нафтовод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Nov 2022 14:02:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нафтовод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грција и Бугарија разговараат за активирање на стариот проект за изградба на нафтоводот Бургас- Александруполи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-i-bugarija-razgovaraat-za-aktiviranje-na-stariot-proekt-za-izgradba-na-naftovodot-burgas-aleksandrupoli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-i-bugarija-razgovaraat-za-aktiviranje-na-stariot-proekt-za-izgradba-na-naftovodot-burgas-aleksandrupoli/#respond Thu, 24 Nov 2022 14:02:34 +0000 https://kurir.mk/?p=765932

Бугарија ѝ предложила на Грција да се активира стариот проект за транспорт на нафта од грчкиот град Александруполи до бугарскиот град Бургас, но без вклученост на Русија, објави грчкиот весник „Икономикос Тахидромос“, а дека се водат разговори, потврдил и министерот за енергетика на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. „Икономикос Тахидромос“ во текстот под наслов „Обид за заживување на нафтоводот Бургас- Александруполи“, пишува дека Грција и Бугарија „го вадат од фиока стариот проект, секако без вклученост на Русија“. Министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас во изјава за весникот потврдува дека постојат разговори меѓу Атина и Софија. -Конкретниот проект ни го предложи Бугарија и сме во разговори. Транспортот на нафта ќе се врши од точката на нафтоводот во Александруполи и количините ќе се префрлаат во Бургас,рекол Скрекас . За оживување на инвестицискиот план стар 14 години тогаш на релација Русија – Грција – Бугарија, а сега со перспектива да биде само меѓу Атина и Софија, говорел бугарскиот министер за енергетика Росен Христов на енергетската конференција што во вторникот се одржа во Атина Христов нагласил дека е обновена дискусијата за нафтоводот Бургас- Александруполи паралелно со дискусијата за меѓусебното поврзување на грчките со бугарските пристаништа. Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателот на Бугарија Румен Радев на конференцијата посветена на регионалните процеси во регионот на Црното Море, коментираше дека Бугарија треба да го врати планот за изградба на нафтовод од Бургас до Александруполи, а причината се високите такси што Турција ги наметна за бродови и танкери кои поминуваат низ Босфорот и Дарданелите, што не дозволува Бугарија да добие евтини залихи на гориво. Идејата за нафтоводот Бургас- Александруполи беше предложена од претходниот претседател на Бугарија, Георги Парванов, уште во 2008 година, но беше запрена од првата Влада на премиерот Бојко Борисов во 2010 година како неисплатлива за Софија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-i-bugarija-razgovaraat-za-aktiviranje-na-stariot-proekt-za-izgradba-na-naftovodot-burgas-aleksandrupoli/feed/ 0
Српската вицепремиерка: Веќе сме во светска енергетска војна, потребен е нафтовод до Скопје со два крака-Солун и Драч https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vicepremierka-vekje-sme-vo-svetska-energetska-vojna-potreben-e-naftovod-do-skopje-so-dva-kraka-solun-i-drach/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vicepremierka-vekje-sme-vo-svetska-energetska-vojna-potreben-e-naftovod-do-skopje-so-dva-kraka-solun-i-drach/#respond Wed, 12 Oct 2022 13:21:37 +0000 https://kurir.mk/?p=744320

Српската вицепремиерка и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ денеска изјави дека Србија мора јасно да ја дефинира својата позиција на новата светска геополитичка карта и да си го најде своето место во следните 100 години, јави дописникот на МИА од Белград. - Мислам дека ние како држава дефинитивно треба да одлучиме и јасно да го дефинираме нашиот став, бидејќи тоа се работи кои го надминуваат нормалното однесување. Ние сме на работ на светска војна во 21 век, кога сите треба да се бориме за подобри услови за живот, изјави Михахјловиќ за ТВ Прва. Според неа, Русија води освојувачка, а не ослободителна војна, а рускиот претседател го доведува целиот свет, секој граѓанин, секое дете на чекор од страдањето. -Во таква ситуација мораме да имаме јасен став и да си го најдеме местото во наредните 100 години. Светот се менува, геополитичката ситуација е поинаква, а ние мораме да гледаме во иднината и да си го бараме местото, рече Михајловиќ. Таа додаде и дека целиот свет е во енергетска светска војна и дека и покрај кризата Србија прави се за да обезбеди доволно количество енергенти за стопанството и домаќинствата. -Она што се случува со нафтоводот „Дружба“, кој е најдолгиот нафтовод во светот, долг околу 4.000 километри и низ кој поминува само руска нафта, изгледа како продолжение на она што се случи со гасоводот Северен тек. Бидејќи прво се мислеше дека е одржување, па се зборуваше дека има дефект, па се покажа дека не е така, туку се работи за саботажа, рече срспката вицепремиерка. Таа повтори дека нема опасност од недостиг на нафтени деривати на српскиот пазар и дека новиот пакет санкции на ЕУ со кој се забранува увоз на руска сурова нафта нема да влијае на стабилноста на снабдувањето. Михајловиќ оцени дека изградбата на нафтовод до Унгарија и до Албанија и Грција, преку Северна Македонија, ќе значи дека Србија станува транзитна рута. -Го имаме Јанаф, преку тој гасовод добиваме нафта, но важно е стратешки да размислуваме. Нафтовод од Панчево до Ниш, Скопје и два крака – до Солун и Драч, а од друга страна, изградба на нафтовод од Панчево до Унгарија, би значело да Србија станува транзитна рута. Станува збор за инвестиции од 500 до 700 милиони евра, но тоа е вообичаено за вакви големи проекти кои се значајни не само за Србија и регионот, туку и за пошироко, се наведува во соопштението за медиуми на вицепремиерката Михајловиќ. Таа додаде дека кога станува збор за Турски тек преку кој Србија добива гас, важно е дека државата реагирала, доколку има некакви најави, сите надлежни институции кои се занимаваат со тоа да се грижат за она што минува низ Србија да биде заштитено. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vicepremierka-vekje-sme-vo-svetska-energetska-vojna-potreben-e-naftovod-do-skopje-so-dva-kraka-solun-i-drach/feed/ 0
Се уште расте бројот на загинати во пожарот на нафтоводот во Мексико https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ushte-raste-brojot-na-zaginati-vo-pozarot-na-naftovodot-vo-meksiko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ushte-raste-brojot-na-zaginati-vo-pozarot-na-naftovodot-vo-meksiko/#respond Thu, 07 Feb 2019 06:54:39 +0000 https://kurir.mk/?p=161059

Бројот на загинати во пожарот на нафтоводот во Мексико се зголеми на 128 жртви, соопштија локалните власти. Причина за експлозијата на нафтоводот Туспан-Тула, што се случи на 19 јануари во малиот град Тлауелипан, стотина километри северно од Мексико Сити, е незаконско сечење на цевката. Најголем број од загинатите и повредените се локални жители кои во моментот на експлозијата се наоѓале покрај нафтоводот и се обидувале со кофи да го соберат горивото. На лице место загинаа 68 луѓе, а 81 беа повредени од кои 60 подоцна им подлегнаа на повредите. Новата мексиканска Влада од почетокот на годината започна активна борба против кражбите на бензин. Властите неодамна лоцираа неколку пробивања на цевководи и го запреа испумпувањето и кражбите на бензин. Покрај тоа, сите рафинерии во земјата сега се под заштита на војската.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ushte-raste-brojot-na-zaginati-vo-pozarot-na-naftovodot-vo-meksiko/feed/ 0