нафтогаз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Nov 2022 18:51:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нафтогаз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Олексеј Чернишов нов директор на украински Нафтогаз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oleksej-chernishov-nov-direktor-na-ukrainski-naftogaz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oleksej-chernishov-nov-direktor-na-ukrainski-naftogaz/#respond Fri, 04 Nov 2022 18:51:15 +0000 https://kurir.mk/?p=755956

Поранешниот украински министер Олексеј Чернишов денеска ја презеде функцијата извршен директор на државната енергетска компанија Нафтогаз, соочувајќи се со низа предизвици кои вклучуваат долгови и војна. Чернишов беше назначен на функцијата директор на Нафтогаз со владин декрет кој вчера го потпиша украинскиот премиер Денис Шмихал. Во изминатите речиси две години на челната позиција во Нафтогаз беше Јуриј Витренко, кој неделава поднесе оставка, без да наведе причина. Чернишов денеска не сакаше да ја коментира новата позиција. Тој беше министер за заедница и територијален развој од март 2020 до ноември 2021 година, а претходно беше гувернер на регионот Киев и успешен бизнисмен во регионот Харков. Нафтогаз е најголемата украинска компанија за нафта и гас, а нејзината подружница Укртрансгаз управува со системот на гасоводот што го транспортира рускиот гас во Европа. Компанијата минатата година сочинуваше речиси 17 отсто од приходите во буџетот на Украина и во моментов не е во состојба да ги исполни своите финансиски обврски бидејќи сопствениците на нејзините две меѓународни обврзници го отфрлија планот за одложување на плаќањето. Позицијата на Витренко стана неодржлива откако владата отворено го критикуваше начинот на кој Нафтогас се справува со проблемот со долгот, што на моменти се чинеше неусогласено со барањата на Киев за замрзнување на отплатата на државниот долг. „Нафтогаз“ вчера соопшти за голема нето загуба во првата половина од годинава, истакнувајќи ги тешкотиите со кои се соочува компанијата. Нето загубата скокна на 57,16 милијарди гривни (1,57 милијарди долари), од 1,65 милијарди гривни во првата половина од минатата година, со најголем дел од загубите забележани во првиот квартал, се вели во извештајот. Меѓу причините за загубата, компанијата посочи и дополнителни резервации за ненаплатливи долгови, поврзани со намалената солвентност на партнерите и повисоките откупни цени на увезениот гас во однос на продажните цени. Загубата во првиот квартал беше поврзана и со уништувањето на имот од руското гранатирање, иако компанијата соопшти дека остварила профит од 420 милиони гривни (11,3 милиони долари) во вториот квартал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oleksej-chernishov-nov-direktor-na-ukrainski-naftogaz/feed/ 0
Нафтогаз ќе оди на суд во обид да ги искористи средствата на Газпром https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naftogaz-kje-odi-na-sud-vo-obid-da-gi-iskoristi-sredstvata-na-gazprom/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naftogaz-kje-odi-na-sud-vo-obid-da-gi-iskoristi-sredstvata-na-gazprom/#respond Mon, 16 Apr 2018 09:58:24 +0000 https://kurir.mk/?p=41221

Украинската компанија „Нафтогаз“ ќе оди на суд со цел да се обиде да ги искористи средствата на „Газпром“ во Европа, вели заменик-директорот на „Нафтогаз“ Јуриј Витренко. Оваа закана дојде откако руската енергетска компанија не ја изврши уплатата што и ја наложи меѓународниот арбитражен суд. - Јасно е дека тие не сакаат да платат, така што ќе почнеме со заплена на нивниот гас и други средства на  „Газпром" во Европа, не и во Украина. Ќе одиме на суд во Европа, изјави Витренко. Меѓутоа, додаде дека „Нафтогаз“ нема да бара заплена на рускиот гас кој преку Украина оди до европските потрошувачи. „Газпром“ одбива да плати на „Нафтогаз“ повеќе од 2,5 милијарди долари, според одлуката на Арбитражниот суд во Стокхолм да се исплати сумата за „да се стави крај“ на долгата правна битка меѓу двете компании. Сепак, „Газпром“ се жалеше на одлуката која не е предмет на арбитража и побара откажување од договорот со Украина за транзит на гас. Од јуни 2014 година, „Газпром“ и „Нафтогаз“ се појавија пред Стокхолмскиот арбитражен трибунал, а предмет на побарување се договорите за снабдување со гас од Русија и нејзиниот транзит низ Украина од 2009 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naftogaz-kje-odi-na-sud-vo-obid-da-gi-iskoristi-sredstvata-na-gazprom/feed/ 0