најскапи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Nov 2020 11:19:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png најскапи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Коронавирусот го смени рангот на најскапи градови во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-go-smeni-rangot-na-najskapi-gradovi-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-go-smeni-rangot-na-najskapi-gradovi-vo-svetot/#respond Wed, 18 Nov 2020 11:19:56 +0000 https://kurir.mk/?p=431166

Цирих и Париз ги потиснаа Сингапур и Осака од водечките места на новата ранг-листа на најскапи градови во светот, приклучувајќи му се на Хонг Конг со којшто го делат првото место. Неодамнешното истражување на британски „Економист“ за трошоците за живот, покажува дека корона-пандемијата влијаела на цените на стоките и услугите во повеќе од 130 градови до септември 2020 година. Според извештајот, скокот на Цирих и Париз на прво место се должи на зајакнувањето на швајцарскиот франк и еврото. – Пандемијата на Ковид-19 предизвика слабеење на американскиот долар, додека западноевропските и азиските валути зајакнаа во однос на тоа, што резултираше со зголемување на цените на стоките и услугите, вели Упасана Дут, раководителка на истражувањето. Трошоците за живот во Њујорк се користат како основен параметар за пресметување на овој индекс. „Во Сингапур, којшто сега е на четврто место, забележан е пад на цените поради напуштањето на странските работници. Самото население на овој град-држава се намали за првпат по 2003 година, па и побарувачката падна и се појави дефлација. Сличен тренд е забележан и во Осака (Јапонија), каде потрошувачките цени стагнираат, а јапонската Влада субвенционира цени, на пр. во јавниот превоз”, се вели во извештајот. Осака го дели петтото место со Тел Авив. Следуваат Женева и Њујорк, па Копенхаген и Лос Анџелес ги заокружуваат првите десет во светот, според трошоците за живот. Цените на повеќето производи и услуги останаа главно непроменети оваа година, освен некои категории. Цените на основните намирници, како што се храната и водата, беа стабилни, но слабата побарувачка доведе до голем пад на цените на облеката. Според Дут, ваквите трендови може да продолжат и во 2021 година, бидејќи потрошувачката е сè уште ограничена, што претставува притисок врз цените. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-go-smeni-rangot-na-najskapi-gradovi-vo-svetot/feed/ 0