најсиромашни земји – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Oct 2021 13:40:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png најсиромашни земји – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најсиромашните земји добија само 14 отсто од ветените вакцини против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najsiromashnite-zemji-dobija-samo-14-otsto-od-vetenite-vakcini-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najsiromashnite-zemji-dobija-samo-14-otsto-od-vetenite-vakcini-protiv-kovid-19/#respond Thu, 21 Oct 2021 13:40:17 +0000 https://kurir.mk/?p=583193

Во анализата „Доза на реалноста: Како богатите земји и фармацевтските компании ги кршат ветувањата за вакцините“ на Сојузот за народни вакцини се наведува дека до најсиромашните држави доставени се 261 милиони вакцини против Ковид-19, што е само 14 проценти од 1,8 милијарди дози, колку што ветија богатите земји. – Речиси една година од кога вакцината е достапна, во најсиромашните делови од светот комплетно се вакцинирани со две дози 1,3 проценти од населението, се посочува во анализата. Најмногу дози обезбедиле САД, речиси 177 милиони, но тоа е само 16 од 1,1 милијарди колку што ветија, додека Јапонија испорача една третина од ветените дози односно 18,9 милиони. ЕУ, Исланд и Норвешка најавија 500 милиони дози, а испорачале 52 милиони. Велика Британија вети дека ќе донира 100 милиони дози за сиромашните земји, но досега достави помалку од 10 проценти односно 9,6 милиони, а Канада испорача 3,2 милиони односно осум проценти од ветените 40 милиони дози. Во анализата се наведува дека ветувањето не го одржаа и фармацевтските компании. Џонсон и Џонсон, Модерна, Астра Зенека и Фајзер-Бионтек ветија 994 милиони дози за меѓународната програма за дистрибуција на вакцини КОВАКС, но досега обезбедиле само 120 милиони, што е 15 пати помалку од 1,8 милијарди дози доставени до богатите земји. Џонсон и Џонсон и Модерна се уште немаат испорачано ниту една доза за КОВАКС. Сојузот за народни вакцини предупредува дека годинава најмалку 100 милиони дози вакцини би можеле да останат неискористени и да пропаднат поради на рокот на траење, а бројката до средина на 2022 година би можела да се искачи на 800 милиони. Сојузот за народни вакцини е меѓународна коалиција составена од повеќе од 50 организации, меѓу кои и Оксфам, Екшн Ејд, Амнести интернешенел, Афиркаски сојуз и УНАИДС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najsiromashnite-zemji-dobija-samo-14-otsto-od-vetenite-vakcini-protiv-kovid-19/feed/ 0
СДСМ со најмал процент на жени во политика, едно пред, друго по избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-so-najmal-procent-na-zeni-vo-politika-edno-pred-drugo-po-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-so-najmal-procent-na-zeni-vo-politika-edno-pred-drugo-po-izbori/#respond Tue, 08 Sep 2020 09:14:43 +0000 https://kurir.mk/?p=400507

СДСМ во предизборието промовираше еднакви права и обврски и за жените и за мажите. Но, како и секое ветување така и ова ветување на СДСМ не се реазлираше. Не само што не го реализираше, туку лидерот на СДСМ Зоран Заев и лажеше. Непосредно пред почеток на кампањата тој најави дека „Во секоја изборна единица СДСМ ќе има по двајца носители маж и жена. Ќе имаме двајца носители на листи, двајцата паралелно ќе го покриваат теренот. Тоа е еден нов квалитет, освен бројката од 50 отсто жени ќе имаме по една носителка на листа жена и по еден маж носител“. Најавата, поточно предизборната лага резултираше, колку за илустрација со помалку жени министри во Владата. Ако се спореди во претходната Влада на СДСМ имаше 5 министерства кои беа управувавни од жени, а сега во оваа Влада има 4 министерства кои се управувани од жени. Значи трендот е надолен, а не како што најавуваше Заев. За оваа дискриминација, за доделувањето на државната награда„8 Септември“ се огласи и познатата алпинистка Илина Арсова укажувајќи дека и државните награди се делат само на мажи. -Прочитав вест дека се објавени добитниците на државната награда „8 Септември“. Меѓу добитниците не прочитав ниту едно женско име! Малку истражив и се уверив дека и години наназад меѓу наградените спортисти нема жени. Сепак АМС веќе 7 години промовира „СТРАТЕГИЈА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ 2013-2020“?! Сите се сеќаваме на 2013 кога АМС направи голема неправда при доделување на наградите „Спортски оскар“, деградирајќи го успехот за искачување на Монт Еверест од прва жена од Македонија, пишува на својот фејсбук статус Арсова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-so-najmal-procent-na-zeni-vo-politika-edno-pred-drugo-po-izbori/feed/ 0
Светска банка бара од Г-20 да ги намали долговите на најсиромашните земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetska-banka-bara-od-g-20-da-gi-namali-dolgovite-na-najsiromashnite-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetska-banka-bara-od-g-20-da-gi-namali-dolgovite-na-najsiromashnite-zemji/#respond Sun, 19 Jul 2020 11:20:38 +0000 https://kurir.mk/?p=378345

Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас ги повика земјите од Г-20 да разговараат за намалување на долговите на најсиромашните земји со цел да се минимизираат економските влијанија на пандемијата на коронавирус. Тој ја предложи таа иницијатива за време на видео-конференција со министрите за финансии и гувернерите на централните банки. Според Малпас, пандемијата довела до „најголема глобална рецесија во последните децении“, влијаејќи особено на новите економии. – Ги повикувам Г-20 да го отворат патот за консултации, како и за ефективни начини за намалување на нето сегашната вредност и на официјалниот билатерален и на трговскиот долг за најсиромашните земји, рече Малпас. Покрај тоа, шефот на Светската банка ја објави потребата од продолжување на мораториумот за исплати на долгови од најсиромашните земји. – Ве повикувам да ја продолжите иницијативата за прекин на исплатата на долговите до крајот на 2021 година, рече тој, истакнувајќи дека е потребна транспарентност на сите билатерални кредитори, вклучително и националните банки. Според него, ситуацијата во земјите во развој се влошува. – Времето истекува. Треба да преземеме итни мерки за прекин на исплатата на долговите, да ги намалиме долговите, да најдеме механизми за нивно подмирување и да бидеме транспарентни, истакна Малпас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetska-banka-bara-od-g-20-da-gi-namali-dolgovite-na-najsiromashnite-zemji/feed/ 0