највисоко ниво – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Jan 2021 14:17:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png највисоко ниво – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФАО: Светските цени на храната во декември на највисоко ниво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fao-svetskite-ceni-na-hranata-vo-dekemvri-na-najvisoko-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fao-svetskite-ceni-na-hranata-vo-dekemvri-na-najvisoko-nivo/#respond Thu, 07 Jan 2021 15:43:30 +0000 https://kurir.mk/?p=452666

Светските цени на храната во декември 2020 година продолжија да растат седми месец по ред, со пораст на сите клучни категории намирници, освен шеќерот, објави денеска Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на ФАО, кој ги мери месечните промени на цените во кошницата за основни прехранбени производи, која се состои од житарици, маслодајни семиња, млечни производи, месо и шеќер, во просек минатиот месец изнесуваше 107,5 поени во споредба со 105,2 поени во ноември. На ниво на цела 2020 година, референтниот индекс на ФАО во просек изнесуваше 97,7 поени, што е тригодишен максимум и раст од 3,1 процент во споредба со претходната година, но сепак е над 25 проценти понизок од историскиот рекорд забележан во 2011 година. Цените на растителното масло продолжија нагло да растат во декември, зголемувајќи се за 4,7 проценти на месечно ниво, откако во ноември пораснаа за повеќе од 14 проценти. Житарките се зголемија за 1,1 процент на месечно ниво во декември, како резултат на повисоките извозни цени на пченицата, пченката и оризот, поради слабите приноси во Северна и Јужна Америка и Руската Федерација. Во текот на целата 2020 година, цените на житните култури пораснаа за 6,6 проценти. Цените на млекото и млечните производи исто така се зголемија во последниот месец од минатата година за 3,2 проценти во споредба со ноември, додека на ниво на цела година тие беа за околу 1,0 проценти пониски отколку во 2019 година. Декемвриското поскапување на млекото и млечните производи беше поттикнато од силниот увоз на глобална побарувачка, како и домашната побарувачка во Западна Европа. Месото беше поскапо за 1,7 проценти во декември во споредба со ноември, но на ниво на цела 2020 година, во просек беше поевтино за 4,5 проценти од претходната година. Цените на месото од живина најмногу се зголемија во декември поради избувнувањето на птичјиот грип во Европа, додека цените на свинското месо малку се намалија поради прекинот на германскиот извоз во Азија по избувнувањето на африканската свинска треска. Од друга страна, цените на шеќерот останаа стабилни во декември по 3,3 проценти раст во ноември, предизвикани од влошените изгледи на родот за шеќерна репка и трска во ЕУ, Русија и Тајланд поради лошите временски услови. Во 2020 година, шеќерот поскапе во просек за 1,1 процент во споредба со претходната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fao-svetskite-ceni-na-hranata-vo-dekemvri-na-najvisoko-nivo/feed/ 0
Чибишев: Пред само две недели рековте опасноста е на највиско ниво, сега кога Заев сака брзи избори, вирусот волшебно го снема? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-pred-samo-dve-nedeli-rekovte-opasnosta-e-na-najvisko-nivo-sega-koga-zaev-saka-brzi-izbori-virusot-volshebno-go-snema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-pred-samo-dve-nedeli-rekovte-opasnosta-e-na-najvisko-nivo-sega-koga-zaev-saka-brzi-izbori-virusot-volshebno-go-snema/#respond Mon, 04 May 2020 18:22:10 +0000 https://kurir.mk/?p=341587

Само пред две недели опасноста од епидемијата беше на најависоко можно ниво. Постоеше опасност бројот на заболени рапидно да расте и со тоа да го парализира Македонскиот здравствен систем со наплив на тешки болни кои ќе побаруваат висок степен на интенивна нега и лекување. Дури, за време на најголемиот христијански празник, Христовото воскресение Велигден, четири дена бевме во карантин. Сето тоа македонските граѓани послушно и дисциплинирано го испочитуваа и издржаа. И сега, одеднаш на волшебен начин опасноста помина, нема голем број на новозаразени и хоспитализирани, ситуацијата станува лефтерна. Затоа, Заев препорачува, да ја зграпчиме оваа прилика и да одиме на избори зошто на есен постои можност за повторна ескалација на епидемијата. Во тоа има безрезервна поддршка од најодговорниот, Министерот за здравство Филипче. Несриозно и неодговорно , драги мои. Плашите мечка со звечка. Власта е безвредна. Секој живот вреди! Фејсбук статус на доктор Андон Чибишев ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-pred-samo-dve-nedeli-rekovte-opasnosta-e-na-najvisko-nivo-sega-koga-zaev-saka-brzi-izbori-virusot-volshebno-go-snema/feed/ 0
Дојранското Езеро со највисоко ниво во последните 60 години https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dojranskoto-ezero-so-najvisoko-nivo-vo-poslednite-60-godini/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dojranskoto-ezero-so-najvisoko-nivo-vo-poslednite-60-godini/#respond Sun, 29 Apr 2018 10:32:46 +0000 https://kurir.mk/?p=47608

Водата во Дојранското Езеро го достигна највисокото ниво во последните 60 години, изјави наблудувачот на водостојот на езерото, Злате Талески. Според него, во последните денови нивото на водата е 242 сантиметри над минималната кота. Таков водостој во езерото се бележи по 1958 година, кога било постигнатото сегашното ниво, но од вчера веќе се забележува постепено зголемување. - Водостојот во езерото беше на минималната кота некаде во деведесетите години на минатиот век, а потоа почна интензивно да се празни. Во периодот кога Дојранското Езеро беше најпразно и беше на минус од речиси три метри, со сегашниот водостој бележиме вкупно зголемување на нивото на водата од речиси шест метри, рече Талески. Инаку, во деведесетите години од минатиот век Дојранското Езеро доживеа еколошка катастрофа со наглото празнење на водата. Во септември 2002 година беше пуштен во употреба системот за спас на Дојранското Езеро, од кој во езерото дотекува по неколку стотина литри вода во секунда. Освен од системот на полнењето на езерото влијаат и поволните хидролошки услови проследени со врнежи од дожд и снег во изминативе години.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dojranskoto-ezero-so-najvisoko-nivo-vo-poslednite-60-godini/feed/ 0