нафтена индустрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Feb 2021 15:45:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нафтена индустрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пандемијата негативно влијае и врз глобалната нафтена индустрија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pandemijata-negativno-vlijae-i-vrz-globalnata-naftena-industrija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pandemijata-negativno-vlijae-i-vrz-globalnata-naftena-industrija/#respond Thu, 04 Feb 2021 15:45:43 +0000 https://kurir.mk/?p=464301

Пандемијата со Ковид-19 негативно влијае и врз глобалната индустрија на нафта и гас, покажуваат финансиските извештаи на водечките нафтени компании за 2020 година. Англиско-холандскиот гигант „Ројал Дач Шел“ денеска соопшти дека во 2020 година заработката изнесувала 4,85 милијарди долари, што е пад од 71 отсто во однос на профитот од 16,5 милијарди во 2019 година. Претходно, „Бритиш петролеум“ соопшти за загуба од 5,7 милијарди долари во 2020 година, што е прва загуба во изминатата деценија, а „Ексон“ пријави загуба од 22,4 милијарди долари. Акциите на „Шел“ денеска забележаа занемарлива негативна корекција, а во текот на 2020 година го достигнаа најниското ниво. На 28 октомври минатата година една акција на „Шел“ вредеше 878,1 пени, оттогаш имаше зголемување на вредноста на акциите, но и понатаму се 40 проценти под вредносташто ја имаа кон крајот на 2019 година. Нафтените компании бележат пад на приходите поради долготрајниот пад на побарувачката на енергенси за време на карантините воведен ширум светот поради пандемијата со Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pandemijata-negativno-vlijae-i-vrz-globalnata-naftena-industrija/feed/ 0
„Сауди Арамко“ ќе гради мега проект во нафтената индустрија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudi-aramko-kje-gradi-mega-proekt-vo-naftenata-industrija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudi-aramko-kje-gradi-mega-proekt-vo-naftenata-industrija/#respond Thu, 12 Apr 2018 12:47:05 +0000 https://kurir.mk/?p=39656

Саудискиот арапски нафтен гигант „Сауди Арамко“ ќе гради огромна рафинерија на индискиот брег заедно со три нафтени компании во државна сопственост. - Рафинеријата, која се наоѓа 350 километри јужно од главниот град Мумбај, ќе чини 44 милијарди долари, а капацитетот ќе изнесува 1,2 милиона барели сирова нафта дневно, соопшти Арамко. Во соопштението се додава дека проектот е еден од најголемите светски проекти во областа на нафтената и петрохемиската обработка. - „Сауди Арамко“ ќе има половина од учеството во проектот, додека другите компании во конзорциумот ќе го имаат остатокот, рече индискиот министер за енергетика Дармендра Прадхан. Од кампанијата соопштуваат дека постои можност за вклучување  стратешки партнер со кого ќе го споделат својот дел во проектот. Договорот доаѓа по помалку од 24 часа откако „Сауди Арамко“ потпиша договор со француската компанија „Тотал“ за изградба на огромен петрохемиски комплекс во Саудиска Арабија вреден околу пет милијарди долари. Се очекува проектот да генерира околу 8.000 нови работни места. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudi-aramko-kje-gradi-mega-proekt-vo-naftenata-industrija/feed/ 0