најдолг лет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Feb 2021 07:45:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png најдолг лет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Луфтханза“ тргна на најдолгиот лет, ќе трае повеќе од 15 часа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lufthanza-trgna-na-najdolgiot-let-kje-trae-povekje-od-15-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lufthanza-trgna-na-najdolgiot-let-kje-trae-povekje-od-15-chasa/#respond Mon, 01 Feb 2021 07:45:41 +0000 https://kurir.mk/?p=462455

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ вчера тргна на најдолгиот лет без застанување во својата историја, од Хамбург до Фокландските Острови, што е лет долг 13.700 километри. Овој лет би требало да трае 15 часа и 35 минути, истакна портпарол на авиокомпанијата. На летот во воената база Маунт Плезант се наоѓаат истражувачи од германскиот Институт „Алфред Вегенер“ и новиот екипаж на германскиот истражувачки мразокршач, Поларстерн. Кога ќе се приземји на Фокландските Острови, екипажот ќе се префрли на мразокршачот, каде ќе помине два месеца на антарктичкото Веделово Море, собирајќи податоци за климатските услови. Во нормални услови екипажот би патувал преку Аргентина или Јужноафриканската Република на Антарктикот. Но сега, поради пандемијата на коронавирусот редовните летови не се можни. Пред заминувањето, патниците и екипажот на „Луфтханза“ поминале две недели во карантин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lufthanza-trgna-na-najdolgiot-let-kje-trae-povekje-od-15-chasa/feed/ 0
Овој лет надмина два рекорда: Дознајте за што станува збор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovoj-let-nadmina-dva-rekorda-doznajte-za-shto-stanuva-zbor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovoj-let-nadmina-dva-rekorda-doznajte-za-shto-stanuva-zbor/#respond Fri, 15 Nov 2019 17:57:22 +0000 https://kurir.mk/?p=264635

Авионот Боинг 787-9 „Дримлајнер“ на австралискиот авиопревозник „Квантас“ изврши најдолг лет без слетување досега регистриран во патничката авијација, соопшти Си Ен Ен. Патничкиот авион тестираше лет на дестинацијата Лондон – Сиднеј. За време на летот, авионот се наоѓал постојано во воздух 19 часа и 19 минути и поминал 17.800 километри. Патувале 50 лица и четворица пилоти и биле надминати два рекорда – по далечина и по времето на летање. Откако полетал од меѓународниот аеродром Хитроу вчера рано наутро, за време на летот авионот ги преминал воздушните простанства на Германија, Полска, Белорусија, Русија, Казахстан, Кина, Филипини и Индонезија. Притоа, патниците имале можност двапати да го видат изгрејсонцето. Претходниот рекорд, исто така, беше на авион Боинг 787-9 „Дримлајнер“ на истата компанија со лет што се случи на 21 октомври на дестинацијата Њујорк-Сиднеј. Авионот беше во воздх 19 часа и 16 минути со девет членови на екипажот и 40 патници. Патниците биле раководители на компанијата „Квантас“, меѓу кои и генералниот директор Алан Џојс, научници од уноверзитетот во Сиднеј, новинари и неколку постојани корисници на авиокомпанијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovoj-let-nadmina-dva-rekorda-doznajte-za-shto-stanuva-zbor/feed/ 0