Наке Георгиев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Jul 2023 11:35:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Наке Георгиев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Врховниот судија Наке Георгиев поднесе оставка од Судски Совет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhovniot-sudija-nake-georgiev-podnese-ostavka-od-sudski-sovet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhovniot-sudija-nake-georgiev-podnese-ostavka-od-sudski-sovet/#respond Tue, 25 Jul 2023 11:35:41 +0000 https://kurir.mk/?p=859819

Врховниот судија Наке Георгиев, кој неодамна беше избран за член на Судскиот совет, утрово си поднел оставка, потврдуваат од Судскиот Совет за МИА. - Достави известување за оставка од лични причини, велат од Судскиот Совет. Оттаму дополнуваат дека неговата оставка е констатирана. Георгиев денеска заедно со неговата колешка Антоанета Димовска требаше да даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Седницата на Судски совет на која што се бираат судии е во тек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhovniot-sudija-nake-georgiev-podnese-ostavka-od-sudski-sovet/feed/ 0
Наќе Георгиев и Антонета Димовска избрани за членови на Судскиот совет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nake-georgiev-i-antoneta-dimovska-izbrani-za-chlenovi-na-sudskiot-sovet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nake-georgiev-i-antoneta-dimovska-izbrani-za-chlenovi-na-sudskiot-sovet/#respond Thu, 13 Jul 2023 16:41:35 +0000 https://kurir.mk/?p=856389

Судијата Наќе Георгиев од Врховниот суд, кој беше единствен кандидат од редовите на врховните судии, е избран за член на Судскиот совет на денешните избори. За член на Советот од листата за скопското апелациско подрачје и од управните судови е избрана Антонета Димовска, судија на Граѓанскиот суд Скопје. Претседателот на Комисијата за избор Субхи Јакупи соопштувајќи ги првичните резултати попладнево рече дека Наќе Георгиев добил шест гласа како единствен кандидат од општата листа на кандидати од Врховниот суд на РСМ. Гласале 13 од 16 запишани избирачи, седум ливчиња биле неважечки и три неупотребени. Од листата за скопското апелациско подрачје и од управните судови, кандидатката Антонета Димовска, судија на Граѓанскиот суд Скопје, добила 110 гласови, а Лазар Нанев од Основниот суд Кавадарци добил 49 гласа. За кандидатите од оваа листа гласале 185 од 220 запишани гласачи, 26 ливчиња биле неважечки и 35 неупотребени. Изборите беа спроведени за да се пополнат две места во Судскиот совет по оставките на врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и на Зоран Герасимовски - судија од скопска Апелација. Гласањето траеше седум часа (од 8 до 15 часот) и право на глас имаа 236 судии, 16 врховни судии и 220 судии од скопското апелационо подрачје - Основниот граѓански суд Скопје, Основен кривичен суд Скопје и основните судови од Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Куманово, Крива Паланка и Кратово, како и судиите од Управниот и Вишиот управен суд. Јакупи рече дека Комисијата за избор го следела изборниот процес во сите 13 гласачки места за двете листи на кандидати за кои излезеноста на гласачите била 84 отсто. -Немаме досега никакви забелешки ниту од кандидати, ниту од комисиите кои го извршиле изборот. Задоволни сме од исходот од изборниот процес, рече Јакупи. Според член 26 од Закон за Судски совет на РСМ, има два рока за приговори од кандидатите – првиот рок е за текот на гласањето и трае пет часа односно од затворање на гласачките кутии (во 15 часот) и ќе трае до 20 часот. Вториот рок за приговори до Комисија за избор, кој исто така трае пет часа, се однесува на резултатите и тече од нивното соопштување. - Ако од кандидатите нема приговори, ние имаме право во рок од 48 часа да ги соопштиме конечните резултати. Ќе причекаме дали ќе има приговори, ако не, може и утре да ги објавиме конечните резултати за двете листи на кандидати, рече Јакупи. Судскиот совет е составен од 15 члена, од кои осум члена ги избираат судиите од своите редови, петмина се избираат во Собранието, од кои двајца предлага Претседателот на државата, а по функција членови на Советот се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда. Мандатот на избраните членови трае шест години со право на уште еден избор, додека на претседателот на Врховниот суд и на министерот за правда со престанок на функцијата им престанува и мандатот во Советот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nake-georgiev-i-antoneta-dimovska-izbrani-za-chlenovi-na-sudskiot-sovet/feed/ 0
Наке Георгиев и Антоанета Димовска кандидати за членови на Судскиот совет од редот на судиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nake-georgiev-i-antoaneta-dimovska-kandidati-za-chlenovi-na-sudskiot-sovet-od-redot-na-sudiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nake-georgiev-i-antoaneta-dimovska-kandidati-za-chlenovi-na-sudskiot-sovet-od-redot-na-sudiite/#respond Tue, 04 Jul 2023 20:40:48 +0000 https://kurir.mk/?p=852741

Судијата Наке Георгиев од Врховниот суд на Република Северна Македонија и судијката Антоанета Димовска од Основен граѓански суд Скопје, ќе се најдат на кандидатските листи за избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите. Судскиот совет објави дека Комисијата за подготовка на кандидатски листи по огласот за избор на членови на Советот објавен во “Службен весник на РСМ“ бр.120/23 изготвил две општи листи и тоа: I. ОПШТА ЛИСТА за кандидат од Врховниот суд на Република Северна Македонија Наке Георгиев, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија II. ОПШТА ЛИСТА за кандидат од апелационо подрачје Скопје и од управните судови Антоанета Димовска, судија на Основен граѓански суд Скопје - Кандидатите кои не се евидентирани на кандидатските листи имаат право на приговор до Советот во рок од 48 часа од објавување на кандидатски листи согласно член 13 став 4 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија (“Службен весник на РСМ“ бр.102/19), се вели во соопштението од Судски совет. Утврдувањето на кандидатските листи за избор на членови на Судскиот совет на РСМ и тоа за еден член од редот на судиите од апелационо подрачје Скопје и еден член од редот на судиите од Врховниот суд на РСМ, ќе се најдат на дневен ред на 448-та седница на Судскиот совет, која е закажана за утре. Судскиот совет, утре на седница ќе треба да одлучува и за формирање на Комисија за спроведување на избор за членови на Судскиот совет од редот на судиите, како и за донесување на решение за спроведување на избор на членови на Судскиот совет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nake-georgiev-i-antoaneta-dimovska-kandidati-za-chlenovi-na-sudskiot-sovet-od-redot-na-sudiite/feed/ 0