највисока стапка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Nov 2020 14:48:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png највисока стапка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Белгија со највисока стапка на смртност од Ковид-19 во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-so-najvisoka-stapka-na-smrtnost-od-kovid-19-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-so-najvisoka-stapka-na-smrtnost-od-kovid-19-vo-svetot/#respond Mon, 09 Nov 2020 14:48:07 +0000 https://kurir.mk/?p=426998

Белгија ги надмина Перу и Шпанија во бројот на мртви од Ковид-19 на 100 илјади жители, јави дописничката на МИА од Брисел. Со 110 починати на 100 илјади жители, Белгија е сега земја со највисока стапка на смртност од Ковид-19 во цел свет, покрај досегашните „шампиони“, Перу, Шпанија и Бразил. Белгија беше меѓу најлошите ученици за време на првиот бран но ситуацијата набрзо се смири. Од август највисока стапка на смртност имаше Перу, но со појавата на вториот бран Белгија е повторно најостро погодена. Медиумите во Белгија денеска ги анализираат причините за оваа ситуација и формулираат силни критики кон властите кои уште за време на првиот бран одбија да преземат строги мерки како изолација, карантин и спречување на несуштински патувања во најзаразените зони во Европа. Се критикува и отсуството на маски и заштитни опреми на почетокот на вирусот, како и недоволното тестирање. Белгија е исто така густо населена земја на мала површина, што, според експертите, фаворизира брзо ширење на вирусот. Една од најострите критики кон белгиските власти е фактот што за време на првиот бран беа оставени пензионерските домови речиси целосно сами на себе, со што вирусот масовно ги покоси највозрасните. Вториот бран на Ковид-19 дополнително ја влоши состојбата во оваа земја која сега брои над десет илјади мртви од вирусот. Властите се надеваат дека пикот е сега зад нив, но рестрикциите нема да бидат ублажени пред да се знае со сигурност дека епидемијата е под контрола, увери владата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-so-najvisoka-stapka-na-smrtnost-od-kovid-19-vo-svetot/feed/ 0