нагасаки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Aug 2023 10:25:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нагасаки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Приказната за атомската бомба која малкумина ја знаат! Еве зошто Американците ги избрале баш Хирошима и Нагасаки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prikaznata-za-atomskata-bomba-koja-malkumina-ja-znaat-eve-zoshto-amerikantsite-gi-izbrale-bash-hiroshima-i-nagasaki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prikaznata-za-atomskata-bomba-koja-malkumina-ja-znaat-eve-zoshto-amerikantsite-gi-izbrale-bash-hiroshima-i-nagasaki/#respond Thu, 10 Aug 2023 10:25:11 +0000 https://kurir.mk/?p=865434

„Fat Man“ („Дебелиот човек“), втората и последна атомска бомба фрлена во војна, паднала на 9 август 1945 година врз јапонскиот град Нагаски, предизвикувајќи невидено уништување и со овој ужас била засенета дури и трагедијата што се случила во Хирошима, три дена порано. Сепак, малкумина знаат дека Нагасаки воопшто не бил примарна цел на атомската бомба. Процесот на избор на градови на кои ќе биде испорачан овој ужасен товар бил крајно необичен … толку многу што денес изгледа речиси нереално! Список на смртни случаи На нападите им претходеле интензивни дискусии за изборот на цели за напад. Водачите на американската администрација подготвиле список на потенцијални мети. Основниот предуслов бил градовите да имаат воено значење. Од 66-те поголеми градови во Јапонија, 59 веќе биле уништени во претходните напади, па листата уште од старт била скратена. Друг фактор бил извештајот на Роберт Опенхајмер, славниот физичар, познат како креаторот на атомските бомби. Во него биле наведени просторните спецификации што треба да ги има градот, како би бил максимален ефектот на атомските бомби. Одборот на тој начин „номинирал“ 4 градови – Хирошима, Кокура, Нигата и Кјото, места кои релативно биле „поштедени“ од уништување во претходната војна. Хирошима бил првиот избор. Освен што дотогаш најмногу бил поштеден од големи разурнувања, таа била и главниот штаб на генералот Хата Шунроку, кој бил задолжен за одбраната на јужниот дел од Јапонија. Сепак, мнозинството од населението сепак биле цивили – 255 илјади од нив. Нагасаки бил дојден подоцна! Околу изборот на другата мета, имало повеќе преговори … Приказната, која денес е невозможно да се потврди, вели дека стариот јапонски град Кјото бил отстранет од списокот под влијание на Хенри Л. Стимсон, државниот секретар на САД, кој својот месен месец го поминал во овој град децении претходно и тогаш многу го засакал. Па така бил избран Кокура, стар град во префектурата Фукуока, Јапонија. Бидејќи било неопходно на списокот да се има и резервна мета, Нагасаки бил додаден на истиот (дури тогаш). Меѓутоа, кога дошол 9 август и кога американските бомбардери полетале носејќи го својот смртоносен товар, го затекнале Кокура обвиткан во облаци – толку густи што градот долу не можел јасно да се види. Бидејќи наредбата била да се пука само доколку можат визуелно да ја потврдат метата, пилотите се откажале од Кокура и продолжиле кон алтернативната цел – Нагасаки. Другата опција била да се одложи нападот. И денес во Јапонија велат „Кокурина среќа“ за необично спасување од опасност. Страшни последици Соочена со советската инвазија на Манџурија и очекуваното заедничко слетување на сојузниците на островите, како би спречила потенцијална трета експлозија, Јапонија конечно се согласила на безусловна капитулација. Таа се предала на 15 август 1945 година, што овозможило Втората светска војна конечно да заврши. Во годините што следеле, илјадници луѓе ги изгубиле животите од ефектите на радијацијата. Во август 2004 година бил објавен список со повеќе од 450.000 имиња на настраданите (дали во нуклеарните напади, дали потоа) – 292.325 во Хирошима, 165.409 во Нагасаки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prikaznata-za-atomskata-bomba-koja-malkumina-ja-znaat-eve-zoshto-amerikantsite-gi-izbrale-bash-hiroshima-i-nagasaki/feed/ 0
Во Нагасаки на годишнината од атомскиот напад оддадена почит на жртвите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nagasaki-na-godishninata-od-atomskiot-napad-oddadena-pochit-na-zrtvite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nagasaki-na-godishninata-od-atomskiot-napad-oddadena-pochit-na-zrtvite/#respond Tue, 09 Aug 2022 06:52:37 +0000 https://kurir.mk/?p=715863

Во Нагасаки денеска се одржа церемонија во чест на жртвите од американскиот нуклеарен напад врз јапонскиот град на 9 август 1945 година, во кој загинаа 74.000 луѓе. Во својот говор во Паркот на мирот, градоначалникот на Нагасаки, Томихиса Тауе, рече дека нуклеарното оружје може да се користи се додека постои и дека уништувањето е единствениот начин да се спаси иднината на човештвото. Тој додаде дека руската инвазија на Украина му покажа на светот дека уште еден нуклеарен напад не е само загриженост, туку „очигледна и непосредна криза“. На 6 август 1945 година, САД ја фрлија првата атомска бомба во светот врз Хирошима, која го уништи градот и уби 140.000 луѓе. Три дена подоцна втората атомска бомба беше фрлена врз Нагасаки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nagasaki-na-godishninata-od-atomskiot-napad-oddadena-pochit-na-zrtvite/feed/ 0
Нагасаки: 75 години од нападот на САД со атомска бомба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nagasaki-75-godini-od-napadot-na-sad-so-atomska-bomba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nagasaki-75-godini-od-napadot-na-sad-so-atomska-bomba/#respond Sun, 09 Aug 2020 07:56:51 +0000 https://kurir.mk/?p=388279

Во јапонскиот град Нагасаки беше одбележана 75-годишнина од американското нуклеарно бомбардирање во Втората светска војна. Градоначалникот на Нагасаки и преживеаните од тој трагичен, катастрофален настан апелираа до светските лидери да се вклучат повеќе за да се забрани нуклеарното оружје ширум светот. Точно во 11.02 часот по локално време, во исто време кога американскиот бомбардер Б-29 исфрли атомска бомба врз Нагасаки пред 75 години, преживеаните од американското нуклеарно бомбардирање и бројни гости им оддадоа почит на сите жртви со минута молчење. Бомбардирањето на Нагасаки на 9 август уби 70.000 луѓе, а само три дена пред тоа, првата атомска бомба беше фрлена на Хирошима и однесе дури 140.000 животи. Шест дена подоцна, на 15 август 1945 година, Јапонија потпиша капитулација, со што заврши Втората светска војна. Многу преживеани настрадаа од карцином и други болести затоа што беа изложени на радијација и лоши услови за живот во разурната, повоена Јапонија. Градоначалникот на Нагасаки, Томихиза Тау, прочита мировна декларација во која изрази загриженост за нуклеарната закана. Тој, исто така, побара од Владата на Јапонија итно да се приклучи на договорот за забрана на нуклеарно оружје, оценувајќи дека светот е во поголема опасност од нуклеарен конфликт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nagasaki-75-godini-od-napadot-na-sad-so-atomska-bomba/feed/ 0
75 години потоа: Вака денес изгледаат модерните Хирошима и Нагасаки, животот тече без престан, народот не заборава (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/75-godini-potoa-vaka-denes-izgledaat-modernite-hiroshima-i-nagasaki-zivotot-teche-bez-prestan-narodot-ne-zaborava-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/75-godini-potoa-vaka-denes-izgledaat-modernite-hiroshima-i-nagasaki-zivotot-teche-bez-prestan-narodot-ne-zaborava-foto/#respond Thu, 06 Aug 2020 11:22:03 +0000 https://kurir.mk/?p=387131

Денеска се навршуваат 75 години откако САД го започнаа првиот напад со атомска бомба во светот врз градот Хирошима. Овој напад три дена подоцна беше проследен со втор врз Нагасаки. Во 8:15 часот на 6 август 1945 година, од американскиот воен авион од типот Б-29 наречен „Enola Gay“ беше фрлена бомбата „Little Boy“ врз ослободи југозападниот јапонски град Хирошима, убивајќи 140.000 од проценетата популација од 350.000 жители. Илјадници други починаа подоцна од повредите и од болестите поврзани со зрачењето. На 9 август, Соединетите држави фрлија друга бомба, „Fat Man“ врз Нагасаки, убивајќи над 75.000 луѓе. Јапонија се предаде шест дена подоцна, со што заврши Втората светска војна. Во претходните години, јапонскиот премиер Шинзо Абе и градоначалниците присуствуваа на годишните меморијални церемонии и ги обновуваа ветувањата за свет без нуклеарно оружје. Комеморациите оваа година ќе бидат ограничени како резултат на пандемијата на ковид-19 и ќе бидат проследени со видео пораки од државниците. Денес животот во двата града е вратен во нормала и истите се современи, погледнете. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/75-godini-potoa-vaka-denes-izgledaat-modernite-hiroshima-i-nagasaki-zivotot-teche-bez-prestan-narodot-ne-zaborava-foto/feed/ 0
Британски научник: Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnik-eksplozijata-vo-bejrut-e-treta-po-mokjnost-vo-istorijata-po-bombite-vo-hiroshima-i-nagasaki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnik-eksplozijata-vo-bejrut-e-treta-po-mokjnost-vo-istorijata-po-bombite-vo-hiroshima-i-nagasaki/#respond Thu, 06 Aug 2020 08:06:25 +0000 https://kurir.mk/?p=386977

Експлозијата во Бејрут, главниот град на Либан е трета по моќност во историјата, веднаш после експлозијата на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, тврди Кристофер Базби, британски експерт за ефектите од јонизирачкото зрачење и научен секретар во Европскиот комитет за ризик од радијација. Гувернерот на Бејрут, Марван Абуд веќе ја спореди експлозијата во бејрутското пристаниште со експлозиите на нуклеарните бомби во јапонските градови во 1945-та година. Сепак, британскиот експерт Базби има научна аргументација за тоа - на бејрутското пристаниште експлодираа повеќе од 2,700 тони амониум нитрат, што значи дека експлозијата е еквивалентна на силата на експлозија од 10 до 12 килотони ТНТ. -Силниот ударен бран направи компресирачки прстен во воденото испарување, како што тоа го прави и нуклеарната бомба кога се детонира во близина на водена површина, го објаснува Базби ефектот на создавање на печурка по експлозијата. Како што вели, слични експлозии се случувале низ историјата, но ниту една не била силна како оваа во Бејрут. -Една се случи во Тексас, исто така на пристаниште, а втората во Германија во 20-тите години од 20-тиот век во еден магацин. Меѓутоа, оваа во Бејрут е најмоќна после Хирошима и Нагасаки, заклучи британскиот експерт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnik-eksplozijata-vo-bejrut-e-treta-po-mokjnost-vo-istorijata-po-bombite-vo-hiroshima-i-nagasaki/feed/ 0
ВИДЕО: Седумдесет и пет години од ужасот со нападите со атомски бомби врз Хирошима и врз Нагасаки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-sedumdeset-i-pet-godini-od-uzasot-so-napadite-so-atomski-bombi-vrz-hiroshima-i-vrz-nagasaki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-sedumdeset-i-pet-godini-od-uzasot-so-napadite-so-atomski-bombi-vrz-hiroshima-i-vrz-nagasaki/#respond Wed, 05 Aug 2020 08:06:25 +0000 https://kurir.mk/?p=386378

МИА СВЕТ Седумдесет и пет години од ужасот со нападите со атомски бомби врз Хирошима и врз Нагасаки (видео) Токио, 5 август 2020 (МИА) – Нападите со атомски бомби врз врз Хирошима и Нагасаки на 6 и 9 август 1945 година, произлегоа од шестгодишна работа на научници од Европа и Северна Америка, која започна во 1939 односно 1941 година, кога американската влада го почна „Проектот Менхетен“ со цел да направи атомска бомба. Прва и досега единствена жртва на атомските бомби останува Јапонија, земја што доживеала најлош напад во историјата пред 75 години. Проектот во Менхетен се одвиваше во тајност, а научниот тим го водеше американскиот теоретски физичар Роберт Опенхајмер од Универзитетот во Калифорнија, Беркли. Во Лос Аламос во Ново Мексико, Опенхајмер водеше дотогаш невиден тим на брилијантни научници, меѓу кои беа и нобеловци како Енрико Ферми, Нилс Бор и Ханс Бете. Нивната просечна возраст беше 26 години. Алберт Ајнштајн, кој не беше дел од тимот на Проектот Менхетен, бидејќи поради неговиот пацифизам не успеа да помине безбедносна проверка, ги сподели стравувањата од водечките научници дека нацистичка Германија може да произведе нуклеарно оружје, а на 2 август 1939 година, потпиша писмо до американскиот претседател Франклин Д. Рузвелт за важноста на развојот на нуклеарна технологија. Но, Ајнштајн исто така го предупреди претседателот за деструктивниот потенцијал на нуклеарната физија откриен од германскиот хемичар Ото Хан, велејќи дека постапката може да резултира во „исклучително моќни бомби од нов вид“. Рузвелт одлучи истата година да формира Советодавен комитет за ураниум. На 7 декември 1941 година, јапонските воздушни сили ја уништија речиси целата американска пацифичка флота стационирана во Перл Харбор. Следниот ден, САД влегоа во Втората светска војна. Во август 1942 година, САД официјално почнаа тајна програма за развој на атомска бомба што беше одобрена една година порано. Таа стана позната како Проект Менхетен и во неа се вложени 2 милијарди американски долари. Во 1943 година, Роберт Опенхајмер стана директор на тајната лабораторија во Лос Аламос каде ќе биде направена атомската бомба. Проектот вклучува врвни американски, британски и канадски физичари, како и неколку водечки научници кои избегале од нацистичка Германија од нивните татковини во Европа. Во пролетта 1945 година, беше составен список со можни цели, а на самиот врв беше седмиот по големина јапонски град Хирошима. Кјото е отфрлен од списокот најмногу заради неговото богато историско и културно наследство. Хирошима, кој во тоа време имаше население од 255.000, беше седиштето на генералот Хат Шунроку, кој беше задолжен за одбрана на јужниот дел на државата, но поголемиот дел од населението беа цивили. На 9 и 10 март 1945 година, американски воени авиони извршија бомбардирања врз Токио и други поголеми јапонски градови. Само во главниот град загинаа околу 100.000 луѓе. Истата година, на 26 март, почна битката кај Окинава. За време на тримесечните борби загинаа повеќе од 100.000 јапонски војници, околу 150.000 цивили и 12.000 американски војници. Таа битка служеше како оправдување за употреба на атомски бомби, бидејќи предвидувањата беа дека копнената инвазија на Јапонија ќе резултира во многу повеќе жртви. Рузвелт умира на 12 април, а Хари Труман станува претседател на САД. Германија се предаде на 8 мај 1945 година, но борбите продолжија во Азија и Пацификот. Помеѓу мај и јули, делови од атомските бомби беа пренесени со брод до Тинијан, Маријански острови од 15 вулкански острови во северозападниот дел на Пацификот. Од тие острови до Јапонија лесно можеле да стигнат бомбардерите Б-29. Во близина на Аламогорд, во Ново Мексико, на 16 јули во 05:30 часот беше извршен експеримент „Тринити“, што ја демонстрираше неверојатната моќ на атомската бомба и го всели светот во нуклеарно време. Тоа беше нуклеарна направа, а пробата беше извршена во пустината Јорнада дел Муерто. Девет дена подоцна, на 25 јули, претседателот Труман ја одобри мисијата за фрлање атомска бомба врз Јапонија. Тој, исто така, даде зелено светло да испуштат дополнителни атомски бомби кога тие станаа достапни. На 17 јули, лидерите на Велика Британија, Советскиот сојуз и САД, премиерот Винстон Черчил, генералниот секретар на Централниот комитет на КПСС, Јосиф Сталин и американскиот претседател Хари С. Труман, се состанаа на конференција во Потсдам. Декларацијата во Потсдам со американските, британските и кинеските потписи беше усвоена на конференцијата на 26 јули, а земјите потписнички во декларацијата и даваат на Јапонија последна шанса да се предаде, или ќе следи „брзо и целосно уништување“. Јапонскиот премиер Кантаро Сузуки на 27 одлучи да го игнорира тој ултиматум, иако зборот „мокусатсу“ што се искористила исто така значи „без коментар“. По наредба на Труман, американски бомбардер Б-29 – Енола Геј испушти нуклеарна бомба од 15 килограми од надморска височина од 9.400 метри со 60 килограми ураниум на 6 август врз Хирошима. Бомбата експлодира на надморска височина од околу 600 метри над земјата, предизвикувајќи топлотен бран со температури до 5.000 степени Целзиусови, моќен ударен-бран од 800 км на час и пламено невреме што уништи речиси се во рок од дванаесет квадратни километри. Помеѓу 70.000 и 80.000 луѓе загинаа во првите секунди, а во месеците што следуваа, бројот на смртни случаи како резултат на зрачење се искачи на 140.000. Експлозијата предизвикала и жешка печурка облак од прав и остатоци од 15.250 метри што може да се види од оддалеченост од 560 км. Енола Геј сега се наоѓа во Музејот за авијација на аеродромот Далес во близина на Вашингтон. Сјајниот сребрен бомбардер го доби името на мајката на пилотот што го управуваше тој историски ден во август 1945 година, а нејзината историска мисија е сумирана во само една реченица: „6. Во август 1945 година, овој бомбардер Б-29, произведен од Мартин, го фрли првото атомско оружје користено во битката врз јапонскиот град Хирошима “. Труман им порачува на Јапонците дека ако не се предадат, тие можат да очекуваат „дожд од уништување, како што никогаш не е видено на Земјата“. На 8 август СССР и објавува војна на Јапонија. Следниот ден, на 9 август во 11:02 часот, атомска бомба е фрлена врз Нагасаки. Бомбата детонираше на надморска височина од 470 метри од земјата и уби 22.000 луѓе, а дополнителни 39.000 загинаа од ефектите на зрачење. Нагасаки беше нападнат со атомска бомба од плутониум. Катаклизмичката бомба беше фрлена со авион Б-29 Суперфрест Боксчар. На 15 август, јапонскиот император Хирохито и објави на нацијата дека војната е загубена. По уништувањето на Хирошима и Нагасаки, на 29 август 1949 година, Советскиот сојуз успешно ја тестираше својата прва атомска бомба во Казахстан и со тоа стана втората нуклеарна сила во светот. Во нападите врз Хирошима и Нагасаки не само што загинаа повеќе од 200.000 луѓе, туку преживеаните – „хибакуше“ – со децении се соочуваа со физичка и психолошка траума на тој „незамислив хорор“, но и стигмата што ги придружува. Експертите од Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потсетуваат на страшните последици од атомските бомби, како што е привремено или трајно слепило заради исклучително светло светло. Топлината произведена од експлозиите предизвика илјадници пожари, а огнот го проголта целиот кислород и многу преживеани едноставно се задушија. Се проценува дека од вкупниот број жртви во Хирошима, повеќе од половина се задушиле поради недостаток на кислород. Ефектите од зрачењето се покажаа смртоносни во моментот на нападот, а преживеаните претрпеа последици до крајот на животот. Акутното зрачење вклучувало симптоми како што се повраќање, гадење, главоболки, дијареја, крварење и опаѓање на косата, а радијациската болест се покажа како фатална за голем број луѓе во рок од неколку недели или месеци. „Хибакуше“ претрпеа долгорочни последици, а најмногу страдале од разни видови на рак. Минатата година, за време на посетата на Хирошима и Нагасаки, папата Фрациско се состана со неколку „хибакуши“ за да разговара за она што го нарече „незамислив хорор“ и страдањата што ги претрпеа жртвите од нападот. Во 2016 година, поранешниот американски претседател Барак Обама беше првиот американски претседател кој ја посети Хирошима. Тој се состана и со преживеаните и повика на свет без нуклеарно оружје, но немаше извинување за атомските напади. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-sedumdeset-i-pet-godini-od-uzasot-so-napadite-so-atomski-bombi-vrz-hiroshima-i-vrz-nagasaki/feed/ 0
Јапонија одбележува 74. годишнина од нуклеарниот напад во Нагасаки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-odbelezuva-74-godishnina-od-nuklearniot-napad-vo-nagasaki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-odbelezuva-74-godishnina-od-nuklearniot-napad-vo-nagasaki/#respond Fri, 09 Aug 2019 07:49:10 +0000 https://kurir.mk/?p=227957

Јапонија ја одбележува 74-та годишнина од нуклеарниот напад кој го изведе САД на нагасаки, а кој се случи три дена откако беше фрлена атомска бомба врз Хирошима. Секоја година, властите и граѓаните се собираат во Паркот на мирот во Нагасаки, каде во 11.02 часот, кога беше фрлена атомската бомба, се огласуваат ѕвоната и потоа со минута молчење се оддава почит на повеќе од 70 илјади загинати. Тоа била втора атомска бомба фрлена на Јапонија. Бомбата имала сила од 22 килотони ТНТ и била имплозиона плутониоумова бомба. Мета за нападот бил Кокура, но затоа што било облачно, земена е втората мета од листата, а тоа бил градот Нагасаки. Иако бомбата била помоќна од онаа на Хирошима, поради планинскиот терен, разорувањето било многу помало од онаа во Хирошима. Американскиот бомбардер Б-29 испушти бомба наречена „Дебел човек“. Бомбата тешка околу 4,5 тони падна од висина од 9.600 метри и експлодираше по 30 секунди на 500 метри над тениско игралиште. Облакот „печурка“, што се формираше по експлозијата достигна надморска височина од 16.000 метри. Уништени се 70 проценти од градот, а 20 минути подоцна почна да паѓа „црн дожд“ од радиоактивни честички. До 2016, ниту еден американски претседател ги немаше посетено Хирошима и Нагасаки. Прв што тоа го направи беше Барак Обама, но ниту тој не се извини, туку изрази надеж дека ужасите од Хирошима и Нагасаки ќе доведат до „морално будење“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-odbelezuva-74-godishnina-od-nuklearniot-napad-vo-nagasaki/feed/ 0
Хирошима: Денес современ јапонски град, пред 74 години пекол на Земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hiroshima-denes-sovremen-japonski-grad-pred-74-godini-pekol-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hiroshima-denes-sovremen-japonski-grad-pred-74-godini-pekol-na-zemjata/#respond Tue, 06 Aug 2019 07:31:20 +0000 https://kurir.mk/?p=226734

Хирошима денес, 74 години по нуклеарниот напад, изгледа недопрено, како ништо да не се случило, како жителите на овој јапонски град отсекогаш да живееле во спокој, дисциплинирано, во чиста околина, својствено за Јапонија. Воздухот чист, нормален, ништо во Хирошима денес не потсетува дека тука пред 74 години се случил хоророт на човештвото, не покажува дека луѓето го доживеале пеколот во вистинска смисла на зборот. Но, тоа е првиот впечаток што се добива кога ќе се пристигне во овој јапонски град, сместен на островот Хоншу, среден и уреден по теркот на јапонските стандарди. Сепак, колку подолго престојувате тука во разговор со локалните жители, но и по посетата на Меморијалниот музеј на мирот во Хирошима и Меморијалниот споменик на жртвите на атомската бомба, сфаќате дека во колективната меморија на луѓето од генерација на генерација се пренесува стравотниот настан, што се случил точно на денешен ден пред 74 години. На конференцијата во Постдам во јули 1945 година, на која учествуваа Велика Британија и советските лидери, американскиот претседател Хари Труман беше информиран дека нуклеарната бомба успешно го поминала тестирањето. Следните денови САД, Велика Британија и Кина ја усвоија Постдамската декларација со која од Јапонија се бара безусловна капитулација. Јапонија не ја прифаќа декларацијата. САД почнуват да ги разгледуваат можните цели за нуклеарен напад, уште во пролетта 1945 г.одина. Потенцијалните цели требале да бидат урбани области, со цел психолошкиот ефект врз Јапонците да биде поголем. Листата на кандидати е намалена на неколку града, а на 25 јули била донесена одлука првата бомба да биде фрлена по 3 август на еден од следните градови Хирошима, Кокура, Нигата или Нагасаки. Нигата отпаднал и на 2 август Хирошима била одредена како првата цел на напад – закажан за 6 август 1945 година. Пекол на Земјата Трупови на сите страни, потечени од високата температура на која биле изложени, преживеани со отворени рани по телата, од кои излегуваат црви, луѓе кои поради изгорениците не можеле ниту нормално да ги држат рацете покрај телото и морале да ги кренат пред себе како зомби во филмовите, е глетката што можела да се види тогаш во Хирошима. МИА имаше можност во градот да разговара со 80-годишна Јапонка, учителка по пијано, која го преживеала нападот и во чија меморија сè уште останале ужасите што таа и нејзините сограѓани ги преживеале на 6 август пред 74 години. Катсуко Кувамото тогаш имала шест години. Се сеќава на деновите пред нападот, време на Втора светска војна, Јапонија се бори на страната на Оската на злото, а граѓаните се соочуваат со глад. Тогаш тргнала во училиште и била пресреќна. – Кога почнав да одам во основно училиште американските авиони Б-92 честопати надлетуваа над градот и секогаш нивното надлетување беше најавувано со сирени, вели таа и појаснува дека само што почнала да оди на училиште, властите издале наредба сите деца во градот да се иселат од него во периферијата и да престојуваат кај некој роднина. Таа и нејзината сестра, која во тоа време имала осум години, биле испратени кај роднини надвор од градот, нивната мајка останала да живее во семејната куќа, која се наоѓала на 1,3 километар оддалеченост од хипоцентарот, а нивниот татко бил регрутиран од војската, бидејќи било време на војна. На 6 август 1945 година светот го доживеа првиот напад со нуклеарна бомба. Тој ден без никаква најава „малото момче“ удри во Хирошима. Кувамото била на училиште. Таа вели дека во тој момент од силната експлозија целата зграда почнала да се ниша како да има земјотрес. Стаклата на прозорците се распрскале на сите страни и сето тоа било проследено со стравотно гласен звук. Нуклеарната реакција ослободила огромно количество енергија во мошне кусо време. Се проценува дека температурата во центарот на експлозијата достигнала 4.000 Целзиусови степени. Комплексната интеракција на топлина, експлозија и радијација во Хирошима, а потоа и во Нагасаки предизвика штети од огромни размери. Прекрасна блескава светлина се појави на небото Нешто величествено, прекрасно, преубава светлина се појави на небото. Вака ја доживеал бомбата пред да удри на копното еден во тоа време средношколец, кој работел на патот во градот. Тој на Кувамото подоцна ѝ раскажувал дека пред да стане свесен за ужасот што следи бил маѓепсан од тоа што го гледа. Не бил свесен дека таа „убавина“ за мошне кусо ќе го срамни со земја неговиот роден град. Во зоната околу хипоцентарот било пустош, дрвените куќи биле срамнети со земја, градбите од поцврст материјал не биле разурнати, но сепак биле оштетени со искршени прозорци, беснеел пожар на сите страни. Луѓето изложени на директната топлина на еден километар од хипоцентарот се здобиле со изгореници од петти степен или полошо, а оние кои биле во зоните на 3,5 километри од хипоцентарот имале изгореници од прв до четврти степен. Билансот на загинатите на денот на нападот достигнал 80 илјади лица, но подоцна таа бројка ќе се зголемува. Семејната куќа на Кувамото се наоѓала на 1,3 километар оддалеченост од местото каде што е фрлена бомбата. Куќата била разурната до темел, а нејзината мајка била затрупана во урнатините. Мајката на Кувамото воопшто не можела да се движи, ја спасиле соседите кои преживеале. Нејзината мајка останала во т.н. црвена зона на градот, откако закрепнала се упатила да ги најде своите две ќерки, но не можела да стигне до куќата на нејзините роднини, кои биле на север од нејзиниот веќе разурнат дом, поради пожарот што беснеел. – Никој не можеше да сфати колку голема и моќна беше таа експлозија и дека толку голем дел од земјата може да биде зафатен од пожар. Сите членови на семејството во кое престојував не можеа да сфатат што се случило, а еден од моите роднини одлучи да замине да ја бара мајка ми. Но, по 500 метри од домот, откако ги видел пустошот и пожарот што беснее, се вратил, вели таа. Три-четири дена биле во домот, биле вознемирени, не знаеле што точно се случило, каков бил тој стравичен напад. По тие неколку дена во изолација, Кувамото, сестра ѝ и нивната тетка заминале да ја бараат нивната мајка. – Стигнавме до оддалеченост од 500 метри, каде што претходно беше нашиот дом и видовме голем број трупови, расфрлани насекаде. Ги гледавме внимателно поради можноста некој од нив да не е на мојата мајка. Беше лето, најтоплиот период во Јапонија. Можете да замислите како изгледа мртво тело изложено на жештина. Насекаде се ширеше одвратен мирис, не можевме повеќе да издржиме. Главите на сите тела беа по 1,5 пати поголеми од вообичаеното поради изгорениците и беше тешко да се препознаат, вели Кувамото. Гледале преживеани и ранети луѓе. Некои од нив жедни се обидувале жедта да ја изгаснат од водите на реките во градот, несвесни за тоа што се случило, дека станува збор за атомска бомба и дека сè е изложено на радијација. Една голтка од водата била доволна за да се забрза нивната смрт. Телото освен од надвор со пиење на водата се здобивало и со внатрешни изгореници. Реките во Хирошима, кој е познат и како Градот на водата, биле исполнети со мртви тела. Болниците биле оштетени, не можеле никако да им помогнат на преживеаните, освен да им понудат да легнат на земја. Инструментите и опремата биле уништени, а и самиот персонал страдал од повреди. На телата на ранетите почнале да се појавуваат црви, кои им ја цицале крвта и им ја пиеле телесната течност. Глетката била стравотна – ранети луѓе прекриени со црви по телото, сами не можеле да се ослободат од нив, морало некој да им помогне, а ретко некој имало во близина. Повторно среќавање со мајката Потрагата по нејзината мајка била безуспешна, но таа самата една недела по експлозијата успеала да стигне во куќата на нејзините роднини. Радоста била преголема кога повторно се сретнале со мајка си. Кувамото вели лицето на нејзината мајка било модросино. Била изложена на радијација и дошло до оштетување на внатрешните органи. Не биле свесни што се случува и какви ефекти има радијацијата на која биле изложени. Всушност и не биле свесни дека биле изложени на радијација. Мајка ѝ по некое време почнала да плука крв. Мислеле дека е болна од туберкулоза, но како што минувале годините се појавувале нови болести. Во меѓу време се вратил и нејзиниот татко, а со текот на времето здравствената состојба на нејзината мајка била сè полоша и полоша. Ѝ дијагносицирале рак на белите дробови, потоа на лимфните жлезди, а на крајот била погодена и од рак на мозокот. Починала 15 години по нападот врз Хирошима. Како последица на разни постефекти од фрлањето на бомбата, со која се забрза завршувањето на Втората светска војна до крајот на 1945 година, билансот на жртвите достигнаал 140 илади луѓе, а до денес над 300 илјади луѓе. Кувамото денес живее со сеќавање на ужасот, но вели не чувствува гнев кон САД или која било друга држава во светот. Благодарна е што преживеала и се радува на секој момент, особено на оние поминати со нејзините три внуци. Меморијалниот музеј на мирот – сеќавање на трагедијата Во непосредна близина на хипоцентарот се наоѓа Меморијалниот музеј на мирот. На самиот влез во зградата има голем часовник, кој ги одбројува деновите поминати од нападот, но и бројот на деновите од последниот нуклеарен тест. Насекаде во него се изложени експонати од полуништени предмети – облека, покуќнина, велосипеди, но има и фотографии слики од лица кои починале на самиот ден, но и подоцна како последица на разни заболувања поради изложеност на радијација. Во него има и реплика од „Малото момче“. Бомбардерот Б-29 „Енола Геј“ во 8:15 часот по локално време од висина од 9.600 метри ја фрлил бомбата наречена „Малото момче“, која по 43 секунди експлодирала на 600 метри над земјата. Бомбата била ураниумска, во неа имало ураниум 235. Енергијата ослободена од експлозијата на оваа бомба била еквивалент на 16 килотони ТНТ. Бомбата тешка околу четири тони за секунда ги убила сите што биле во радиус од 500 метри и уништила 90 отсто од градот. Околу 45 минути по експлозијата почнал да паѓа „црн дожд“ од радиоактивни честички. – Црн црн дожд, огромни капки. Луѓето ги креваат главите кон небото, со широко отворени усти. Жешки тела, многу жешки, сакаат вода, е песна од Акикио Такакура, која може да се прочита во Музејот. Може да се видат и едни од ретките фотографии направени по нападот. Јошито Матсушиге е авторот на овие фотографии, кои сведочат за ужасите низ кои поминале жителите на градот. Од нападите на Хирошима и Нагасаки како тест или демонстрација нуклеарно оружје е употребено над две илјади пати. Единствените земји за кои со сигурност се знае дека детонирале нуклеарно оружје се САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Пакистан и Северна Кореја. Се верува дека и Израел поседува нуклеарно оружје, меѓутоа тие го негираат ова тврдење. Хирошима и Нагасаки остануваат сведоштво за ужасот на употребата на нуклеарното оружје, а доколку дојде до нуклеарна војна во светот огромен број луѓе ќе бидат ранети или убиени на самото место веднаш по експлозијата. Дополнително радиоактивна прашина и други честички ќе се прошират во стратосферата, каде што ќе ги блокираат сончевите зраци, предизвикувајќи опаѓање на температурите. Ќе настапи нуклеарна зима, која ќе биде глобална и ќе трае со години. Нуклеарната зима ќе има свој ефект врз производството на храна, луѓето ќе страдаат од глад, а многу животни видови ќе изумрат. Последиците се несогледливи. Ана Цветковска/МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hiroshima-denes-sovremen-japonski-grad-pred-74-godini-pekol-na-zemjata/feed/ 0