smetaat-deka-vladata-ja-vodi-losho-nadvoreshnata-politika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-gragjanite-smetaat-deka-vladata-ja-vodi-losho-nadvoreshnata-politika/#respond Thu, 27 Jun 2019 05:38:43 +0000 https://kurir.mk/?p=212981

Според најновата анкета изработена од М-проспект, а ја пренесува Прес 24 се покажува дека Владата лошо ја води надворешната политика. На прашањето „Одобрување на работата на владата во Надворешна политика“ дури 51 процент од испитаниците одговориле дека не ја одобруваат работата и водењето на надворешната политика, додека 45 проценти ја одобруваат работата. Дури 1,6 проценти од испитаниците се изјасниле дека не знаат, додека не се изјасниле со договор 2,4 проценти од испитаниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-gragjanite-smetaat-deka-vladata-ja-vodi-losho-nadvoreshnata-politika/feed/ 0
Харадинај: Косовската надворешна политика ја води Америка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-kosovskata-nadvoreshna-politika-ja-vodi-amerika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-kosovskata-nadvoreshna-politika-ja-vodi-amerika/#respond Tue, 17 Apr 2018 06:18:21 +0000 https://kurir.mk/?p=41558

Косовскиот прмеиер Рамиш Харадинај изјави дека „Косово нема надворешна политика и дека припаѓа на клубот што го води Америка“. – Ние сме дел од Европа и соработуваме со Брисел и со Берлин. Но, кога во прашање е надворешната политика ние сме дел од клубот што го предводи Америка. Нам тоа ни е проблем да го признаеме, немаме ниту време да се занимаваме со проблемите во светот, изјави Харадинај за Хепи телевизија. Тој вели дека бил дел од косовски тим што го поддржал Бриселскиот договор, но останува на ставот дека ЗСО може да биде формирана само врз основа на косовскиот Устав, пренесе Танјуг. Според него, потребно е да се види „за каква ЗСО станува збор и потоа - кога ќе биде формирана“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-kosovskata-nadvoreshna-politika-ja-vodi-amerika/feed/ 0