нафта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Oct 2023 20:46:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нафта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По нападот на Хамас, нагол скок на цената на нафтата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-napadot-na-hamas-nagol-skok-na-tsenata-na-naftata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-napadot-na-hamas-nagol-skok-na-tsenata-na-naftata/#respond Mon, 09 Oct 2023 20:46:26 +0000 https://kurir.mk/?p=887176

Неочекуваниот и силен напад на милитантната организација Хамас врз Израел доведе до силен скок на цената на суровата нафта на светските берзи. Главната референтна цена на Брент порасна за приближно 3,5 долари за барел сурова нафта и се приближува до нивото од 89 долари за барел. Цената се стабилизираше на повисоко ниво, а нејзиниот понатамошен раст ќе зависи од тоа дали ситуацијата ќе ескалира. Израел и палестинските територии не се производители на нафта, но Блискиот Исток сочинува речиси една третина од глобалното снабдување. Доколку очекуваната израелска контраофанзива на Појасот Газа доведе до дипломатска криза, земјите со мнозинско муслиманско население во областа би можеле да побараат повлекување на израелската армија. Пазарите внимателно следат како ќе се развива ситуацијата бидејќи големите производители на нафта како Саудиска Арабија би можеле да го намалат производството на сурова нафта со цел да извршат економски притисок врз земјите кои го поддржуваат Израел и да ја прекинат опсадата на Газа. Во зависност од тоа како земјите производители на нафта ќе реагираат на најавената опсада на Газа, може да настане нова нафтена криза. Уште пред ненадејниот напад на Хамас, многу аналитичари предвидуваа дека до крајот на годината цената на нафтата би можела да порасне до 100 долари за барел, што би ги искомплицирало напорите на САД и ЕУ во борбата против инфлацијата. Намалувањето на производството од Русија и Саудиска Арабија ја турна цената над 97 долари за барел кон крајот на септември, но минатата недела цените паднаа за 11 отсто поради загриженоста во однос на забавување на економиите во Кина, САД и ЕУ. Новата ескалација на палестинско-израелскиот конфликт може да ги поткопа напорите на Израел од една страна и на Саудиска Арабија и другите земји од Персискиот Залив (Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати) од друга страна за нормализирање на дипломатските односи, пишува Индекс. Посредник во тие преговори се САД, а во замена за нормализација на односите со Израел, Саудиска Арабија побара поддршка во развојот на цивилна нуклеарна програма, намалување на ограничувањата за продажба на американско оружје и обезбедување безбедносни гаранции. Во 2020 година, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин го признаа Израел и воспоставија дипломатски односи. Беше потпишан т.н „Абрахамски договор“, со посредство на САД. Обидите за уништување на Израел се историска константа од основањето на таа држава во 1948 година. Всушност, тоа е голем и повеќедецениски арапско-израелски конфликт, кој трае повеќе од 75 години со прекини. Во него, нафтата често се користеше како оружје, со цел да се одвратат САД и земјите од Европа да му помогнат на Израел под закана од намалување на производството на нафта и последователно зголемување на цената на таа енергија. Директната причина за глобалната нафтена криза која започна во 1973 година беше војната меѓу Израел и арапските држави предводени од Египет и Сирија, наречена војна Јом Кипур по еврејскиот празник, кога Египет и Сирија ненадејно го нападнаа Израел. Неколку дена по почетокот на војната, Саудиска Арабија, Иран, Ирак, Кувајт и Катар најавија намалување на производството на сурова нафта, а извозот во САД беше целосно забранет. Производството се намалуваше од месец во месец, до декември 1973 година, на само една четвртина во однос на нивото од септември. Ова доведе до драстично зголемување на цената на нафтата и светска економска криза. До крајот на ембаргото во март 1974 година, цената на суровата нафта се зголеми за четири пати, од 3 на речиси 12 долари за барел. Економиите на САД и земјите од Западна Европа беа многу погодени, но кризата не беше изолирана само на нив, туку се прошири на поголемиот дел од светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-napadot-na-hamas-nagol-skok-na-tsenata-na-naftata/feed/ 0
Светските цени на нафта скокаат поради војната во Израел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/svetskite-tseni-na-nafta-skokaat-poradi-vojnata-vo-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/svetskite-tseni-na-nafta-skokaat-poradi-vojnata-vo-izrael/#respond Mon, 09 Oct 2023 08:32:38 +0000 https://kurir.mk/?p=886780

Цените на суровата нафта скокнале утрово за повеќе од четири долари по барел поради продолжувањето на борбите меѓу палестинската милитантна група Хамас и Израел кои започнале во саботата. Сировата нафта „Брент“ при утринската трговија на азиските пазари се продавала за речиси 88 долари по барел, а американската нафта „WTI“ за 86 долари по барел, што е зголемување од преку три проценти во однос на цената која била актуелна на затворањето на берзата во петокот, пренесува порталот „oilprice.com“. Растот на цените на нафтата уследил по најголемиот напад на Израел во последните неколку години, откако во саботата во раните утрински часови милитантите на Хамас влегле во земјата преку копно, море, па дури и воздух и ги нападнале израелските градови. Цените на нафтата брзо реагирале на влошувањето на безбедноста на Блискиот исток и веројатно и натаму ќе бидат чувствителни на промени. Аналитичарите на банкарската групација „Goldman Sachs“ сметаат дека најновите настани би можеле да ја одложат нормализацијата на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија, пренесува „Bloomberg“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/svetskite-tseni-na-nafta-skokaat-poradi-vojnata-vo-izrael/feed/ 0
Продолжува растот на цената на нафтата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzhuva-rastot-na-tsenata-na-naftata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzhuva-rastot-na-tsenata-na-naftata/#respond Fri, 29 Sep 2023 16:00:41 +0000 https://kurir.mk/?p=883358

На меѓународните берзи денеска цените на нафтата искачија над 96 долари. Растот е поттикнат од индициите за слаба понуда во САД и очекувањата за зголемена побарувачка на гориво во Кина за време на празничната сезона. На берзата во Лондон цената на барел нафта за испорака во ноември се зголеми за 88 центи и изнесуваше 96,26 долари. Додека барел нафта за испорака во декември се тргуваше за 94,07 долари односно за 97 центи повеќе од вчера. На американскиот пазар барелот поскапе за 1,31 долари и се тргува за 93,02 долари. Во меѓувреме, Русија размислува за воведување квоти за извоз на гориво доколку привремената забрана за извоз не го постигне посакуваниот ефект и се намалат цените на домашниот пазар. На Меѓународната берза во Санкт Петербург денеска е забележан мал пад на цените на рускиот бензин и на дизелот. Според прогнозите на економистите, во четвртиот квартал барел нафта ќе се тргува за 89,85 долари, а во 2024 година ќе чини 86,45 долари. До крајот на годината на цените најмногу ќе влијае намалувањето на понудата од Саудиска Арабија и од Русија, но нивниот раст кон 100 долари за барел може да биде забавен од неповолните макроекономски движења, предупредуваат аналитичарите.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzhuva-rastot-na-tsenata-na-naftata/feed/ 0
Саудиска Арабија ќе продолжи да го намалува производството на нафта за да ја поддржи цената https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudiska-arabija-ke-prodolzhi-da-go-namaluva-proizvodstvoto-na-nafta-za-da-ja-poddrzhi-tsenata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudiska-arabija-ke-prodolzhi-da-go-namaluva-proizvodstvoto-na-nafta-za-da-ja-poddrzhi-tsenata/#respond Tue, 05 Sep 2023 18:13:21 +0000 https://kurir.mk/?p=874912

Саудиска Арабија ќе продолжи да го намалува производството на нафта за 1 милион барели дневно од октомври до декември 2023 година, одржувајќи ја својата стратегија за поддршка на цената на нафтата, соопшти денеска нејзиното Министерство за енергетика. Саудиска Арабија, која е првиот светски извозник на нафта, го најави тоа намалување во јуни, по состанокот на групата ОПЕК плус, а од јули го намалува производството. ОПЕК плус ја обединува Организацијата на земјите производители на нафта, на чело со Саудиска Арабија, и придружните сојузници, вклучително и Русија. „Производството на Кралството за октомври, ноември и декември ќе биде околу девет милиони барели нафта дневно“, соопшти Министерството. Од Министерството велат дека оваа стратегија ќе се разгледува месечно и ќе се проценува дали производството дополнително треба да се намалува или зголемува. „Таа политика е наменета за поддршка на стабилноста и рамнотежата на нафтените пазари“, се додава во соопштението. Цените на нафтата се зацврстија во јули, првиот месец кога стапи на сила намалувањето на производството во Саудиска Арабија, и надминаа 80 долари за барел, ниво што им е потребно на Саудијците за да го балансираат буџетот, велат аналитичарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudiska-arabija-ke-prodolzhi-da-go-namaluva-proizvodstvoto-na-nafta-za-da-ja-poddrzhi-tsenata/feed/ 0
Доларот зајакна, цените на нафтата пораснаа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dolarot-zajakna-tsenite-na-naftata-porasnaa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dolarot-zajakna-tsenite-na-naftata-porasnaa/#respond Fri, 01 Sep 2023 06:05:48 +0000 https://kurir.mk/?p=873244

Американската валута зајакна во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 1,0845 долари, додека вчера во ова време беше 1,0920 долари На девизните пазари се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути. Но, таа е на пат кон загуба оваа недела од околу 0,5 проценти. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,58 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,15 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 145,85 на 145,40 јени. Сепак, американската валута зајакна во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 1,0845 долари, додека вчера во ова време беше 1,0920 долари. Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,24 отсто, на 87,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,19 отсто, на 83,80 долари. Азиските берзи благо пораснаа Цените на азиските акции денеска благо пораснаа, најмногу благодарение на новите стимулативни мерки во Кина, но се тргува претпазливо пред извештајот за работните места во САД, што може да влијае на насоката на пазарот. Индексот МСЦИ на азиско-пацифичкиот регион беше околу 7 часа во плус 0,15 проценти. Истовремено, на токиската берза индексот Никеи зајакна за 0,5 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Шангај пораснаа за околу 0,3 отсто. Во Австралија, пак, паднаа за околу 0,2 отсто, додека во Хонг Конг не се работи поради ураганот. Пазарите беа поддржани со нови мерки на кинеските власти за поддршка на пазарот на недвижности и зголемување на потрошувачката. Во неколку големи градови беа намалени каматните стапки на хипотекарните заеми, додека утрово кинеската централна банка ја намали стапката на распределба на девизните резерви на финансиските институции, со цел стабилизирање на јуанот, кој е под притисок со недели. Инвеститорите беа охрабрени и од приватниот извештај, според кој индустриската активност во Кина порасна значително повеќе отколку што очекуваа аналитичарите во август. Вчера, пак, официјалниот извештај на кинеските власти покажа дека производната активност бележи пад петти месец по ред, додека активноста во услужниот сектор забави. Инвеститорите се претпазливи и од фактот дека американскиот извештај за вработеноста и платите за август ќе биде објавен во петок, што би можело да има значително влијание врз насоката на пазарот. Поради ова, тргувањето вчера беше претпазливо и на Волстрит, каде Dow Jones загуби 0,4 отсто, а S&P 500 околу 0,2 отсто. Индексот Nasdaq зајакна, од друга страна, за 0,1 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dolarot-zajakna-tsenite-na-naftata-porasnaa/feed/ 0
Доларот паѓа, цената на нафтата порасна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dolarot-paga-tsenata-na-naftata-porasna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dolarot-paga-tsenata-na-naftata-porasna/#respond Wed, 30 Aug 2023 07:37:19 +0000 https://kurir.mk/?p=872330

На девизните берзи вредноста на доларот паѓа трет ден по ред. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,57 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,85 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна од вчерашните 146,35 на 146,15 јени, пренесуваат регионалните медиуми. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0865 долари, додека вчера во ова време беше 1,0830 долари. Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,39 отсто, на 85,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,44 отсто, на 81,50 долари. Цените на акциите во Азија пораснаа како и на Волстрит претходниот ден, додека доларот ослабна трет ден по ред, бидејќи повеќе инвеститори веруваат дека циклусот на зголемување на каматите во САД е завршен. Претседателот на ФЕД, Џером Пауел неодамна изјави дека инфлацијата е сè уште превисока и дека централната банка е подготвена дополнително да ги зголеми каматните стапки, но инвеститорите се надеваат дека во наредните месеци, инфлацијата ќе попушти доволно за ФЕД да го запре циклусот на зголемување на цената на парите. Се проценува дека има повеќе од 50 проценти шанси ФЕД да не ги промени каматните стапки до ноември. Приносите на американските државни обврзници вчера дополнително паднаа, што е во корист на берзата, стои во написите на медиумите. „Се чини дека се повеќе инвеститори мислат дека циклусот на зголемување на каматите е зад нас, па почнуваат да купуваат акции“, рече Сем Стовал, стратег во CFRA Research.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dolarot-paga-tsenata-na-naftata-porasna/feed/ 0
Раст на цената на нафтата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-tsenata-na-naftata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-tsenata-na-naftata/#respond Fri, 25 Aug 2023 12:58:22 +0000 https://kurir.mk/?p=870881

Цените на нафтата на меѓународните берзи се зголемени за еден отсто, пред обраќањето на директорот на американската Централна банка (ФеД), Џером Пауел, кој може да им даде на инвеститорите индиции за идната насока на каматните стапки. Цената на барел нафта на берзата во Лондон се зголеми за 93 центи и се продаваше за 84,29 долари. Додека на американскиот пазар барелот се продаваше по повисока цена од 87 центи односно за 79,92 долари. Внимателноста на инвеститорите пред говорот на Пауел на симпозиумот во Џексон Хол го подигна доларот на највисоко ниво во изминатите 10 недели, бидејќи пазарите чекаат индиции за тоа колку долго каматните стапки ќе останат покачени. Силниот долар ја поскапува нафтата за имателите на други валути и ја намалува побарувачката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-tsenata-na-naftata/feed/ 0
Дневниот извоз на нафта од Иран надминува 1,4 милиони барели https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dnevniot-izvoz-na-nafta-od-iran-nadminuva-1-4-milioni-bareli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dnevniot-izvoz-na-nafta-od-iran-nadminuva-1-4-milioni-bareli/#respond Mon, 14 Aug 2023 20:02:54 +0000 https://kurir.mk/?p=866752

Директорот на иранската буџетска програма Давут Мензур изјави дека дневниот извоз на иранска нафта надминува 1,4 милиони барели. Според иранската студентска новинска агенција (ИСНА), Мензур ги објави најновите информации за извозот на нафта на состанокот за регулација на буџетот во иранскиот парламент. - Според буџетскиот план за 2023 година, дневната цел на Владата за извоз на нафта беше 1,4 милиони барели. Оваа бројка е веќе надмината, рече Мензур. Иранскиот функционер побара од парламентот на земјата одобрение за дополнителен извоз на нафта. По повлекувањето на тогашниот американски претседател Доналд Трамп од нуклеарниот договор во 2018 година, САД ги зголемија економските санкции кон Иран и ја ограничија продажбата на иранска нафта. Техеран, кој произведуваше 3,8 милиони барели сурова нафта и кондензат дневно во април 2018 година пред САД да го напуштат нуклеарниот договор, извезувал 2,8 милиони барели, според иранското Министерство за нафта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dnevniot-izvoz-na-nafta-od-iran-nadminuva-1-4-milioni-bareli/feed/ 0
Доларот зајакна, цената на нафтата падна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dolarot-zajakna-tsenata-na-naftata-padna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dolarot-zajakna-tsenata-na-naftata-padna/#respond Wed, 19 Jul 2023 07:45:37 +0000 https://kurir.mk/?p=857956

Цените на кинеските акции паднаа денеска трет ден по ред, бидејќи инвеститорите се загрижени за бавниот раст на втората по големина економија во светот, додека другите регионални берзи го следеа растот на Волстрит. Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион беше во минус од 0,3 отсто околу 07:00 часот, слабеејќи трет ден по ред. Во исто време, индексот Никеи порасна за 0,8 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Австралија пораснаа за 0,5 отсто. Во Јужна Кореја, Шангај и Хонг Конг тие паднаа меѓу 0,2 и 1,2 отсто. Кинеските берзи сè уште се под притисок поради неодамна објавените податоци кои покажаа дека економијата на земјата закрепнува од кризата со корона побавно отколку што се надеваа инвеститорите. Ова е последица на слабоста и на домашната и на странската побарувачка. И странската побарувачка нема да закрепне се додека централните банки на западните земји ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација, која го забавува растот на економиите. Берзанските индекси во Јапонија и Јужна Кореја го следат вчерашниот раст на Волстрит. Dow Jones зајакна за 1,1 отсто, додека S&P 500 порасна за 0,7 отсто, а Nasdaq индексот за 0,8 отсто. Истовремено, најмногу порасна индексот S&P 500 на банкарскиот сектор, 1,9 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво од почетокот на март, кога секторот го потресе неуспехот на неколку банки. Morgan Stanley, Bank of America, Bank of New York Mellon и голем број други банки вчера објавија подобри квартални оперативни резултати од очекуваните. Опкружувањето со покачени каматни стапки, стабилен пазар на труд и економски раст го фаворизира бизнисот на банките. „Сите банки кои објавија резултати денес постигнаа повисоки профити и повисоки приходи од очекуваните. Аналитичарите ги намалија своите проценки, па банките можеа позитивно да изненадат“, објаснува Тим Гриски, стратег во Ingalls & Snyder. Покрај банкарскиот сектор, вчера силно порасна и технологијата, за 1,3 отсто, при што цената на акциите на Microsoft скокна за речиси 4 отсто, на рекордни нивоа. Позитивно на пазарот влијаеше и информацијата за натамошен раст на потрошувачката на мало, но побавен од очекуваното. Ова значи дека инфлациските притисоци би можеле дополнително да ослабат и дека американската централна банка наскоро би можела да го прекине циклусот на зголемување на каматните стапки. Се очекува дека ФЕД овој месец повторно ќе ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени и дека ова ќе биде последното зголемување во циклусот, кој трае повеќе од една година. А на валутните пазари благо порасна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 99,94 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 99,84 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 138,65 на 138,85 јени. И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1230 долари, додека вчера во ова време беше 1,1256 долари. Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,26 отсто, на 79,42 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,46 отсто, на 75,45 долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dolarot-zajakna-tsenata-na-naftata-padna/feed/ 0
Цената на нафтата порасна трета недела по ред https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tsenata-na-naftata-porasna-treta-nedela-po-red/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tsenata-na-naftata-porasna-treta-nedela-po-red/#respond Mon, 17 Jul 2023 07:39:10 +0000 https://kurir.mk/?p=857283

На светските берзи цените на нафтата пораснаа и минатата недела, трет пат по ред, бидејќи трговците беа загрижени поради нарушување на понудата, а цените беа поддржани од слабеењето на доларот. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 1,8 отсто, на 79,87 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 2,1 отсто, на 75,42 долари. Порастот на цените е главно резултат на нарушувања во понудата. Имено, во Либија минатата недела беа затворени неколку нафтени полиња поради политички протести. Шел, пак, го прекина товарењето на нигериската сурова нафта поради можни оштетувања на терминалот. Снабдувањето од Либија се проценува дека е намалено за околу 370.000 барели дневно, а од Нигерија за 225.000 барели дневно, според аналитичарот на PVM, Џон Еванс. Извозот на руска нафта, исто така, значително се намали, а доколку овој тренд продолжи следната недела, цените веројатно повторно ќе пораснат, особено ако се земе предвид дека Москва официјално планира да го намали извозот во август за 500.000 барели дневно, пишуваат аналитичарите на Комерцбанк. На цената на нафтата позитивно влијаеше остриот пад на вредноста на доларот во однос на кошничката валути, на најниско ниво во последните 15 месеци. Тоа, всушност, ја поевтинува нафтата за купувачите во други валути, па во такви случаи се зголемува побарувачката за „црното злато“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tsenata-na-naftata-porasna-treta-nedela-po-red/feed/ 0