најголем број – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Jul 2020 14:06:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png најголем број – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британија со најголем број дополнителни смртни случаи од Ковид-19 во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-so-najgolem-broj-dopolnitelni-smrtni-sluchai-od-kovid-19-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-so-najgolem-broj-dopolnitelni-smrtni-sluchai-od-kovid-19-vo-evropa/#respond Thu, 30 Jul 2020 14:06:20 +0000 https://kurir.mk/?p=383855

Во Велика Британија се регистрирани најголем број дополнителни смртни случаи во Европа во првата половина на 2020 година, додека Шпанија има највисок пик на жртви на новиот коронавирус, кој го опустоши континентот, соопшти британскиот Завод за статистика. Британската статистика покажува дека од крајот на февруари до средината на јуни, Англија имала поголем од просечен број смртни случаи за подолг период од сите европски земји. Шпанија е на второто место во однос на бројот на смртни случаи над нормата, дефинирана како број на жртви дополнително регистрирани над просекот за период од пет години, додека Шкотска беше најпогодена. Во меѓувреме, Шпанија го забележа и највисокиот национален пик на дополнителна смртност кон крајот на март, по што следи Италија, со тоа што некои локални окрузи пријавуваат 600-850 проценти над просечните бројки за смртни случаи. Анализата на британската статистика, која е нејзина прва меѓународна споредба со смртни случаи поврзани со Ковид-19, се заснова на податоците објавени од канцеларијата за статистика на Европската унија, Евростат, која исто така собира информации од неколку земји што не се членки на ЕУ. Главниот град на Шпанија, Мадрид, е најголем град под најголем удар во Европа во однос на дополнителни жртви,со пик во неделата што заврши на 27 март. Лондонскиот округ Брент го забележа највисокиот пик на дополнителни жртви од која било област во земјата, додека Бирмингем го забележа највисокиот пик за град кон средината на април. Дневната бројка на смртни случаи од Ковид-19, статистика обезбедена од британската Влада, исто така покажува дека земјата претрпела најсмртоносна епидемија во Европа. Сепак, британскиот Завод за статистика веќе објави дека Велика Британија регистрирала 65.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното од првите неколку месеци од пандемијата до крајот на јуни. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-so-najgolem-broj-dopolnitelni-smrtni-sluchai-od-kovid-19-vo-evropa/feed/ 0
Во Индија најмногу новозаразени за еден ден од почетокот на епидемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-najmnogu-novozarazeni-za-eden-den-od-pochetokot-na-epidemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-najmnogu-novozarazeni-za-eden-den-od-pochetokot-na-epidemijata/#respond Thu, 09 Jul 2020 07:12:20 +0000 https://kurir.mk/?p=372256

Во Индија во последните пет часа се регистрирани повеќе од 100.000 нови случаи на коронавирус, а Министерството за здравство денеска пријави 24.879 новозаразени, што е најголемо дневно зголемување од почетокот на пандемијата. Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани вкупно 767.296 случаи на коронавирус, и Индија е трета во светот по бројот на заразени лица. Во последната недела, дневниот број на новозаразени лица во Индија не се спушти под 20.000, јави Си-Ен-Ен. Од почетокот на епидемијата во земјата починале вкупно 21.129 луѓе. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-najmnogu-novozarazeni-za-eden-den-od-pochetokot-na-epidemijata/feed/ 0