највисока смртност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Nov 2020 09:54:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png највисока смртност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Албанија два пати помалку починати на милион жители од кај нас https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-albanija-dva-pati-pomalku-pochinati-na-milion-ziteli-od-kaj-nas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-albanija-dva-pati-pomalku-pochinati-na-milion-ziteli-od-kaj-nas/#respond Tue, 17 Nov 2020 09:54:59 +0000 https://kurir.mk/?p=430554

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани рекордни 40 починати од Ковид-19, што претставува најголема бројка од појавувањето на болеста. Со овие 40 вкупната бројка на починати од коронавирусот во Македонија се искачи на 1345, додека бројот на заразени достигна до 47 636. Овие бројки покажуваат дека ние сме лидери по број на смртни случаи во регионот но и пошироко. Ако ги споредиме бројките со соседна Албанија, кај нас има повеќе од дупло починати па и заразени ако сакате. Албанија од почетокот на пандемијата брои 631 жртви и 28 432 заразени. Додека пак ако направиме споредба на бројот на починати на милион жители стапката на смртност во Албанија е скоро два пати помала од кај нас. Меѓутоа, иако имаме секој ден се повеќе жртви, најава за нови рестрикции нема. Колку за потсетување владата на соседна Албанија од минатиот понеделник воведе повторно полициски час од 22:00 до 06:00. Надлежните кај нас остануваат на истите мерки, и испраќаат само апел за нивно доследно и целосно почитување. Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок донесе одлука да нема дополнителни рестриктивни мерки. Остануваат во сила истите мерки – забрана за работата на угостителски објекти после 21 часот, групирање на не повеќе од четири лица во текот на 24 часа, како и максимално почитување на протоколите на сите економски оператори. И додека Македонија секој ден брои се повеќе жртви, синоќа на телевизиско интервју министерот за Здравство Венко Филипче изваји дека сме имале стабилни бројки. -Засега имаме стабилни бројки и според епидемиолошката слика очекуваме во периодот кој следи да има се повеќе исписи на пациенти и да се намали приливот на нови болни. Сепак, мора да бидеме подготвени за секакво сценарио, рече министерот Филипче. Според министерот, состојбата со Ковид-19 е сериозна, и целиот задравствен персонал вложува надчовечки напор да го одржи системот и да ги згрижи сите пациенти. Појасни дека ни претстои период во кој треба да останеме смирени и да го дадеме максимумот и како лекари и како институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-albanija-dva-pati-pomalku-pochinati-na-milion-ziteli-od-kaj-nas/feed/ 0
Еуростат: Зголемена смртност во ЕУ за време на пандемијата на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eurostat-zgolemena-smrtnost-vo-eu-za-vreme-na-pandemijata-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eurostat-zgolemena-smrtnost-vo-eu-za-vreme-na-pandemijata-na-kovid-19/#respond Tue, 20 Oct 2020 12:10:19 +0000 https://kurir.mk/?p=418505

Бројот на починати граѓани на ЕУ во вториот квартал од оваа година е зголемен за 168.000 во споредба со истиот период во изминатите четири години, покажуваат податоците на Еуростат. Најголем дел од нив се починати на крајот од март и почетокот на април. Како што јави дописникот на МИА од Белград, во Еуростат забележуваат дека сите лица не се починати како резултат на пандемијата на коронавирус, но дека податоците може да се користат за проценка на директните и индиректните ефекти на пандемијата. Најголем број од 36.000 дополнително починати лица е регистриран во 14-та недела од оваа година, што го опфаќа крајот на март и почетокот на април. Од 19-та недела на почетокот на мај, бројот на смртни случаи неделно се зголемувал за околу 5.000. Сепак, во 25-та недела (почетокот на втората половина на јуни), регистрирани се 2.200 смртни случаи помалку. Најлошо било во Шпанија, каде починаа дополнителни 48.000 луѓе и во Италија, каде беа регистрирани 46.000 смртни случаи повеќе од претходно, по што следуваат Франција (30.000) и Германија и Холандија (по околу 10.000). Во преостанатите 21 земја-членка на ЕУ во тој период регистрирано е вкупно зголемување од 25.000 смртни случаи. Пандемијата ги погоди земјите и регионите на ЕУ на различни начини и со различен интензитет, а најтешко беа погодени регионите во централна Шпанија и северна Италија. Најголем број на дополнителни смртни случаи во однос на бројот на жители е забележан во Бергамо, Италија, каде што во 12-та недела од оваа година е регистрирано зголемување од 895 отсто починати и Сеговија во Шпанија со 634 проценти повеќе смртни случаи во 13-та недела. Истражувањето на Еуростат покажа дека мажите повеќе умирале во март и кон крајот на мај, а жените во април, додека најранливи биле граѓаните со над 70-годишна возраст, кои сочинуваат 98 отсто од дополнителните 168.000 смртни случаи во вториот квартал од оваа година. Во претходните години, оваа група жители претставуваше 76 проценти од вкупниот број смртни случаи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eurostat-zgolemena-smrtnost-vo-eu-za-vreme-na-pandemijata-na-kovid-19/feed/ 0
Македонија со највисока смртност од корона во регионот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-so-najvisoka-smrtnost-od-korona-vo-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-so-najvisoka-smrtnost-od-korona-vo-regionot/#respond Thu, 24 Sep 2020 08:43:12 +0000 https://kurir.mk/?p=407753

Од почетокот на пандемијата со коронавирусот до денес се регистрирани 710 смртни случаи. Македонија е на врвот по бројот починати лица споредено со соседните земји. Министерот Венко Филипче изјави дека во тек се анализите за смртноста на пациентите кои треба да бидат готови за една недела. Просечната возраст на починати од коронавирус во земјата изнесува 67 години, според пресметките на РСЕ. Во бројката не спаѓаат околу дваесетина лица за кои Министерството за здравство не ја соопштило точната возраст. Од почетокот на падемијата досега вкупната бројка на смртни случаи изнесува 710 лица. Во просек од 22 март кога беше забележан првиот смртен случај до денес на дневно ниво има по 4 починати лица. Првиот починат пациент беше 57 годишна жена од Куманово, а најмладата жртва е бебе кое на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија. Бебето кое почина на 30 мај, претходно беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19. Најголем број на починати од почетокот на пандемијата, имаше во јули кога беше забележана и најголема бројка на починати во еден ден. На 2 јули беа регистрирани рекордни 15 смртни случаи како резултат на коронавирус. Во јуни нема ниту еден ден без смртен случај. Во јули смртни случаи има на 22 и 27 , а во Август на 15 и 23, како и на 4 септември. Најмногу смртни случаи има во Скопје, па во Тетово и Куманово. За прв пат овој месец има и највисока бројка на починати млади лица, односно на двајца пациенти на 23 годишна возраст и еден на 29 години. Во август пак едно лице на 27 годишна возраст ја загуби битката со вирусот, а и во април беа забележани два смртни случаи на лица помлади од триесет години, односно еден пациент на 25 и еден на 27 годишна возраст. Министерот за здравство Венко Филипче на последна прес-конференција во однос на смртноста изјави дека се работи на интерни анализи на сите клиники и болници каде што се лекуваат пацинетите заразени со ковид-19. -Се анализираат податоци како возраст, хронични болести, претходни состојби, времиња на доаѓање во болница, а терапевтскиот протокол е насекаде ист и идентичен и тоа е нешто што често го дискутираме со директорите на клиниките и инфектолозите кои ги лекуваат овие пациенти. Веднаш кога ќе бидат готови овие анализи ќе ги презентираме на јавноста, рече Филипче. Институтот за јавно здравје соопшти дека изминатата недела се регистрирани 48 смртни случаи од ковид-19 од 17 града во земјава, што е зголемување од 77,7 отсто во однос на неделата претходно кога починале 27 лица. Споредено со првата недела од септември кога починале 20 лица, како што соопшти институтот зголемувањето е 140 отсто. Во однос на возраста кај починатите изминатата недела, 32 лица биле над 60 години, 8 на возраст од 50 до 59, 4 од 40 до 49 години, 3 од 20 до 29 и еден случај од 30 до 39 години. Од починатите, 42 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 35 починати лица. Анализите според Филипче би требало да бидат завршени за околу една недела, а во нив ќе влезе и анализата за возраста на пациентите. -Ние видовме многу комплексни и тешки форми на болеста. Форми кои никако не можевме да ги поврземе со ниту една претходна или актуелна фаза во којашто се наоѓа пациентот. Едноставно вирусот е многу непредвидлив. Не постои ниту еден фактор којшто може да им укаже на оние кои ги лекуваат овие пациенти во која форма и насока ќе се развива болеста. Тоа може да се види кога ќе тргне во некоја насока. Дали ќе биде лесна, средна или една од најтешките форми, меѓутоа нема ниту еден фактор кој може да влијае на предвидливоста. Сепак, овој вирус е нешто што никој не се соочил претходно. Не само кај нас, туку никаде во светот и верувам дека многу ќе научиме и од клиничките истражувања во однос на вирусот и карактеристиките кои ги има така што ќе ги почекаме анализите и верувам дека ќе бидеме спремни да извлечеме заклучови од тоа додаде Филипче. Смртноста од Ковид 19 во регионот Во споредба со земјите од соседството повисоко на листата на смртни случаи од Македонија се Бугарија со 767, потоа БиХ со 763 и Србија со 743 случаи. Но, сите три земји имаат далеку повеќе жители. Што значи дека Македонија е на прво место во соседството по негативниот биланс. Ако се направи споредба меѓу бројката на заболени и починати повторно Македонија се наоѓа на врвот на листата. До 23 септември се регистрирани 17.049 заболени, а од нив речиси 4,2 отсто го загубиле животот. За нијанса пониска е бројката во Бугарија од 4 проценти за разлика од БиХ, каде изнесува 2,9 отсто, а во Србија пак 2,2 отсто. Во другите соседни земји има далеку помалку починати лица. На пример Грција досега има забележано 352 смртни случаи, Албанија 367 и Црна Гора 146. Косово пак е веднаш зад Северна Македонија по бројката на смртност, односно 605 лица го загубиле животот од коронавирусот или 3,9 проценти од заболените. Кои се причините за високата смртност во Македонија? Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Александар Јованов изјави дека високата бројка на смртност е од две причини, едната е здравствениот систем, а другата начинот на пријавување. -Со тешките случаи најдобро се справи здравствениот систем на Германија, со тоа што уште од времето Германија има по глава на жител најголем број на интензивна нега, комплетно опремена со сè што треба. Ние не сме тој тип на држава со такво јако здравство. Другиот момент е што ние уште од почетокот значи сè што почина и во болница и надвор од болница и постмортем им земавме брисови и не сме промашиле ништо, затоа што мислевме дека во семејства каде што ќе почине некој и ако се земе брис и излезе дека е позитивен дека треба да се внимава на контактите, да се изолираат. Знам земји каде луѓе починати надвор од болница не беа воопшто ставени во таа статистика. Можам да ви гарантирам дека од почеток на епидемијата сè е транспарентно, сè е кажано до детаљ, што не сум сигурен дека е така и во другите земји, изјави Стојанов. Најголема бројка на заболени во државата на дневно ниво, односно 287 е регистрирана на 23 август. Во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи со Ковид-19. Починати се пет пациенти од кои по еден од Скопје, Дебар, Крива Паланка, Радовиш и Кочани, а оздравени се 102 пациенти. Со ова вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 17.049, бројката на оздравени пациенти е 14.186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.153.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-so-najvisoka-smrtnost-od-korona-vo-regionot/feed/ 0