најк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 29 Apr 2023 06:22:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png најк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кевин Дурент потпиша доживотен договор со „Најк“. https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kevin-durent-potpisha-dozhivoten-dogovor-so-najk/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kevin-durent-potpisha-dozhivoten-dogovor-so-najk/#respond Sat, 29 Apr 2023 06:22:47 +0000 https://kurir.mk/?p=828878

Кевин Дурeнт ќе го предводи Феникс во полуфиналната серија на Западната конференција против Денвер во НБА лигата, а кошаркарската мегаѕвезда во меѓувреме потпиша значаен договор, со кој до крајот на животот ќе остане заштитно лице на компанијата „Најк“. Дурант првиот договор со оваа компанија го потпиша во својата дебитантска сезона во НБА, во 2007 година. Во изминатиот период беа произведени 15 модели на брендирани патики со потписот на големиот ас, во подготовка е и 16. модел, за соработката да биде крунисана до доживотниот договор потпишан денеска, со што Дурант ги следи стапките на Мајкл Џордан и на Леброн Џејмс, кои имаат вакви договори со американската компанија за спортска опрема. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kevin-durent-potpisha-dozhivoten-dogovor-so-najk/feed/ 0
Адидас ги продава по пола цена дресовите на Германија по дебаклот во Катар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-gi-prodava-po-pola-cena-dresovite-na-germanija-po-debaklot-vo-katar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-gi-prodava-po-pola-cena-dresovite-na-germanija-po-debaklot-vo-katar/#respond Sat, 03 Dec 2022 06:07:59 +0000 https://kurir.mk/?p=770457

Еден ден по елиминацијата на германската фудбалска репрезентација од Светското првенство во Катар, производителот на спортска опрема „Адидас“, кој е спонзор на Германија, на својата интернет-страница ги намали цените на германските дресови за 50 отсто. Адидас се најде во проблем бидејќи само три од седумте репрезентации кои ги носеа неговите дресови се пласираа во осминафиналето, а успехот на репрезентациите многу влијае на продажбата на дресови и друга опрема. Адидас во пресрет на Мундијалот пресметал дека од продажбата на дресови и друга опрема за време на Мундијалот ќе заработи околу 400 милиони евра, но раната елиминација на Германија во голема мера ги наруши таквите пресметки. „Иако испаѓањето на Германија тешко не погоди, ние имаме корист од меѓународниот ентузијазам“, рече портпаролот на Адидас. За разлика од „Адидас“, американски „Најк“ има многу повеќе причини да биде задоволен, бидејќи во осминафиналето неговата опрема ќе ја носат дури девет репрезентации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-gi-prodava-po-pola-cena-dresovite-na-germanija-po-debaklot-vo-katar/feed/ 0
ВИДЕО: Брилијантна реклама на „Најк“ за СП заедно со Мбапе, Роналдо, Роналдињо… https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-brilijantna-reklama-na-najk-za-sp-zaedno-so-mbape-ronaldo-ronaldinjo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-brilijantna-reklama-na-najk-za-sp-zaedno-so-mbape-ronaldo-ronaldinjo/#respond Wed, 16 Nov 2022 17:06:20 +0000 https://kurir.mk/?p=761919

Традиционално, најголемите светски компании го користат Мундијалот за да направат реклама и да го споделат својот бренд со фудбалските фанови. Вниманието кое го привлекува Светското првенство е доволна причина за огромните суми кои се трошат за правење што е можно подобра реклама. Компанијата за спортска опрема „Најк“ во својот клип им оддава почит на легендите од минатото со т.н „ГОАТ експеримент“. Видеото започнува со група научници кои ја телепортираат француската суперѕвезда Килиан Мбапе во просторија за тестирање заедно со бразилската легенда Роналдињо, кој е дигитално вратен во најдобрите денови во Барселона. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-brilijantna-reklama-na-najk-za-sp-zaedno-so-mbape-ronaldo-ronaldinjo/feed/ 0
После 28 години „Најк“ целосно се повлекува од рускиот пазар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/posle-28-godini-najk-celosno-se-povlekuva-od-ruskiot-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/posle-28-godini-najk-celosno-se-povlekuva-od-ruskiot-pazar/#respond Fri, 24 Jun 2022 07:32:35 +0000 https://kurir.mk/?p=694984

Американскиот гигант за спортска облека „Најк“ соопшти дека целосно го напушта рускиот пазар, три месеци по суспендирањето на сите свои операции во земјата. Компанијата објави дека им се придружува на другите големи западни брендови во напуштањето на рускиот пазар поради тековната инвазија на Украина. „Продавниците неодамна беа привремено затворени и нема повторно да се отворат“, соопшти компанијата, додавајќи дека нејзината руска веб-страница и апликација, исто така, ќе биде затворена. На почетокот на март, „Најк“ ја суспендираше онлајн продажбата во Русија и неколку дена подоцна привремено ги затвори сите свои продавници, вклучително и оние што работат со договори за франшиза. „Најк“ беше активен на рускиот пазар 28 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/posle-28-godini-najk-celosno-se-povlekuva-od-ruskiot-pazar/feed/ 0
Најк целосно се повлекува од Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najk-celosno-se-povlekuva-od-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najk-celosno-se-povlekuva-od-rusija/#respond Thu, 23 Jun 2022 14:24:11 +0000 https://kurir.mk/?p=694731

Американскиот малопродажен синџир за спортска облека и обувки Најк објави дека целосно се повлекува од Русија поради руската инвазија на Украина. „Најк одлучи да го напушти рускиот пазар. Наш приоритет е да обезбедиме целосна поддршка на нашите вработени бидејќи одговорно ги намалуваме нашите операции во Русија во наредните месеци“, се вели во соопштението на Најк објавено од Ројтерс. Одлуката за целосно повлекување на Најк доаѓа неколку месеци откако компанијата престана да прифаќа онлајн нарачки од руски купувачи бидејќи плаќањата стануваат сè покомплицирани оти Западот воведе санкции кон Русија. Откако Русија ја нападна Украина, многу западни брендови го осудија нападот и ги прекинаа своите акктивности во Русија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najk-celosno-se-povlekuva-od-rusija/feed/ 0
Федерер заработил неверојатни шестотини милиони долари од разделбата со „Најк“! https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/federer-zarabotil-neverojatni-shestotini-milioni-dolari-od-razdelbata-so-najk/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/federer-zarabotil-neverojatni-shestotini-milioni-dolari-od-razdelbata-so-najk/#respond Thu, 07 Oct 2021 08:58:18 +0000 https://kurir.mk/?p=574556

Рожер Федерер е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, но убедливо најдобар кога е во прашање маркетинг делот и инкасираните средства од страна на спонзорите. Швајцарецот во овој момент е недопирлив на врвот како спортист кој добива најмногу годишни примања од спонзори и е далеку пред ѕвезди како Роналдо, Меси и Леброн ( заработува 90 милиони долари), но по објавената Форбс листа пред извесно време, сега со интересно тврдење се јави и Џо Помплијано, познат бизнис експерт кој го истражува потеклото на парите во спортската сфера. Помплијано открива дека Федерер остварил неверојатна и нестварна заработка во последните две и пол години, и тоа откако решил да стави крај на долгогодишната соработка со „Најк“. Американскиот бренд го загуби Федерер од својата листа на амбасадори во 2018-та година кога не беше продолжен договорот според кој тенисерот од Базел добиваше 10 милиони долари годишно, од едноставна причина што „Најк“ не сакал да ја израмни понудата од јапонскиот бренд. „Уникло“ му понуди десетгодишен договор на Федерер вреден 300 милиони долари и Рожер доста брзо го прифати, а поволна вест за Швајцарецот беше и тоа што Јапонците се обврзаа да го доисплатат дури и во ситуација тој да се повлече од професионалното играње тенис пред истекот на договорот. Федерер има загарантирани 30 милиони годишно до 2028-ма година, но покрај вкупните 300 милиони долари од „Уникло“, Помплијано тврди дека тој ќе инкасира уште најмалку толку поради ситниот влог во швајцарски бренд за патики. Откако потпиша за „Уникло“, Федерер продолжи да носи патики на „Најк“ уште некое време, но потоа вложи во швајцарската компанија „On Running“ и се здоби со 3 проценти од акциите поради почетниот влог и капиталот. Две години подоцна, акциите на швајцарскиот бренд за патики пораснаа вртоглаво и бизнисот се проценува на 10 милијарди долари, што значи дека почетниот влог на Федерер сега вреди 300 милиони долари. Рожер е заштитно лице на „On Running“ и веќе беа направени неколку авторизирани модели со негов потпис, а проценките се дека почетниот влог на швајцарскиот маестро дополнително ќе расте во наредните неколку години. По вакви зделки, не е ни чудо што Федерер е само еден од шесте спортисти во историјата кои имаат инкасирано повеќе од една милијарда долари во кариерите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/federer-zarabotil-neverojatni-shestotini-milioni-dolari-od-razdelbata-so-najk/feed/ 0
ФОТО: „Најк“ лансира патики со „Плејстејшн 5“ мотиви https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-najk-lansira-patiki-so-plejstejshn-5-motivi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-najk-lansira-patiki-so-plejstejshn-5-motivi/#respond Wed, 28 Apr 2021 07:17:41 +0000 https://kurir.mk/?p=503099

Компанијата за спортска облека и опрема, „Најк“ наскоро планира да пушти в продажба патики дизајнирани со мотиви на конзолата „Плејстејшн 5“ на Сони. Две верзии на патики „ПГ-5 x ПС-5“, со различни комбинации на бои се појавија на Инстаграм на крајот од март, а сега е познато дека продажбата ќе почне во мај. Патиките ќе чинат 110 долари (91 евро). Претходните модели кои произлегоа од соработката на „Плејстејшн“ и „Најк“ беа во многу ограничен број, па анегдотата вели дека купувачите имаат поголема веројатност да дојдат до конзолата ПС-5 отколку до овој модел на патики. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-najk-lansira-patiki-so-plejstejshn-5-motivi/feed/ 0
Најки патиките со потпис на Коби, се враќаат на пазарот https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/najki-patikite-so-potpis-na-kobi-se-vrakjaat-na-pazarot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/najki-patikite-so-potpis-na-kobi-se-vrakjaat-na-pazarot/#respond Fri, 08 May 2020 09:30:03 +0000 https://kurir.mk/?p=343434

Патиките на Најки со потписот на Коби Брајант се враќаат на светскиот пазар следната 2021 година, и тоа, како што говорат гласините – со надградена технологија. Компанијата во јануари годинава, веднаш по неговата смрт, ги повлече патиките и другите реквизити со потписот на Брајант, заради спречување незаконско размножување на самата линија производи. Повлекувањето беше најавено како привремена мерка, поради преосмислување на натамошната маркетинг-стратегија на брендот. Патиките на Брајант се меѓу најпопуларните на Најки, а особено се претпочитани меѓу кошаркарите на НБА. Легендарниот кошаркар активно учествувал во самото дизајнирање на патиките со негов потпис од 2010 година, кога тој првпат ги претстави како дел од Лос Анџелес лејкерс во натпревар против неговиот Најки „соперник“ Леброн Џејмс и неговите Мајами хит. Оригиналниот дизајн во зелени нијанси, на пазарот за препродажба достигнува понуди од 1.500 до 3.600 долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/najki-patikite-so-potpis-na-kobi-se-vrakjaat-na-pazarot/feed/ 0
ФОТО: Најк ги повлекува патиките и сите предмети со потписот на Коби https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/foto-najk-gi-povlekuva-patikite-i-site-predmeti-so-potpisot-na-kobi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/foto-najk-gi-povlekuva-patikite-i-site-predmeti-so-potpisot-na-kobi/#respond Tue, 28 Jan 2020 11:16:17 +0000 https://kurir.mk/?p=295693

Најк ги повлекува своите патики и други реквизити со потписот на Коби Брајант, со цел да се спречи незаконско размножување на самата линија производи. Повлекувањето е привремено и се спроведува заради преосмислување на натамошната маркетинг-стратегија на Брендот. Патиките на Брајант се меѓу најпопуларните на брендот Најки, а особено се претпочитани меѓу играчите на НБА. Брајант активно учествуваше во процесот на дизајнирање на патиките со негов потпис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/foto-najk-gi-povlekuva-patikite-i-site-predmeti-so-potpisot-na-kobi/feed/ 0
ФОТО: Еден од првите модели на патики „Најк” продаден за речиси 440.000 долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-eden-od-prvite-modeli-na-patiki-najk-prodaden-za-rechisi-440-000-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-eden-od-prvite-modeli-na-patiki-najk-prodaden-za-rechisi-440-000-dolari/#respond Wed, 24 Jul 2019 09:02:59 +0000 https://kurir.mk/?p=221931

Еден од првите чифтови „Најк”, патики од линијата „Moon Shoe”, е продаден за рекордни 437.500 долари на интернет-аукција на „Сотби”. Патиките биле наменети за американските атлетичари, кои се подготвувале за Олимпијадата 1972 година. Од тој модел се произведени 12 чифта. Тој што бил ставен на наддавањето е единствениот што никогаш не бил обуен. Првичната проценка се движеше меѓу 110.000 и 160.000 долари. Претходниот рекорд – од 190.372 долари беше регистриран во 2017 година за патиките „Конверс фастбрејк”, носени од кошаркарската легенда Мајкл Џордан на финалето на Олимписките игри во 1984. Чифтот „Moon Shoe” го купи 61-годишниот канадски бизнисмен Мајлс Надал, кој има намера да го изложи во приватниот свој музеј во Торонто. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-eden-od-prvite-modeli-na-patiki-najk-prodaden-za-rechisi-440-000-dolari/feed/ 0