Нахчиван – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 13 Aug 2022 20:29:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нахчиван – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Запуштено место каде жителите не се разболуваат, а туристите си одат излекувани https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zapushteno-mesto-kade-zitelite-ne-se-razboluvaat-a-turistite-si-odat-izlekuvani/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zapushteno-mesto-kade-zitelite-ne-se-razboluvaat-a-turistite-si-odat-izlekuvani/#respond Sat, 13 Aug 2022 20:24:44 +0000 https://kurir.mk/?p=718126

Големи се шансите да не сте слушнале за Република Нахчиван, го почнуваат својот извештај новинарите на Би-Би-Си кои го посетиле ова место. Оваа република всушност е територија на Азербеџан и се наоѓа вон нејзините граници, односно опкружена од други земји, во овој случај Ерменија, Иран и Турција. Главниот град на оваа република го носи истото име како и земјата, Нахчиван. Посетителите го опишуваат како едно од најзапуштените места на поранешниот Советски сојуз. Сепак новинарот Дејвид Мекардл вели дека неговите впечатоци се позитивни. Забележува дека никаде нема ѓубре, а улиците се нереално чисти. Во разговор со локалното население ја воочил нивната склоност кон самоодржливост. Изморени од економска зависност од други, жителите на Нахчиван се свртеле кон себе, сами огледуваат храна за своите потреби. Храната е одгледувана без пестициди и е целосно органска. Овчото месо е од блиските фарми, а рибите од езерата кои ги имаат, лековите билки од планините, а дури и солта е од подземни пештери. Жителите на оваа република со гордост велат дека се здрав народ кој не боледува од разни болести како останатите. Ако, на пример, некој се разболи од некое белодробно заболување имаат каде да се лекуваат. Едно од тие места е и пештерата Дуздаг во која луѓето доаѓаат на „пештерска терапија“. Всушност, тука доаѓаат луѓе од целиот свет особено за проблеми со белите дробови, астматичари, пушачи. И како што велат жителите на Нахчиван си одат излекувани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zapushteno-mesto-kade-zitelite-ne-se-razboluvaat-a-turistite-si-odat-izlekuvani/feed/ 0