нафтени платформи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Oct 2020 11:55:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нафтени платформи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ураганот Делта затвори две третини од нафтените погони во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-delta-zatvori-dve-tretini-od-naftenite-pogoni-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-delta-zatvori-dve-tretini-od-naftenite-pogoni-vo-sad/#respond Fri, 09 Oct 2020 11:55:58 +0000 https://kurir.mk/?p=414394

Јакнењето на ураганот Делта причини најголем удар врз американското производство на нафта во Мексиканскиот Залив во последните 15 години, откако во тој регион поради природната катастрофа се затворени речиси две третини од погоните за нафта и гас. Според прогнозите на метеоролозите, ударите на Делта би можеле денеска дополнително да зајакнат во Заливот, кој е клучен за американското производство на нафта, а според Националниот центар за урагани, ветрот досега достигнал брзина од 195 километри на час. Поради ураганот е прекинато производството на 1,67 милиони барели дневно или 92 отсто од вкупното производство на нафта во Мексиканскиот Залив, што е најмногу откако ураганот Катрин уништи повеќе од 100 платформи на море и го спречи производството повеќе месеци. Од морските платформи во мексиканскиот Залив се евакуирани 279 работници, а производителите ги заштитиле работниците и од 15 наоѓалишта поради силните удари на ветрот. Покрај нафтените постројки, производителите прекинале и 62 отсто од производството на природен гас во регионот, или 1,675 милијарди кубни стапки дневно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-delta-zatvori-dve-tretini-od-naftenite-pogoni-vo-sad/feed/ 0
Работници на нафтени платформи во Норвешка стапија во штрајк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rabotnici-na-nafteni-platformi-vo-norveshka-stapija-vo-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rabotnici-na-nafteni-platformi-vo-norveshka-stapija-vo-shtrajk/#respond Wed, 11 Jul 2018 07:06:29 +0000 https://kurir.mk/?p=75437

Стотици работници на нафтени и гасни платформи во Норвешка почнаа штрајк по одбивањето на предлог-договорите за платите. Тоа предизвика прекин на работата на нафтено поле, управувано од холандско-британскиот Ројал Дач Шел и влијаеше за скок на цената на „брент" нафтата. Непосредно по полноќ, кога истече рокот за постигнување на договорот, државниот медијатор во спорот меѓу двата синдиката (Safe и YS) и Здружението на бродосопственици соопшти дека преговорите се завршени неуспешно. - Ставовите на двете страни беа толку различни така што претставувањето на некој предлог кој би можел да се препорача и на едната и на другата страна немаше смисла, изјави медијаторот Карл Петер Мартинсен. Околу 670 работници ќе бидат во штрајк, а од недела на полноќ ќе им се придружат уште 901 работник, ако спорот не се реши, се наведува во писмото на здружението Safe, упатено до Здружението на бродосопственици. На протестите може да се приклучат вкупно до 2.250 работници. Синдикатот „Индустри Енерџи", кој го претставува најголемиот дел од норвешките нафтени работници, претходно оваа година склучи договор за платите со Здружението на бродосопственици. Цената на северноморската нафта „брент" денеска на берзите порасна за 0,8 отсто на 78,70 долари по барел, по вчерашниот скок од 1,2 отсто. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rabotnici-na-nafteni-platformi-vo-norveshka-stapija-vo-shtrajk/feed/ 0