награда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 06:36:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png награда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европарламентот ќе ги соопшти добитниците на наградата „Сахаров“ за 2023 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evroparlamentot-ke-gi-soopshti-dobitnitsite-na-nagradata-saharov-za-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evroparlamentot-ke-gi-soopshti-dobitnitsite-na-nagradata-saharov-za-2023-godina/#respond Thu, 19 Oct 2023 06:36:14 +0000 https://kurir.mk/?p=890580

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола на денешното продолжение на овонеделната пленарната седница ќе ги објави лауреатите на награда за слобода на мислата „Сахаров“ за 2023 година. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, одлуката за овогодишните добитници на наградата ја донесе Конференцијата на претседатели на Парламентот, што ја сочинуваат Мецола и лидерите на пратеничките групи во ЕП меѓу финалистите избрани од страна на комисиите за надворешни работи и за развој, врз основа на предложената листа на номинирани кандидати. Право на номинирање на кандидати за наградата „Сахаров“ имаат пратеничките групи во Европарламентот или најмалку 40 европратеници. Овогодишни финалисти се активистките за правата на жените од Иран, двајца борци за човекови права од Никарагва и застапнички за легализација на абортусот од Полска, Салвадор и САД. Првите кандидати за наградата „Сахаров“ се починатата 22-годишна Џина Махса Амини и движењето „Жена, живот, слобода“ од Иран. Иранската активистка за женски права Амини беше уапсена и претепана од припадници на т.н. „морална полиција“ при нејзината посета на Техеран во септември 2022 година, затоа што „го носела хиџабот на неправилен начин“. Таа почина неколку дена подоцна, што предизвика масовни протести во Иран предводени од жени под слоганот „Жена, живот, слобода“. Демонстрантите протестираа против Законот за хиџаб и другите законски акти со кои се дискриминираат жените во Иран. Вторите овогодишни финалисти се Вилма Нуњез де Ескорсија и бискупот Роландо Хозе Алварез Лагос од Никарагва. Нуњез со децении се бори за заштита на човековите права во Никарагва, но и покрај прогонот таа останува во својата земја и продолжува со борбата за своите идеали. Бискупот од Матагалпа, Роландо Алварез е еден од водечките критичари на никарагванскиот претседател Даниел Ортега. Во февруари 2023 година, откако одби да ја напушти Никарагва, тој беше осуден на 26 години затвор и е под закана за одземање на државјанството. Последните кандидатки за наградата „Сахаров“ се три жени кои се борат за бесплатен, безбеден и легален абортус во Полска, Салвадор и САД. Првата од нив е полската активистка за заштита на правата на жените и членка на организацијата „Дрим тим за абортус“, Јустина Видрињска, која беше осудена на осум месеци општествено корисна работа затоа што и помогнала на една жена да абортира, втората е феминистката и социјална активистка Морена Херера, која се залага за безбеден и легален абортус во Салвадор, додека третата е американската акушерка Колин Мекниколас, која е застапник и промотер на репродуктивното здравје во САД. Наградата за слобода на мислата „Сахаров“ ја доделува Европскиот парламент секоја година од 1988-та на поединци или организации кои ги штитат човековите права и основните слободи. Таа е именувана по советскиот физичар и политички дисидент Андреј Сахаров и нејзиниот паричен надомест изнесува 50.000 евра. Инаку, покрај избраните финалисти за овогодишната награда „Сахаров“ беа номинирани и технолошкиот магнат и сопственик на „СпејсИкс“, „Тесла“ и „Х Корп“ (поранешен „Твитер“), Илон Маск, еколошката активистка од Уганда, Ванеса Накате и поранешната грузиска јавна правобранителка Нино Ломжарија. Минатата година наградата „Сахаров“ му беше доделена на украинскиот народ, а меѓу досегашните нејзини лауреати се и Нелсон Мандела, Малала Јусафзаи, Кофи Анан, Александар Дупчек, Алексеј Навални, Ибрахим Ругова, Обединетите нации, организацијата Репортери без граници и демократските опозиции во Белорусија и Венецуела. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evroparlamentot-ke-gi-soopshti-dobitnitsite-na-nagradata-saharov-za-2023-godina/feed/ 0
Победникот на типстер купот на „Sport Life“ ги зеде клучевите од станот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pobednikot-na-tipster-kupot-na-sport-life-gi-zede-kluchevite-od-stanot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pobednikot-na-tipster-kupot-na-sport-life-gi-zede-kluchevite-od-stanot/#respond Mon, 11 Sep 2023 11:04:47 +0000 https://kurir.mk/?p=876896

Премијата на Типстер Куп сезоната 2022/2023 – станот во Џевахир Скај Сити, ја освои Владимир Трајчев од Струмица. Трајчев до највредната награда стигна благодарение на еден фeноменален тикет уплатен пред крајот на акциската игра која траеше 10 месеци, во периодот од септември 2022 година до јуни 2023 година.
Го сакам спортот и најмногу следам фудбалски мечеви. Често играм во обложувалница, но тоа е за забава. Не играм на многу вложени пари. Најчесто правам тикети со многу мечеви. Ги следам акциските игри на Sport Lifе, посебно Типстер купот. Тој е најатрактивен бидејќи и главната премија е најголема“, вели среќниот Владимир.
Победата ја остварил со добитен тикет од 12 пара и вкупен коефициент од 1005, и тоа на 27 јуни, три дена пред крајот на финалната етапа. Следниот ден направил тикет само со 10 коефициент за да го зголеми вкупниот добитен коефициент. Инаку уплаќал тикети од по 20 денари, со повеќе натпревари за повисок вкупен коефициент. Се случувало и за еден гол да не погоди тикет, но упорноста и среќата на крајот му се исплатиле. Типстер шампионот вели дека и во минатото имал добитни тикети, но дека ниту еден не бил толку вреден како овој, со кој освен 17.097 денари, заработил и стан токму како подарок за сопствената свадба која ја има закажано за помалку од еден месец. Покрај честитките за добитникот, од Sport Life истакнуваат дека постојано ја збогатуваат понудата на игри и активности за своите верни членови, па така оваа година следува нова сезона на Типстер куп натпреварот, при што секој месец ќе се доделуваат 100.000 денари за најмногу погодени тикети во месецот, потоа ново СЛ мени, со разновидни бонуси и добивки за секој ден од неделата, а новитет е „Среќна 13-ка“ или „Спортска по твое“. Оваа акциска понуда ќе трае од септември до јуни следната година и секој месец ќе бидат доделувани премии за погодени 13 натпревари на тикет и тоа по избор на играчот од цел билтен, без ограничување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pobednikot-na-tipster-kupot-na-sport-life-gi-zede-kluchevite-od-stanot/feed/ 0
Лејди Гага не сака да ја исплати наградата од 500.000 долари за пронаоѓањето на нејзините кучиња https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/lejdi-gaga-ne-saka-da-ja-isplati-nagradata-od-500-000-dolari-za-pronaoganeto-na-nejzinite-kuchina/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/lejdi-gaga-ne-saka-da-ja-isplati-nagradata-od-500-000-dolari-za-pronaoganeto-na-nejzinite-kuchina/#respond Fri, 16 Jun 2023 16:43:08 +0000 https://kurir.mk/?p=846615

Познатата пејачка Лејди Гага ги изгубила своите кучиња во 2021 година, но кога и биле вратени, таа одбила да ја плати ветената награда. Кучињата биле украдени под закана од пиштол од лицето кое ги носел на прошетка. Станува збор за два од трите француски булдози кои биле украдени откако крадците пукале кон човекот кој ги шетал, додека третото куче побегнало. Лејди Гага понуди награда од 500.000 долари на тој што ќе и ги врати кучињата. Џенифер Мекбрајд ги вратила кучињата живи и здрави, но пејачката се предомислила два месеци подоцна кога тројца крадци биле уапсени поради грабеж и обид за убиство. Покрај тоа, има сомнежи дека жена која наводно им помогналае токму личноста која ги вратила кучињата. Откако слушнала за обвинувањата, Лејди Гага одбила да ја плати ветената награда, па Џенифер Мекбрајд решила да поднесе тужба. Од друга страна, пејачката бара од судот во Лос Анџелес да ги отфрли обвиненијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/lejdi-gaga-ne-saka-da-ja-isplati-nagradata-od-500-000-dolari-za-pronaoganeto-na-nejzinite-kuchina/feed/ 0
Објавен Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2023 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-konkursot-za-dodeluvane-na-drzhavnata-nagrada-sv-kliment-ohridski-za-2023/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-konkursot-za-dodeluvane-na-drzhavnata-nagrada-sv-kliment-ohridski-za-2023/#respond Wed, 31 May 2023 08:16:06 +0000 https://kurir.mk/?p=840765

Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2023 година. Конкурсот ќе трае од 1 до 30 јуни 2023 година, соопшти денеска Министерството за култура. -Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност, се вели во соопштението од Министерството за култура. Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди. Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата. Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура. Државната награда се врачува во Собранието на 8 Декември – Ден на св. Климент Охридски. Државната награда „Св. Климент Охридски“ првпат е доделена во 1969 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-konkursot-za-dodeluvane-na-drzhavnata-nagrada-sv-kliment-ohridski-za-2023/feed/ 0
Уште една причина за славење во семејството Ражњатовиќ, откако дозна дека Анастасија е бремена, Цеца вчера во куќата ја внесе оваа скапоцена работа (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ushte-edna-prichina-za-slavene-vo-semejstvoto-razhnatovik-otkako-dozna-deka-anastasija-e-bremena-tsetsa-vchera-vo-kukata-ja-vnese-ovaa-skapotsena-rabota-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ushte-edna-prichina-za-slavene-vo-semejstvoto-razhnatovik-otkako-dozna-deka-anastasija-e-bremena-tsetsa-vchera-vo-kukata-ja-vnese-ovaa-skapotsena-rabota-foto/#respond Fri, 28 Apr 2023 07:55:30 +0000 https://kurir.mk/?p=828554

Фол пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ не ја симнува насмевката од лицето! Вчера како бомба во медиумите одекна веста дека нејзината ќерка Анастасија  е бремена. Анастасија  е бремена во четвртиот месец и ќе роди девојче. Таа и Немања Гудељ нетрпеливо чекаат да го видат својот наследник. Цеца меѓу првите ја дозна оваа радосна вест. Цеца на прославата на раѓањето на малиот Крстан изјави дека едвај чека да добие внука. - Се надевам дека ќе имам десет внуци. Би сакале и тие да имаат девојче, јас би банкротирала, изјавила тогаш пејачката. Цеца синоќа за прв пат се појави во јавноста откако се дозна дека Анастасија е бремена. Пејачката дојде во „Националниот музички совет“ на РТС, каде и беше доделена награда за животно дело. Цеца за оваа пригода избра долг бел фустан и сребрени сандали. Сите забележаа дека Цеца е расположена и дека не ја симнува насмевката од лицето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ushte-edna-prichina-za-slavene-vo-semejstvoto-razhnatovik-otkako-dozna-deka-anastasija-e-bremena-tsetsa-vchera-vo-kukata-ja-vnese-ovaa-skapotsena-rabota-foto/feed/ 0
Избрани 19 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izbrani-19-romani-vo-prvata-selektsija-za-nagradata-roman-na-godinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izbrani-19-romani-vo-prvata-selektsija-za-nagradata-roman-na-godinata/#respond Fri, 17 Feb 2023 07:20:28 +0000 https://kurir.mk/?p=801571

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а во состав Симона Јованоска (претседател), Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ја направи првата селекција од пристигнатите 35 романи, избирајќи 19 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда. Жири-комисијата констатира дека годинашната продукција се одликува со широка жанровска и тематска разноликост. Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 15 март. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 24-ти пат, соопшти Фондацијата „Славко Јаневски“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izbrani-19-romani-vo-prvata-selektsija-za-nagradata-roman-na-godinata/feed/ 0
Саудиски принц богато ги награди фудбалерите на Ал Хилал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/saudiski-prints-bogato-gi-nagradi-fudbalerite-na-al-hilal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/saudiski-prints-bogato-gi-nagradi-fudbalerite-na-al-hilal/#respond Wed, 08 Feb 2023 16:52:30 +0000 https://kurir.mk/?p=797998

Милијардерот од Саудиска Арабија, принцот Алвалед бин Талал, ќе им додели бонус од еден милион ријали (266.500 долари) на секој фудбалер на Ал Ахли за победата од 3-2 над бразилски Фламенго и пласманот во финалето на Светското клупско првенство во Мароко. Принцот Алвалед, кој е претседател на групацијата „Kingdom Holding“, е голем навивач на Ал Хилал и објави на социјалните мрежи дека ќе ги награди играчите со сличен износ доколку победат во саботното финале. Паралелно со ова, саудискиот спортски канал „SSC“ јави дека секој фудбалер на Ал Хилал ќе биде награден со 500.000 ријали од саудискиот министер за спорт, за пласманот во финалето. Ал Хилал стана прва саудиска екипа која обезбеди пласман во финале на Светското клупско првенство, во кое в сабота ќе игра против победникот од второто полуфинале меѓу европскиот првак Реал Мадрид и египетски Ал Ахли. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/saudiski-prints-bogato-gi-nagradi-fudbalerite-na-al-hilal/feed/ 0
Пендаровски ја врачи Големата годишна награда за најуспешно архитектонско дело во 2022 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ja-vrachi-golemata-godishna-nagrada-za-najuspeshno-arhitektonsko-delo-vo-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ja-vrachi-golemata-godishna-nagrada-za-najuspeshno-arhitektonsko-delo-vo-2022-godina/#respond Tue, 27 Dec 2022 08:59:24 +0000 https://kurir.mk/?p=781022

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер ја врачи Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2022 година на Марија Димитриевска и Елена Пазарџиевска, авторките на проектот Вила за современо домување, викенд населба на велешко езеро Младост. Големата годишна награда се доделува во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а претседателот Пендаровски е покровител на традиционалната манифестација. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски истакна дека оваа манифестација дава извонредна можност да се фрли поглед врз актуелните случувања во македонската архитектура која ги одразува општествените, економските, технолошките и естетските тенденции на национално и меѓународно ниво. Тој рече дека градителството во транзицијата кај нас е обременето од трката за брза заработка и посочи на дилемата со која се соочува секој архитект, како да се задоволи барањето на инвеститорите, а да не се згази врз сопствениот творечки талент и да се гради по мерка на човекот и неговите потреби. Претседателот ги истакна новите генерации македонски архитекти, за кои рече дека се достојни наследници на нашата позната традиционална архитектура, која сведочи за нашето постоење, нашата култура, етика и хуманизам. „Посакувам и понатаму да опстојувате на своите убедувања и естетика не правејќи компромис и не компромитирајќи се без разлика на околностите и карактерот на времето во кои живееме. Впрочем, вие сте дел од интелектуалното и критичко јадро во општеството и таа своја улога не смеете да ја загубите или релативизирате“, порача претседателот Пендаровски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ja-vrachi-golemata-godishna-nagrada-za-najuspeshno-arhitektonsko-delo-vo-2022-godina/feed/ 0
Полскиот премиер се повлече од намерата за бонуси за фудбалерите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/polskiot-premier-se-povleche-od-namerata-za-bonusi-za-fudbalerite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/polskiot-premier-se-povleche-od-namerata-za-bonusi-za-fudbalerite/#respond Tue, 06 Dec 2022 21:49:25 +0000 https://kurir.mk/?p=771973

Соочен со растечката инфлација и тешката економска состојба во земјата, премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, денеска се повлече од својата првична изјава да им биде доделен бонус на фудбалските репрезентативци за остварениот резултат на Светското првенство во Катар. Станува збор за неочекуван пресврт бидејќи премиерот отстапи од намерата само неколку часови откако изјави дека полските фудбалери заслужуваат бонус за пласманот во нокаут фазата на мундијалот во Катар. Последен пат Полска избори место во осминафиналето на светските првенства пред 36 години. Поттикнат од растот на инфлацијата и тешките услови за живот на граѓаните, Моравјецки преку социјалните мрежи објави дека „нема да има пари од буџетот“ за бонуси за фудбалерите. На испраќањето на полската репрезентација на мундијалот во Катар, премиерот Моравјецки им вети на фудбалерите „многу добра награда“ доколку работите се одвиваат во посакуван правец. Медиумите тогаш шпекулираа дека на состанокот се зборувало за парична награда од најмалку 6.7 милиони долари.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/polskiot-premier-se-povleche-od-namerata-za-bonusi-za-fudbalerite/feed/ 0
Општина Аеродром е наградена со Европска ознака за извонредност на управувањето https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-e-nagradena-so-evropska-oznaka-za-izvonrednost-na-upravuvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-e-nagradena-so-evropska-oznaka-za-izvonrednost-na-upravuvanjeto/#respond Tue, 22 Nov 2022 14:29:17 +0000 https://kurir.mk/?p=764890

Општина Аеродром денеска беше наградена со Европска ознака за извонредност на управувањето, а на денешниот настан наградата ја прими Градоначалникот Тимчо Муцунски. Оваа награда ја доделува Советот на Европа, преку Европската организација за локална демократија АЛДА и со себе го носи престижниот сертификат ElоGe (Еuropean Label of Governance Excellence) што всушност е доказ дека Општина Аеродром покажала високо ниво на демократско владеење преку прифаќање на 12-те начела за добро демократско управување усвоени од страна на Советот на Европа. Станува збор за награда по успешно спроведена самоевалуација, а која уште еднаш потврдува дека Општина Аеродром работи транспарентно, ефикасно, иновативно и е отворена за воведување позитивни промени со што се доближува до граѓаните и од ден на ден сѐ повеќе ја добива нивната доверба. „Ми претставува голема чест што нашата Општина Аеродром ја доби оваа значајна награда, која е од исклучително значење за сите нас и се надевам дека нема да запреме тука. Ова е само уште еден поттик да продолжиме со процесот кој подразбира постојано унапредување на работата, а со тоа и да останеме посветени на создавање уште подобри услови за аеродромци“, истакна градоначалникот Муцунски. Покрај Општина Аеродром, на денешниот настан во Скопје, оваа награда ја добија уште осум општини од Македонија, како и шест од Косово и три од Хрватска, со што се докажува дека регионалната соработка и меѓусебната поврзаност е од огромно значење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-e-nagradena-so-evropska-oznaka-za-izvonrednost-na-upravuvanjeto/feed/ 0