„Најсреќниот човек на светот“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Oct 2022 09:24:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Најсреќниот човек на светот“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Најсреќниот човек на светот“ со македонска премиера на 27 октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najsrekjniot-chovek-na-svetot-so-makedonska-premiera-na-27-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najsrekjniot-chovek-na-svetot-so-makedonska-premiera-na-27-oktomvri/#respond Wed, 19 Oct 2022 09:21:23 +0000 https://kurir.mk/?p=747553

На 27 октомври во кино „Милениум“ во Скопје премиерно ќе се прикажува филмот „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона С. Митевска. Овој месец, филмот кој што е македонски претставник за „Оскар“, ќе се прикажува и на пет фестивали низ целиот свет. Како што најавија од продукција Митевски, во текот на месеците кои следат промоцијата на филмот низ светот ќе се одвива во силен ритам собирајќи нови признанија од селекција на престижни фестивали до ексклузивни прикажувања и започнување на редовно кино прикажување во многу земји. -Започнавме со ексклузивна проекција на филмскиот фестивал во Киев, Украина кое беше проследено со предавањето од страна на режисерот Теона С. Митевска. Полната сала во Киев, и крајно емотивната проекција на филмот во Киев проследена со звуци од сирени, зборува за значајноста на оваа приказна и овој филм кој крајно искрено говори за тешкотиите и можностите за помирувањето по воените разорувања, за длабоките траги и трауми кои остануваат врежани засекогаш кај сите оние зафатени од немилосрдниот виор на војната, истакна актерката Лабина Митевска.
Од Киев, „Најсреќниот човек на светот“ продолжува во Хаифа – Филмскиот Фестивал во Израел од 8 до 17. октомври каде ќе биде прикажан во исклучителната силна главна конкуренција. Потоа патува во Бразил на Интернационалниот филмски фестивал во Рио де Жанеиро кој започнува на 21. октомври. Во октомври филмот ќе биде прикажан и на Филмскиот фестивал во Загреб, по што веднаш следува и кино дистрибуција на филмот во Хрватска. Турнејата на „Најсреќниот човек на светот“ за десеттиот месец ќе заврши во Словенија, каде ќе се натпреварува за наградата „Весна“ за малцински копродукции на Филмскиот фестивал во Ровињ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najsrekjniot-chovek-na-svetot-so-makedonska-premiera-na-27-oktomvri/feed/ 0
Продадени сите билети за светската премиерa на „Најсреќниот човек на светот“ во Венеција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prodadeni-site-bileti-za-svetskata-premiera-na-najsrekjniot-chovek-na-svetot-vo-venecija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prodadeni-site-bileti-za-svetskata-premiera-na-najsrekjniot-chovek-na-svetot-vo-venecija/#respond Fri, 02 Sep 2022 06:58:20 +0000 https://kurir.mk/?p=727514

Светската премиера на најновиот филм на Теона С. Митевска – „Најсреќниот човек на светот“ на Венецискиот фестивал ќе се одржи денеска во 14:15 часот во сала „Darsena“. Од продукцијата информираат дека интересот за филмот е голем и продадени се сите карти за проекциите. – Венеција е посебен и најстар филмски фестивал и огромна е честа да бидеме тука, изјавија од продукцијата. Филмот е копродукција меѓу Северна Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска. Развојот и продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Еуримаж, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево. Агенцијата за филм е презадоволна од успехот на филмот досега и очекува успешен прием на филмот кај жирито и кај публиката. Ова е приказна за непредвидливоста на животот, случајните средби меѓу напаѓачот и жртвата, оживувањето на болното минато, ова е приказна за невозможни спојки, за љубовта и апсурдот. Филмот започнува како хумористична екскурзија и се развива во планина од искуства. Природниот ритам е тесно поврзан со техниките на распит додека се трага по вистината после насилство. Овој филм ги размотува слоевите емоции полека носејќи го гледачот до точка на вртоглавица. Во главните улоги се Јелена Кордиќ Курет и Аднан Омеровиќ, во споредна улога Лабина Митевска, потоа Ана Костовска и Николина Кујача, како и Фирдауз Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева од Северна Македонија во низа епизодни улоги заедно со Ксенија Маринковиќ од Хрватска, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ, Кемал Ризвановиќ од БиХ. мд/са/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prodadeni-site-bileti-za-svetskata-premiera-na-najsrekjniot-chovek-na-svetot-vo-venecija/feed/ 0
Филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на 2 септември премиерно ќе биде прикажан на Фестивалот во Венеција, потоа и во Торонто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmot-najsrekjniot-chovek-na-svetot-na-teona-strugar-mitevska-na-2-septemvri-premierno-kje-bide-prikazan-na-festivalot-vo-venecija-potoa-i-vo-toronto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmot-najsrekjniot-chovek-na-svetot-na-teona-strugar-mitevska-na-2-septemvri-premierno-kje-bide-prikazan-na-festivalot-vo-venecija-potoa-i-vo-toronto/#respond Tue, 30 Aug 2022 17:12:29 +0000 https://kurir.mk/?p=726166

Филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на 2 септември во 14:15 часот во киносалата „Darsena“ ја има светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција, а на 3 септември во 13:30 часот ќе биде прикажан во киносалата „Palabiennale“. По две децении, ова е прво учество на државава со мнозински проект во една од официјалните натпреварувачки програми на еден од трите најголеми фестивали во светот – Венеција. „Најсреќниот човек на светот“ е филм кој всушност говори за тешкотијата на помирувањето, кое е не опходно за да се може да се продолжи со животот во мир после војна. Сараево четири години беше под опсада и тероризиран со снајперски истрели со огромен број невини жртви. Овој филм говори за Асја, 40-годишна жена која се пријавува на организиран настан за барање партнер. Таму се среќава со Зоран, нејзин врсник, кој е дојден да се запознае токму со Асја, но тој не е дојден таму во потрага по љубов. Веднаш по Фестивалот во Венеција, „Најсреќниот човек на светот“ ќе има и северноамериканска премиера на International Film Festival во Торонто, кој ќе се одржи од 8 до 18 септември. Официјалните проекции ќе се одржуваат на 9 септември во киносала „ Scotiabank 13 – 310“ со почеток во 21:15 часот, и на 10 септември во киносала „Scotiabank 9 – 192“ со почеток во 21:45 часот. Филмот е копродукција меѓу Северна Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска. Развојот и продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Еуримаж, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmot-najsrekjniot-chovek-na-svetot-na-teona-strugar-mitevska-na-2-septemvri-premierno-kje-bide-prikazan-na-festivalot-vo-venecija-potoa-i-vo-toronto/feed/ 0
„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ќе учествува на Венецијанскиот филмски фестивал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najsrekjniot-chovek-na-svetot-na-teona-strugar-mitevska-kje-uchestvuva-na-venecijanskiot-filmski-festival/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najsrekjniot-chovek-na-svetot-na-teona-strugar-mitevska-kje-uchestvuva-na-venecijanskiot-filmski-festival/#respond Tue, 26 Jul 2022 12:17:31 +0000 https://kurir.mk/?p=710370

Долгометражниот филм „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ќе учествува на годинешниот Венецијански филмски фестивал. Станува збор за прво учество на нашата држава со мнозински проект, во една од официјалните натпреварувачки програми по речиси триесет години. „Најсреќниот човек на светот“ е во натпреварувачката програма „Хоризонти“, а ќе се натпреварува со уште 18 до 20 филма, за наградите за најдобра режија, најдобар филм, најдобра машка или женска улога, најдобро сценарио и специјална награда од жирито. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм, во продукција на Лабина Митевска. Станува збор за копродукција меѓу Северна Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска. Развојот и продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Еуримаж, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево. Директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски на денешната прес-конференција посочи дека македонскиот филм ниже успеси, а доказ за тоа се, како што рече, бројните учества на реномирани фестивали, како и номинациите и наградите кои ги добиваат. -Изминативе неколку години, македонскиот филм учествуваше на сите најзначајни фестивали, во Европа и сите позначајни фестивали на светско ниво. Но, не учествуваше со фразата „Битно е да се учествува“, туку освои големи значајни награди на истите овие фестивали, рече Лазаревски. Според директорот на Агенцијата за филм, македонските филмаџии веќе имаат стил кој се препознава во светски рамки. -Самата селекција во натпреварувачката програма на Венецијанскиот фестивал за „Најсреќниот човек на светот“ е огромен успех, сам по себе. Очекуваме пред сè одлично претставување, но се надеваме и на награди, бидејќи веруваме во овој филмски проект, додаде Лазаревски. Продуцентката Лабина Митевска денеска информираше дека „Сестри и брат Митевски“ продукција ја продолжи соработката со еден од најголемите светски продажни агенти, францускиот „Пирамид“. -Јас пред 30 години ја имав таа чест да бидам во Венеција со „Пред дождот“, а следната година беше „Прашина“ на Милчо Манчевски. Лично, имам многу силна сентиментална врска со Венецијанскиот фестивал. Таму, уште како тинејџерка, прв пат стапнав на црвениот килим и бев неповратно маѓепсана и досега се немав вратено со свој филмски проект и се разбира дека чувствувам неверојатна возбуда од самата помисла дека „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ме носи повторно на Лидо, на еден од трите најзначајни и најпрестижни фестивали, изјави Митевска на прес-конференцијата. Филмот се снимаше на локации претежно во Скопје во рок од пет недели, во просториите на Универзитетската библиотека „Св.Кирил и Методиј“, а недела дена во Сараево. Дел од подготовките се одвиваа во Словенија, додека постпродукцијата се работеше во Данска, монтажа и обработка на звук и слика, и дизајнот на звукот во Белгија. Во главните улоги се Јелена Кордиќ Курет и Аднан Омеровиќ, во споредна улога Лабина Митевска, потоа Ана Костовска и Николина Кујача, како и Фирдауз Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева од Македонија во низа епизодни улоги заедно со Ксенија Маринковиќ од Хрватска, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ, Кемал Ризвановиќ од БиХ. И овој пат на филмот работеше доминантна женска екипа. Косценарист на Теона е Елма Татарагиќ, директор на фотографија е Белгијанката Вирџини Сент Мартен, повторно десната рака на Теона е сценографот Вук Митевски, костимите на долгогодишниот соработник на Теона од Словенија Моника Лорбер и шминката на Мојца Горогранц Петрушевска. Монтажер на филмот е Пер Киркегард, од Данска, а дизајнер на звукот Ингрид Симон од Белгија. Кастингот е на Киријана Николовска, прв асистент на режија Раша Петровиќ, директор на филм Елена Станишева. „Најсреќниот човек на светот“ е филм кој всушност говори за тешкотијата на помирувањето, кое е неопходно за да се може да се продолжи со животот во мир после војна. Сараево четири години беше под опсада и тероризиран со снајперски истрели со огромен број невини жртви. Овој филм говори за Асја, четириесет годишна жена која се пријавува на организиран настан за барање партнер. Таму се среќава со Зоран, нејзин врсник, кој е дојден да се запознае токму со Асја, но тој не е дојден таму во потрага по љубов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najsrekjniot-chovek-na-svetot-na-teona-strugar-mitevska-kje-uchestvuva-na-venecijanskiot-filmski-festival/feed/ 0