награда за мир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Feb 2023 20:25:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png награда за мир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Меркел доби награда за мир на УНЕСКО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-dobi-nagrada-za-mir-na-unesko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-dobi-nagrada-za-mir-na-unesko/#respond Wed, 08 Feb 2023 20:25:09 +0000 https://kurir.mk/?p=798085

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја доби наградата за мир на УНЕСКО во Брегот на Слоновата Коска за нејзината одлука да прифати повеќе од 1,2 милиони мигранти во Германија, и покрај притисокот во земјата и европските партнери. Организаторите истакнаа дека Меркел покажала политичка храброст кога Германија ги пречека бегалците кои побегнаа од конфликтите во Сирија, Ирак, Авганистан и Еритреја помеѓу 2015 и 2016 година. Наградата за мир „Феликс Хуфе Буње“ која денеска и беше доделена на Ангела Меркел, го носи името на првиот претседател на Брегот на Слоновата Коска по независноста од Франција во 1960 година, а наградата беше доделена во Јамусукро, главниот град на Брегот на Слоновата Коска и родниот град на Хуфе-Буње. Претседателот на жирито што ја додели наградата и добитник на Нобеловата награда за мир Денис Муквеге ја пофали Меркел за нејзината одлука да ги „отвори портите на Германија“ во време кога другите земји тоа не го сакаа. - Му покажавте на јавното мислење и носителите на одлуки дека не мораме да ги браниме не само нашите права, туку и правата на другите во време на криза, дека на секое општество му треба повеќе од кога било да ги почитува и штити човековите права без никаква дискриминација. Ја пофалуваме вашата хуманост, вашиот дух на солидарност и вашето изразено чувство за етика и вашето инспиративно лидерство, рече Муквеге. По врачувањето на наградата Меркел зборуваше за актуелната бегалска криза, особено за војната во Украина. - Мислевме дека времето на војните во Европа помина, но од 24 февруари минатата година, кога се случи жестоката агресија на Русија врз Украина, дојдовме до тажен заклучок дека тоа не е така. Војната ја потресе Европа до нејзините корени, рече Меркел.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-dobi-nagrada-za-mir-na-unesko/feed/ 0