најстар маж – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Feb 2020 07:51:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png најстар маж – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Почина наjстариoт мaж вo светот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-pochina-najstariot-maz-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-pochina-najstariot-maz-vo-svetot/#respond Tue, 25 Feb 2020 07:51:21 +0000 https://kurir.mk/?p=308419

Само 11 дена пред да наполни 113 години, највозрасниот маж во светот, Јапонецот Читецу Ватанабе почина. Тој беше роден  на 5 март 1907 година и пред неколку недели беше прогласен за рекордер со своите 112 години. На 12 февруари, тој официјално ја презеде титулата од друг Јапонец – Масаѕо Нонака, кој почина на 113-годишна возраст на крајот на јануари. Статистиката посочува дека Јапонците се најдолговечната нација на светот. Во 2015 година бројот на луѓето над 80-годишна возраст во таа земја надмина 10 милиони. Највозрасниот човек воопшто денес е 117-годишната Јапонка Кане Танака.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-pochina-najstariot-maz-vo-svetot/feed/ 0
Овој Јапонец е најстар човек на светот: Има 112 години, а за долговечност ги препорачува овие две работи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovoj-japonec-e-najstar-chovek-na-svetot-ima-112-godini-a-za-dolgovechnost-gi-preporachuva-ovie-dve-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovoj-japonec-e-najstar-chovek-na-svetot-ima-112-godini-a-za-dolgovechnost-gi-preporachuva-ovie-dve-raboti/#respond Mon, 16 Apr 2018 09:01:03 +0000 https://kurir.mk/?p=41187

Јапонецот Масазо Нонака кој има 112 години, официјално е прогласен за најстар маж на светот, соопшти Гинисовата книга на рекорди. Неговото семејство ја откри тајната на неговата долговечност, а тоа е слабост за слатки и долготрајно капење во извори со топла вода. На свеченоста во Ашора, на северниот јапонски остров Хокаиду, на Нонаки кој е роден на 25 јули 1905 година, официјално му е предадена потврдата дека со 112 години и 259 дена е најстариот човек на светот. Тој тоа место го „наследи“ од Франциско Нуњез Оливера, кој во февруари оваа година почина на 114 години. Јапонецот живее со своето семејство кое веќе со генерации држи традиционална јапонска гостилница „риокан“, каде гостите можат да се капат во вулкански извори на жешка вода. -Се движи во количка, но е во добра состојба, изјави неговата внука за Франс прес. Таа додала и дека тој ги обожава сите видови на бонбони, дека секој ден чита весници и често за бања во топлите извори. Тој има седум браќа и една сестра, се оженил во 1931 година и има пет деца. Од Гинис трагаат по најстарата жена на светот. Претходната рекордерка, Јамајканката Вајолет Браун, почина во јули 2017 година на 117 години. Јапонците се долговечни, па таму има повеќе кои биле најстари мажи на светот, меѓу нив е Џироемон Кимура , кој во 2013 година почина на 116 години и Сакари Момои, кој почина на 112 години во 2015 година. Според официјалните податоци, минатата година во Јапонија имало 68.000 стогодишници. Рекордот за долговечност и за жени и за мажи и понатаму го држи Французинката Жан Калман, која почина во 1997 година, со 122 години и 164 дена, наведува Гинис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovoj-japonec-e-najstar-chovek-na-svetot-ima-112-godini-a-za-dolgovechnost-gi-preporachuva-ovie-dve-raboti/feed/ 0