најсиромашна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 09 Jan 2021 07:53:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png најсиромашна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заеви јадат со златна лажичка, Македонија е најсиромашната, најнесреќната и најкорумпираната во Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dodeka-zaevi-jadat-so-zlatna-lazichka-makedonija-e-najsiromashnata-najnesrekjnata-i-najkorumpiranata-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dodeka-zaevi-jadat-so-zlatna-lazichka-makedonija-e-najsiromashnata-najnesrekjnata-i-najkorumpiranata-vo-evropa/#respond Sat, 09 Jan 2021 07:53:07 +0000 https://kurir.mk/?p=453032

Златниот прибор за јадење на Заеви е слика и прилика за тоа како се луксузира власта на сметка на сиромашните граѓани, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Лажната претстава која Заев ја создава околу себе е демантирана само со една слика на која се гледаат златните лажици, вилушки и ножеви на Заеви во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Половина милион луѓе живеат во сиромаштија со само две евра дневно, 54 илјади луѓе останаа без работа, а уште толку не земаат редовно плата. Десетици илјади семејства на тутунари, лозари и оризари не можат да си ги земат заработените пари, ама затоа луксузот на Заеви и на власта не смее да трпи. Лажниот социјалдемократ Заев е всушност апсолутист кој власта ја користи за лично богатење. Затоа во пикот на епидемијата тој наместо за животите и здравјето на граѓаните е опседнат со бизнисот со марихуана за да му обезбеди на своето семејство уште поголемо богатство. Тоа што починаа скоро 2.600 лица, а 85.000 беа заразени, очигледно не го спречува Заев да ужива во луксузот стекнат со матни зделки, сомнителни коруптивни и криминални набавки. Алчноста по злато и пари на Заев ја претворија Македонија во најсиромашна, најнесреќна и најкорумпирана држава во Европа. Додека Заеви јадат со златна лажичка, огромно мнозинство нема ни за леб, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dodeka-zaevi-jadat-so-zlatna-lazichka-makedonija-e-najsiromashnata-najnesrekjnata-i-najkorumpiranata-vo-evropa/feed/ 0
Светска банка: Македонија е најсиромашна на Балканот и во Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/svetska-banka-makedonija-e-najsiromashna-na-balkanot-i-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/svetska-banka-makedonija-e-najsiromashna-na-balkanot-i-vo-evropa/#respond Thu, 13 Feb 2020 19:00:15 +0000 https://kurir.mk/?p=303648

Со 52.210 долари богатството по глава на жител, Македонија е меѓу последните на Балканот и во Европа. Ова го покажува најновиот извештај на Светската Банка „Променливото богатство на нациите“ кој предвид зема повеќе категории. До вредноста на вкупното богатство на државите се доаѓа со собирање на повеќе категории и распределба на збирот со бројот на жители. Така Македонија по глава на жител има производствен капитал во вредност од 18.969 долари, природен капитал од 11.416 долари и човечки капитал од 24.770 долари и негативен капитал во странство од -2.945 долари. Производствениот капитал предвид ги зема урбаните површини, објектите, опремата и машините по тековни пазарни цени. Природниот капитал ги вклучува земјоделските површини, шумите, заштитените подрачја, резервите на нафта и руда. Човечкиот капитал го мери населението според статусот вработен/невработен и вредноста на вкупната заработка во текот на животот. Имотот во странство е збирот на сите долгови и побарувања на земјата кон надвор. Аналитичарите на Светската Банка тврдат дека ова мерење дава подобра слика за состојбата на одредена економија од стандардните макроекономски показатели како на пример Бруто домашниот производ (БДП). „Доколку се анализира само БДП може да даде погрешни сигнали за здравјето на одредена економија. Тој не ги одразува намалувањето и трошењето на ресурсите, ниту дали инвестициите и богатството држат темпо со растот на популацијата“ се наведува во Извештајот. Земјава е меѓу посиромашните во Европа, а и во регионот, со вкупно богатство од 52.210 долари по жител. На Балканот зад нас се единствено Босна и Херцеговина со 40.486 и Турција со 45.998 долари по глава на жител. Пред нас се Албанија со 53.107, Бугарија со 81.878, Романија со 107.022, Хрватска со 147.545, Грција со 227.925 и Словенија со 351.776. За Србија нема податоци. Најбогатите, пак, пет држави во светот се: Норвешка со 1 милион и 672 илјади долари по глава на жител, Катар со 1 милион и 597 милиони, Швајцарија со 1 милион и 466 илјади, Луксембург со 1 милион и 288 илјади и Кувајт со 1 милион и 123 илјади долари по глава на жител. Најсиромашните пет држави во светот се: Гамбија со 5.208, Мозамбик со 7.718, Бурунди со 7.579, Коморските острови со 8.836 и Гвинеја со 8.943.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/svetska-banka-makedonija-e-najsiromashna-na-balkanot-i-vo-evropa/feed/ 0