надзор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Mar 2023 08:18:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png надзор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Вртоглави суми за надзорот над „Бехтел и Енка“ – 300 илјади евра по преговарач, 20 илјади евра месечно за надзорен инженер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-vrtoglavi-sumi-za-nadzorot-nad-behtel-i-enka-300-iljadi-evra-po-pregovarach-20-iljadi-evra-mesechno-za-nadzoren-inzhener/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-vrtoglavi-sumi-za-nadzorot-nad-behtel-i-enka-300-iljadi-evra-po-pregovarach-20-iljadi-evra-mesechno-za-nadzoren-inzhener/#respond Tue, 14 Mar 2023 08:18:22 +0000 https://kurir.mk/?p=811671

Цените на услугите на надзорот, патем, се пред се за ангжман на домашни експерти. Иако на чело на конзорциумот за надзор на „Бехтел и Енка“ стои „ИРД Инеженеринг” од Италија, чиј претставник и ги потпишуваше договорите со Јавното претпријатие за државни патишта пред камерите, најголем дел од работата, а со тоа и парите, ќе одат преку македонските фирми „Електра солушнс“ и „Евро консалтинг“, објави 360 степени. Минатата недела, на 8 март, Владата го потпиша договорот со „Бехтел и Енка“. За 1,3 милијарди евра, американско-турскиот конзорциум треба да гради делови од коридорите 8 и 10-д. „Развиваме инфраструктура која значи развој на економијата“, изјави тогаш премиерот Ковачевски. Но, за да има договор за потпишување, Владата прво мораше да избере консултант. Првиот обид пропадна бидејќи испадна дека зад водечката фирма во избраниот конзорциум стои руски капитал и тоа блокиран поради санкции. Анализата на договорот што ја направи „360 степени“ покажува дека она што на јавноста ѝ се претставува како надзор од меѓународни експерти, всушност, е само завеса зад која доминантно стојат домашни кадри. Од 81 експерт, само 5 се странци Овие листови се само дел од неколкуте стотици страници од договорот меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот предводен од „ИРД инженеринг“. На тие страници се сите детали за тендерот кој чини 22,3 милиони евра без ДДВ, пари што државата се согласи да ги плати за конзорциумот предводен од италијанската компанија – прво, да договори сума за изградба на автопатите со изведувачот „Бехтел и Енка“, а потоа и да врши надзор над градбата. На тие страници, поединечно, се набројани и имињата на експертите што ќе работат на надзорот, но и колку ќе чини нивната работа. Прва работа што паѓа во очи е дека од 81 име, само 5 се на странци од кои четворица од земји од соседството. Целата објаава на 360 степени прочитајте ја ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-vrtoglavi-sumi-za-nadzorot-nad-behtel-i-enka-300-iljadi-evra-po-pregovarach-20-iljadi-evra-mesechno-za-nadzoren-inzhener/feed/ 0
Се избира надзор за автопатската делница Кичево-Букојчани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-izbira-nadzor-za-avtopatskata-delnitsa-kichevo-bukojchani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-izbira-nadzor-za-avtopatskata-delnitsa-kichevo-bukojchani/#respond Wed, 15 Feb 2023 13:27:32 +0000 https://kurir.mk/?p=800836

Објавен е тендер за надзор за првата фаза од автопатот Кичево – Букојчани на Коридор 8, проект што го реализира Јавното претпријатие за државни патишта со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Рокот за заинтересираните фирми е до 28 месецов. Тендерот се спроведува според правилата на ЕБОР и е објавен на нејзината ECEPP платформа, како и на веб страницата на ЈПДП. Од ЈПДП велат дека проектирањето е во завршна фаза и моментно не се знае точната вредност на целиот проект. Како што изјавија за МИА од ЈПДП, во тек е избор на проектант за допроектирање на четири километри од трасата, откако жителите на село Строгомиште побараа таа да се дислоцира од селото. Делницата на државниот пат А2 од Гостивар до Кичево е проектирана пред повеќе од 50 години и е изградена како единечен коловоз со две сообраќајни ленти во двата правца, а наместа на планинските превои има и трета лента за бавни возила. Поради зголемениот обем на сообраќај и недоволно добрите возно - динамички услови, се планира изградба на делницата на ниво на современо автопатско решение. Според претходните најави на надлежните институции, за изградба на подделницата од Букојчани до Кичево во должина од околу 10,2 километри вкупните проектирани трошоци се 132,7 милиони евра, од кои 110 милиони евра се обезбедени со заем од ЕБОР, а 19,8 милиони евра се инвестициски грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан. На ниво на автопатско решение ќе биде и трасата Гостивар-Букојчани, во должина од 30,1 километар, која е дел од пакетот четири автопатски делници што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка. На 2 февруари годинава во Владата беше потпишан договор со ИРД инженеринг за надзор на изградбата на овие делници, по што стартуваа преговорите со Бехтел и Енка околу стартот, динамиката и останатите активности за проектот, но се уште нема конкретен исход. Во тек се активности за изградба на првите два километра од автопатот Скопје-Блаце и треба да се објави тендер за вториот дел, а од февруари 2014 година се гради автопатот Кичево-Охрид којшто според последните најави треба да биде завршен до крај на годинава.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-izbira-nadzor-za-avtopatskata-delnitsa-kichevo-bukojchani/feed/ 0
Инспекциите влегле во над 1500 објекти, напишани казни во вредност од над 9 милиони денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/inspektsiite-vlegle-vo-nad-1500-objekti-napishani-kazni-vo-vrednost-od-nad-9-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/inspektsiite-vlegle-vo-nad-1500-objekti-napishani-kazni-vo-vrednost-od-nad-9-milioni-denari/#respond Sat, 04 Feb 2023 12:21:51 +0000 https://kurir.mk/?p=796092

Државниот пазарен инспекторат спроведува инспекциски надзори над примена на законите и прописите кои го опфаќаат работењето на правните и физичките лица, но и примената на прописите од областа на забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, и изрекува мерки со цел отстранување на утврдените неправилности и доследно спроведување на законите. Целта на надзорите е подобрување, контрола и зајакнување на веќе постоечкиот економски систем како и одржување функционален пазар насочен кон заштита на правата на трговците и потрошувачите со пласирање на безбедни производи. Во месец јануари 2023 година извршени се повеќе од 1500 надзори на цела територија на Република Северна Македонија. Од спроведените надзори констатирани се прекршоци направени од страна на субјектите за што се издадени прекршочни платни налози во вредност од над 9 милиони денари, односно според ● Закон за трговија издадени се над 30 прекршочни платни налози ● Закон за финансиска дисциплина издадени се над 100 прекшрочни платни налози ● Закон за заштита од пушењето издадени се над 40 прекршочни платни налози ● Закон за заштита на потрошувачите издадени се над 10 прекршочни платни налози ● Закон за вршење угостителска дејност над 20 прекршочни платни налози Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и трговците на мало во делот на почитување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата. Секое отстапување од највисоко утврдената маржа од 5% и 10% во трговијата на мало и трговијата на големо се санкционира. Според оваа Одлука за ограничување на маржата кај основните прехрамбени производи, во месец јануари 2023 година извршени се над 300 инспекциски надзори и не се забележани отстапувања од предвидените ограничувања за маржата. Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарениот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/inspektsiite-vlegle-vo-nad-1500-objekti-napishani-kazni-vo-vrednost-od-nad-9-milioni-denari/feed/ 0
Ќе се избира нов надзор за автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-izbira-nov-nadzor-za-avtopatite-shto-kje-gi-gradi-behtel-i-enka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-izbira-nov-nadzor-za-avtopatite-shto-kje-gi-gradi-behtel-i-enka/#respond Fri, 12 Aug 2022 11:03:12 +0000 https://kurir.mk/?p=717608

Поништен е тендерот за избор на Надзор и правен трансакциски советник за изградба на автопатите што ќе ги гради на Коридор 8 и Коридор 10- Д американско-турскиот конзорцум „Бехтел и Енка“, откако избраниот понудувач на тендерот во предвидениот рок не ја обезбеди банкарската гаранција за навремено и квалитено извршување на договорот. Во тек е рокот за жалби кој трае до 19. месецов, по што Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) веднаш ќе започне со нова постапка за објавување нов тендер. Работите ќе доцнат онолку колку што ќе трае постапката за избор на нов надзор, информираа за МИА од ЈПДП. Од таму го претставуваат целиот тек на постапката и наведуваат дека Јавната набавка за избор на Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10-Д, беше спроведена согласно со Законот за јавни набавки, за што беше објавен тендер, по што следуваше евалуација и избор на најповолна понуда. На 28.12.2021 година, потсетуваат, беше објавен оглас на електронскиот систем за јавни набавки со краен рок на поднесување понуди до 23.3.2022 година во 11 часот, по што Комисијата за јавни набавки одржа јавно отворање на понудите на кое е утврдено дека се поднесени две понуди. По завршувањето на евалуацијата, Комисијата за јавна набавка изготви Извештај од спроведената постапка при што е утврдено дека има една прифатлива понуда и даден е предлог за избор на најповолна понуда каде е наведена понудата на (ЈВ) Понуда од 23.03.2022 година од INSTITUT IGH d.d. акционерско друштво за истражување и развој во градежништво Загреб, ул. Јанка Ракуше бр.1 Загреб со ЕМБС: 3750272 како лидер на група на понудувачи здружен со Друштво за проектирање, надзор и инжинеринг ИНСТИТУТ ЗА ПАТИШТА ДОО Велес, Ул. Населено место без уличен систем бр.1 Долно Оризари Велес со ЕМБС 7483503, што резултираше со Одлука за избор на најповолна понуда заверена под бр.02-423/43 од 17.05.2022 година. По конечноста на Одлуката за избор, информира ЈПДП, се изготви Договор и се потпиша на 19.7.2022 година, но не беше доставена банкарска гаранција за што беше побарано дополнително време за нејзино доставување. Но, и по добиеното пролонгирање на рокот, најповолниот понудувач не го испочитува рокот за достава на банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот за Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d.кој беше до 05.08.2022 година. Со ова беше прекршена Изјавата за сериозност, а потпишаниот договор нема правно дејство и можност за реализација. Имено, иако Договорот е потпишан од двете страни, тој не е стапен во сила од причина што во објавената тендерска документација е наведено дека за оваа постапка е предвидена банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот од 10 проценти од вкупната вредност на договорот со вклучено ДДВ и во Посебните Услови на Договорот е наведено дека основен услов за ефективност на договорот е доставување на банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот. -Оттука, не е доволно избраниот понудувач само да го потпише договорот, туку истовремено треба да достави и Банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот, односно согласно член 116 став 2 од Законот за јавните набавки договорот за јавна набавка се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата. Врз основа на наведеното како и врз основа на член 101 став 6, алинеја 4 од Законот за јавни набавки од причина што избраниот понудувач во предвидениот рок не ја обезбеди Банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот, а истата е предвидена во објавената тендерска документација на 9.8.2022 година, донесена е одлука за поништување на постапката, стои во информацијата од ЈПДП. Како што дополнуваат, во моментов тече рокот на жалба кој е до 19.8.2022 година, по што Јавното претпријатие за државни патишта веднаш ќе започне со нова постапка за објавување на нов тендер, што значи дека работите ќе доцнат онолку колку што ќе трае оваа процедура, односно колку што ќе трае постапката за избор на нов надзор. По објавата на тендерот за избор на Надзор и правен трансакциски консултант што ќе ги води преговорите со американско-турскиот конзорцум „Бехтел и Енка“ заедно со формираниот Комитет за преговори, првичниот старт на градежните работи беше најавен за крајот на првата половина од годинава, а по втората седница на Комитетот на крајот на јуни од Владата објавија информација за старт на работи за овој или наредниот месец. За изградба на трите нови автопати, Владата минатата година потпиша меморандум со „Бехтел и Енка”, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола). Со законското решение се уредува проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридорот 8 и Коридор 10 д, како поединечни проекти за капитални инвестиции од стратешко национално значење за државата. Државната антикорупциска комисија оцени дека со овој закон се ограничува конкуренцијата и можноста од фер натпревар, бидејќи не се предвидува тендерска постапка. Откако Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот, Владата формираше тим за преговори со американско-турскиот конзорциум за изградба на автопатите. Владата на седница на 28 јуни усвои Информација за одржана втора седница на Комитетот за преговори за склучување на Договор за градење на Коридор 8 и Коридорот 10 д на која, како што информираа, е формиран тимот за експропријација предводен од Министерството за финансии и во којшто се вклучени претставници за ефикасно спроведување на овој процес.Согласно со Информацијата Владата го задолжи Јавното претпријатие за државни патишта во рок од 10 дена да формира Проектна единица за спроведување на проектот, којашто е предвидена со Договорот за градба со стратешкиот партнер „Бехтел и Енка“ за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридорот 10д. Почетокот на работите на овие автопатни правци, како што наведоа од Владата во соопштението по седницата, е предвиден за август и септември оваа година.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-izbira-nov-nadzor-za-avtopatite-shto-kje-gi-gradi-behtel-i-enka/feed/ 0
Откако земаа 4 милиони евра тендери, Викторија Аврамовска Мандиќ во надзорниот одбор на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-zemaa-4-milioni-evra-tenderi-viktorija-avramovska-mandikj-vo-nadzorniot-odbor-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-zemaa-4-milioni-evra-tenderi-viktorija-avramovska-mandikj-vo-nadzorniot-odbor-na-sdsm/#respond Sun, 16 May 2021 19:49:59 +0000 https://kurir.mk/?p=511105

За четири години дел од државните институции, министерства, општини и акционерски друштва потрошиле околу 4 милони евра за набавка на опрема, како што се различни униформи, заштитна опрема, против пожарни апрати, и други . Компанијата која ги добила тендерите е Армор Плус во сопстевност на Димитар Петревски, кој всушност е зет на генералната секретака на Град Скопје Викторија Аврамовска Мандиќ. Ова се актуализираше откако ВМРО-ДПМНЕ тврди дека има злоупотреба на Град Скопје затоа што дава тендери на зетот на секретарката на Град Скопје. „„Армор Плус“ ДОО Скопје, не само што земала милионски тендер во Градот Скопје, туку за само 4 години од 2017-та до сега, има заработено рекордни над 4 милиони евра од добиени тендери. Град Скопје, јавните претпријатија, општините низ Македонија каде што СДСМ е на власт, државни институции, министерството за одбрана и многу други и дале бизнис на истата фирма „Армор Плус“ ДОО Скопје во вредност од над 4 милиони евра“, обвинија неодамна од ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-zemaa-4-milioni-evra-tenderi-viktorija-avramovska-mandikj-vo-nadzorniot-odbor-na-sdsm/feed/ 0
Вонредни инспекции надзори за помладите лица кои му подлегнуваат на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredni-inspekcii-nadzori-za-pomladite-lica-koi-mu-podlegnuvaat-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredni-inspekcii-nadzori-za-pomladite-lica-koi-mu-podlegnuvaat-na-kovid-19/#respond Sat, 19 Dec 2020 08:39:42 +0000 https://kurir.mk/?p=445465

Во ковид-статистиката вчера беше регистриран нов случај на починато младо лице. Се работи за 33-годишен пациент од Скопје. За починатите млади лица, ДСЗИ досега иницираше 25 вонредни инспекциски надзори, од кои 11 се во тек. Се очекува ДЗСИ да иницира надзор и за починатиот 33-годишен скопјанец. Тој е еден од 29-те починати кои беа регистрирани во претходното деноноќие од кои 12 се од Скопје, (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64 г.), два од Куманово (63 и 82 г.), тројца од Прилеп (76, 67 и 87 г.), двајца од Тетово (65 и 72 г.), еден пациент од Струга (81г.), двајца од Велес (77 и 80 г.), двајца од Битола (64 и 65 г.), двајца од Гостивар (63 и 74 г.), еден пациент од Валандово (83г.) и двајца од Кичево (78 и 73 г.). Трендот на намалување на новозаразени продолжи и вчера, регистрирани 883 случаи од направени 2827 тестирања. Покрај тоа, беа забележани и 536 оздравени пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 77134, бројката на оздравени е 52949, на починати е 2254. Бројот на активни случаи изнесува 21931 од кои најголем дел се од Скопје (11713). Во останатите градови бројот на активни случаи е следен – Куманово активни 613, Прилеп 868, Тетово 986, Битола 815, Гостивар 717, Струмица 616. Во другите градови има помалку од 500 заразени. Досега во земјата се направени вкупно 376.565 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1271 и има околу 240 празни болнички кревети. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 794 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во Скопје се хоспитализирани 477 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19. Најмногу има на Клиниката за инфективни болести, каде лежат 144 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredni-inspekcii-nadzori-za-pomladite-lica-koi-mu-podlegnuvaat-na-kovid-19/feed/ 0
Вонредни инспекциски надзори за помлади пациенти кои починале од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredni-inspekciski-nadzori-za-pomladi-pacienti-koi-pochinale-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredni-inspekciski-nadzori-za-pomladi-pacienti-koi-pochinale-od-kovid-19/#respond Wed, 25 Nov 2020 13:59:39 +0000 https://kurir.mk/?p=434230

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува девет вонредни инспекциски надзори за пациенти во помлада возраст, кои за жал ја загубија борбата со Ковид-19, информира директорката на инспекторатот, Иринка Сотирова Бухова. Директораката на денешната прес-конференција посочи дека од почетокот на пандемијата до денес ДСЗИ иницираше и заврши 21 вонреден инспекциски надзор. За истите тие имаат поднесено иницирање на вонредни стручни надзори, кои не ги работи ДСЗИ, ги работи Министерството за здравство или лекарската комора. Прашана дали имаат претставки од граѓаните по основ на несоодветно лекување од страна на лекарите, Бухова рече дека последниве неколку дена немаат добиено претставки. -Во последните денови или недели немаме претставки од граѓаните по основ на несоодветно лекување од страна на докторите.Вонредни инспкециски андзори ги правиме по допрен глас, по иницијатива на ДСЗИ, по иницитјаитва на Министерството за здравство, рече Бухова во одговор на прашање. Таа информира дека надзорот во клиничката болница во Битола по однос на акутелната случувања, е сеуште во тек. -Тоа што можам да ви го кажам во однос на капацитетите од утринскиот почеток на надзорот, за истата болница е дека во тријажниот центар за ковид-19 и сите други респираторни инфекции битолската болница располага со 33 кревети од кои сабајле во утринските часови беа пополнети 68. Централен довод за кислород има за 50 кревети, за останатите има две големи и за секој останат по една помала боца, додаде Бухова. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredni-inspekciski-nadzori-za-pomladi-pacienti-koi-pochinale-od-kovid-19/feed/ 0
МЗ: Во тек се надзори за починати пациенти од КОВИД-19 во Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-vo-tek-se-nadzori-za-pochinati-pacienti-od-kovid-19-vo-tetovo-kavadarci-bitola-i-kriva-palanka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-vo-tek-se-nadzori-za-pochinati-pacienti-od-kovid-19-vo-tetovo-kavadarci-bitola-i-kriva-palanka/#respond Tue, 17 Nov 2020 14:10:01 +0000 https://kurir.mk/?p=430759

Последните два месеца од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат до Минитсерството за здравство, по извршен инспекциски надзор и обезбедена докуменатција, иницирани се четири стручни надзори за пациенти починати од КОВИД-19, а во тек се надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка, информираат денеска од Министерството за здравство. – Стручни надзори за пациенти починати од КОВИД-19, за последните два месеца од страна на ДСЗИ до МЗ, по извршен инспекциски надзор и обезбедена докуменатција, иницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен. Во тек се инспекциските надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка, се вели во соопштението од МЗ. Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ќе бидат извршени надзори за уште четири пациенти починати од КОВИД-19. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-vo-tek-se-nadzori-za-pochinati-pacienti-od-kovid-19-vo-tetovo-kavadarci-bitola-i-kriva-palanka/feed/ 0