најстара жена на светот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Jan 2022 10:14:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png најстара жена на светот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Највозрасната жена на светот наполни 119 години – еве што ужива да јаде, а е многу штетно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najvozrasnata-zena-na-svetot-napolni-119-godini-eve-shto-uziva-da-jade-a-e-mnogu-shtetno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najvozrasnata-zena-na-svetot-napolni-119-godini-eve-shto-uziva-da-jade-a-e-mnogu-shtetno/#respond Mon, 03 Jan 2022 10:14:21 +0000 https://kurir.mk/?p=615723

Јапонката Кане Танака – највозрасната личност на светот, го прослави својот 119. роденден, објавувајќи дека е решена да го продолжи рекордот за уште една година. Танака, која, според наводите, ужива во газирани пијалаци и чоколадо, вчера го одбележала својот голем ден со вработените во домот за стари лица каде што живее – во префектурата Фукуока во југозападна Јапонија. Според Гинисовата книга на рекорди, статусот на Јапонката ѝ бил признат во март 2019 година, кога имала 116 години, па оттогаш само продолжува да го надградува својот рекорд. Танака е родена на 2 јануари 1903 година шест месеци пред Џорџ Орвел, на пример. Го доживеа владеењето на дури пет јапонски цареви, а се надева и дека ќе го прослави својот 120-ти роденден, објави новинската агенција Кјодо. Танака е една од големиот и сѐ поголемиот број јапонски стогодишници. Јапонското Министерство за здравство, во проценката од септември, во пресрет на годишниот Ден на почит кон старите лица, објави дека рекордни 86.510 лица имаат 100 или повеќе години, што е зголемување за 6.060 во споредба со претходната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najvozrasnata-zena-na-svetot-napolni-119-godini-eve-shto-uziva-da-jade-a-e-mnogu-shtetno/feed/ 0
Измама за Гинис: Најстарата жена на светот мамела, од сомнежот се изненадија сите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izmama-za-ginis-najstarata-zena-na-svetot-mamela-od-somnezot-se-iznenadija-site/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izmama-za-ginis-najstarata-zena-na-svetot-mamela-od-somnezot-se-iznenadija-site/#respond Thu, 03 Jan 2019 09:00:05 +0000 https://kurir.mk/?p=147712

Рускиот математичар Николај Зак и геронтологот Вслериј Новоселов тврдат дека Жан Калмент неоправдано е запишана во Гинисовата книга на рекорди како најстара жена на светот. Во книгата е наведено дека таа била родена на 21-ви февруари 1875 во францускиот град Арл , а починала на 4 август 1997 во домот за стари лица во родниот град. Но, Зак и Новоселов тврдат дека на тој датум во домот починала постарата ќерка на Жан, 99- годишната Ивон, која го презела идентитетот на својата мајка, откако таа починала во 1934 година. Според научното списание ResearchGate, Ивон го презела идентитетот на мајка си за да не мора да плати данок на наследство. Руските научници приложиле и докази, како лична карта на Жан и податоците за височината и бојата на косата и очите. Во случај семејството Калмент навистина да лаже, тогаш најстара жена која живеела на планетава би била Американката Сара Кнаус, која во моментот на смртта во 1999 имала 119 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izmama-za-ginis-najstarata-zena-na-svetot-mamela-od-somnezot-se-iznenadija-site/feed/ 0