нагазна мина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Dec 2022 07:00:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нагазна мина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОН: За само шест месеци во само еден град во Јемен, речиси 160 луѓе загинаа од нагазни мини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-za-samo-shest-meseci-vo-samo-eden-grad-vo-jemen-rechisi-160-lugje-zaginaa-od-nagazni-mini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-za-samo-shest-meseci-vo-samo-eden-grad-vo-jemen-rechisi-160-lugje-zaginaa-od-nagazni-mini/#respond Fri, 09 Dec 2022 07:00:11 +0000 https://kurir.mk/?p=772891

Обединетите нации објавија дека 159 луѓе загинале од нагазни мини и други неексплодирани неексплодирани средства во јеменскиот град Худајда во изминатите шест месеци. Градот Худајда е под контролата на бунтовниците Хути во крвавата граѓанска војна меѓу нив и коалицијата која ја поддржува меѓународно признатата јеменска влада. Бунтовниците се поддржани од Иран, а владата од Саудиска Арабија. Директорката на службата на ОН за отстранување мини Илен Кон рече дека повеќе од 50 отсто од жртвите во пристанишниот град Худајда се жени и деца и повика да се забрза деминирањето низ Јемен. Нагазни мини се поставени низ Јемен уште од 1960-тите. Но, од почетокот на граѓанската војна во 2014 година, забележано е зголемување на нивната употреба, особено од страна на бунтовниците. Според податоците на САД, од 2016 до 2018 година, нагазните мини на Хутите убиле најмалку 122 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-za-samo-shest-meseci-vo-samo-eden-grad-vo-jemen-rechisi-160-lugje-zaginaa-od-nagazni-mini/feed/ 0
Драма кај Задар: Не знаеле дека во дворот имаат минско поле – Деца играле, се правеле свадби https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-kaj-zadar-ne-znaele-deka-vo-dvorot-imaat-minsko-pole-deca-igrale-se-pravele-svadbi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-kaj-zadar-ne-znaele-deka-vo-dvorot-imaat-minsko-pole-deca-igrale-se-pravele-svadbi/#respond Thu, 04 Feb 2021 09:14:36 +0000 https://kurir.mk/?p=463957

Во дворот и градината на семејството Санковиќ кај Задар во два наврати се собирале по 150 луѓе за разни прослави, со години играле деца, се садело цвеќе и зеленчук, а под површината се наоѓале шест нагазни мини. Семејството со години живеело на минско поле, а не знаело. -Се плашав за себе и за внуците, изјавил за РТЛ Денес, Иван Санковиќ. Првата мина ја пронашол по враќањето во селото пред 25 години, другите две ги нашле заедно со сопругата минатата година. Додека не заврши контролата, семејството Санковиќ околу сопствената куќа може да се движи само по бетонските патеки. Токму до истите бетонски патеки жената нашла една мина, а само малку подалеку од местото садела цвеќе цели 20 години. Пред една недела, пиротехничарите на 2 метри од детските лулашки пронашле уште една нагазна мина PMA-2. Малку подалеку, во истиот двор на место каде често поминувале за да одат до соседите, пронајдени биле уште две мини. Од ланското откривање на експлозивните направи семејството живеело во страв бидејќи согласно процедурите потребна била речиси една година за пиротехничарите да дојдат на терен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-kaj-zadar-ne-znaele-deka-vo-dvorot-imaat-minsko-pole-deca-igrale-se-pravele-svadbi/feed/ 0