накит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Sep 2023 06:45:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png накит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Накитот на убавата Мирка чини колку стан во Скопје – еве ги поединечните цени https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nakitot-na-ubavata-mirka-chini-kolku-stan-vo-skopje-eve-gi-poedinechnite-tseni/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nakitot-na-ubavata-mirka-chini-kolku-stan-vo-skopje-eve-gi-poedinechnite-tseni/#respond Tue, 19 Sep 2023 06:45:43 +0000 https://kurir.mk/?p=879350

Мирка Васиљевиќ важи за жена со стил, па секое нејзино појавување во јавноста внимателно се следи. Секој детаљ што го носи убавата актерка не останува незабележан и на него се гледа со големо внимание, па така накитот на Мирка им падна во очи на многумина. Актерката за време на гостувањето во емисијата „Магазин ин“ носеше цело богатство на себе, поточно накит вреден колку стан во Скопје. Имено, накитот на Мирка Васиљевиќ бил од една од најпознатите златарници Van Cleef and Arpels и Cartier, а неговата цена, според гласините, е дури 52.000 евра. Покрај тоа, актерката носела и две “картие лав“ алки чии модели чинат 8.000 и 5.150 евра. Имаше уште една „картие“ нараквица која чини 8.650 евра. Цената на прстенот што го донела е 2.880 евра. Мирка носеше ланче Van Cleef Alhambra чија цена е 15.600 евра, како и нараквица од истиот бренд за 12.100 евра. Не треба да се занемари и часовникот Rolex на нејзиниот зглоб вреден 16.000 евра. Така тие кои анализираа дојдоа до вкупната цена на нејзиниот накит, а тоа е над 68.000 евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nakitot-na-ubavata-mirka-chini-kolku-stan-vo-skopje-eve-gi-poedinechnite-tseni/feed/ 0
Нападнал старица и го украл нејзиниот накит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/napadnal-staritsa-i-go-ukral-nejziniot-nakit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/napadnal-staritsa-i-go-ukral-nejziniot-nakit/#respond Fri, 18 Aug 2023 19:20:19 +0000 https://kurir.mk/?p=868579

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.К.(33) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 14.08.2023 во Дебар, пријавениот на Ј.Г.(78) од с.Врањевци и одзел накит од вратот. Подоцна, при претрес во неговиот дом, накитот бил пронајден и вратен на сопственичката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/napadnal-staritsa-i-go-ukral-nejziniot-nakit/feed/ 0
Шпанската полиција уапси мажи кои украле торби со накит и осум милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskata-politsija-uapsi-mazhi-koi-ukrale-torbi-so-nakit-i-osum-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskata-politsija-uapsi-mazhi-koi-ukrale-torbi-so-nakit-i-osum-milioni-evra/#respond Fri, 04 Aug 2023 13:51:33 +0000 https://kurir.mk/?p=863445

Шпанската полиција денеска соопшти дека уапсила двајца мажи кои наводно украле рачен багаж со накит и пари од патниците на аеродромот во Барселона, во вкупна вредност од 8,5 милиони евра. Во чантите имало часовници и накит, меѓу кои и прстен од 47 карати вреден пет милиони долари. Каталонската полиција соопшти дека видеата од безбедносните камери на аеродромот им помогнале на истражителите да ги идентификуваат луѓето кои наводно вчера ги украле торбите. Полицискиот инспектор Франсеск Гарсија изјави дека осомничените биле уапсени додека ја напуштале Барселона, а украдената стока, вклучувајќи скап прстен и околу 20 илјади евра во различни валути, била во багажникот на автомобилот. Шпанските медиуми објавија дека на аеродромот биле ограбени Руси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskata-politsija-uapsi-mazhi-koi-ukrale-torbi-so-nakit-i-osum-milioni-evra/feed/ 0
Колекција накит со „нацистичко минато“ заработи 155 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolektsija-nakit-so-natsistichko-minato-zaraboti-155-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolektsija-nakit-so-natsistichko-minato-zaraboti-155-milioni-dolari/#respond Thu, 11 May 2023 07:25:08 +0000 https://kurir.mk/?p=832963

Дел од спорниот накит на австриската милијардерка Хајди Хортен (1941 - 2022), чие богатство потекнува од нејзиниот покоен сопруг - нацист и неговото преземање еврејски имоти во Хитлерова Германија, се продаде за повеќе од 155 милиони долари вчера, на наддавање на „Кристи“. Рахул Кадакија, меѓународниот директор за накит на аукциската куќа, ја оцени продажбата како „успешна“ и истакна дека собраната сума го урнала рекордот - повеќе од 100 милиони долари постигнати со продажба на предмети на холивудската ѕвезда Елизабет Тејлор во 2011 година. Во колекцијата се наоѓаат повеќе од 700 парчиња накит коишто биле во сопственост на австриската покровителка Хајди Хортен. - Целата колекција беше проценета на 150 милиони долари и стигнавме до 155 милиони само за првата продажба, така што мислам дека тоа е многу добар резултат, изјави Кадакија. Речиси 100 предмети беа понудени вчера, 150 други ќе се најдат на аукцијата утре, а останатите ќе се продаваат на интернет-наддавањето што трае до 15 мај и во ноември. Некои од главните парчиња од накитот се продадени за помалку од проценетата цена. Најскапиот предмет, на пр. - прстен „Картје“ со рубин од 25,59 карати, проценет меѓу 14 и 18 милиони швајцарски франци, достигна само 11 милиони франци (околу 11,25 милиони евра). Повеќе еврејски организации побараа да се откаже продажбата. Непосредно пред почетокот на наддавањето, Кадакија повтори зошто „Кристи“ одлучи да ја спроведе аукцијата на накит со контроверзно минато. Според него, целата добивка од продажбата ќе оди кај добротворната „Фондација Хортен“. Тој додаде дека и „Кристи“ ќе им даде дел од својата заработка на еврејските институции и помнењето на Холокаустот. Според „Форбс“, богатството на Хајди Хортен, која почина во јуни 2022 година, изнесува 2,9 милијарди долари. Негодувањето, инаку, е предизвикано од потеклото на богатството на нејзиниот сопруг Хелмут Хортен (1909 - 1987), кој беше сопственик на еден од најголемите синџири стоковни куќи во Германија, именуван по него. Починал 1987 година во Кроље, во швајцарскиот кантон Тичино, каде што е раководител на фондација што исто така го носи неговото име. Фондацијата го опишува како претприемач „обдарен со силно чувство за општествена одговорност“ кој го основал првиот супермаркет во Германија кон крајот на 1950-тите. Продажбата на накит од такво семејство беше критикувана од Центарот „Симон Визентал“ специјализиран за потрага по нацисти, како и од Американскиот еврејски комитет. - Да не ги наградуваме оние чии семејства можеа да се збогатат благодарение на очајните Евреи кои беа цел на нацистите и на коишто им се закануваа нацистите, вели рабинот Абрахам Купер, еден од претставниците на Центарот. На интернет-страницата на кантонот Тичино е наведено дека тој ја изградил својата империја токму во спорните 30-ти. Во 1936 година, три години откако Адолф Хитлер стана германски канцелар, Хелмут ја презел текстилната компанија „Алсберг“ во Дуизбург, по бегството на нејзините сопственици Евреи. А, потоа презел уште неколку компании коишто им припаѓале на Евреите. По Втората светска војна е заробен од Британците и бил интерниран до 1948 година. Според извештај објавен во јануари 2022 година од историчари најмени од „Фондацијата Хортен“, вклучувајќи го и Петер Херес, Хортен бил член на Хитлеровата Национал-социјалистичка партија, но бил изгонет од неа и ослободен од Комитетот за денацификација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolektsija-nakit-so-natsistichko-minato-zaraboti-155-milioni-dolari/feed/ 0
Вооружен грабеж на златарница на „Bulgari“ во Центарот на Париз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzhen-grabezh-na-zlatarnitsa-na-bulgari-vo-tsentarot-na-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzhen-grabezh-na-zlatarnitsa-na-bulgari-vo-tsentarot-na-pariz/#respond Sat, 29 Apr 2023 20:40:01 +0000 https://kurir.mk/?p=829059

Вооружен грабеж е изведен во саботата во луксузна златарница на „Bulgari“, на познатиот Плоштад Вендом во центарот на француската престолнина Париз, а штетата се процени на повеќе милиони евра, пренесува AFP од полициски и извори на државното обвинителство. Според првичните информации, тројца ограбувачи на два мотоцикли се појавиле пред златарницата околу 13,45 часот по локално време, рекол полициски извор. Двајца носеле оружје со долги цевки, додал, наведувајќи дека бил удрен припадник на обезбедувањето. Штетата сѐ уште се утврдува, а се проценува на „повеќе милиони евра“, рекол за AFP соговорник запознаен со истрагата и потврдил дека злосторниците се во бегство. На снимките кои биле објавени на социјалните мрежи, а би можеле да се однесуваат на грабежот, се гледаат два големи црни мотоцикли паркирани пред златарницата. Маж во црни, со кацига на главата и вооружен чува стража пред дуќанот. Потоа сите тројца бегаат со мотоциклите, според снимките. Оваа златарница на „Bulgari“, беше цел на вооружен грабеж и во септември 2021 година и тогаш штетата беше проценета на 10 милиони евра. Тогаш полицијата рани во ногата еден од тројцата ограбувачи и го уапси. Тој беше ставен во притвор, а во јуни 2022 година уапсени беа и обвинети и другите двајца. И тие се во притвор, додека го очекуваат изрекувањето на пресудата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzhen-grabezh-na-zlatarnitsa-na-bulgari-vo-tsentarot-na-pariz/feed/ 0
Зошто сребрениот и златниот накит треба да ги чуваме одвоено? Ова е најдобриот начин за складирање на накитот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-srebreniot-i-zlatniot-nakit-treba-da-gi-chuvame-odvoeno-ova-e-najdobriot-nachin-za-skladiranje-na-nakitot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-srebreniot-i-zlatniot-nakit-treba-da-gi-chuvame-odvoeno-ova-e-najdobriot-nachin-za-skladiranje-na-nakitot/#respond Tue, 08 Nov 2022 12:27:42 +0000 https://kurir.mk/?p=757402

Вообичаено ние го чуваме целиот накит на едно место во кутија за накит. Сепак, златарите објаснуваат зошто тоа не е добра идеја и што може да се случи ако среброто, бакарот и другите материјали се стават еден до друг во кутија за накит. „Проблемот е во тоа што ако ставите два метали заедно, ќе создадете, во суштина, батерија, галванска ќелија каде овие јони ќе се транспортираат еден покрај друг и тоа ќе доведе до корозија“, Маркус Јанг, вонреден професор на науката за материјали и инженерството од Универзитетот во Северен Тексас. Галванската клетка предизвикува спонтани реакции на оксидација-редукција кои водат до дупчење и промена на бојата на накитот, објасни Јанг. – Овие реакции се формираат на таа површина и веќе не светат како убав метал. Парчињата базирани на бакар се најмногу склони кон вакви реакции, а истото е и среброто. Складирањето на среброто со други метали може да доведе до побрза оксидација. Колку брзо парче оксидира зависи од процентот на легура. Џудит Андерсон, професионален проценител на накит, изјави за HuffPost дека платината нема да оцрни бидејќи нема основни метали во неа, но различните видови злато имаат различен состав. – Ако гледате 14 каратно злато, тоа е само 58,5% чисто злато. Останатите компоненти обично се комбинација од сребро и бакар во различни пропорции, во зависност од бојата. Ако гледате на бело злато, тоа или има никел како легура или може да има и иридиум, кој е во групата на платина. Другите варијации на злато, како што е розовото злато, обично не содржат никел, но имаат повеќе бакар од сребро, додека зеленото злато има поголема количина на сребро од бакарот, објаснува Џудит. Најдобар начин за складирање на накит Изложеноста на воздух во голема мера придонесува за оксидација, поради што експертите се согласуваат дека индивидуалното складирање на предмети во чиста и сува средина останува оптимален метод за зачувување на накитот без гребнатини и дамки. Без разлика дали се работи за сребро, злато или платина, ако ги чувате одвоени ќе изгледаат најдобро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-srebreniot-i-zlatniot-nakit-treba-da-gi-chuvame-odvoeno-ova-e-najdobriot-nachin-za-skladiranje-na-nakitot/feed/ 0
Откриено кој ќе го наследи највредното парче накит на кралица Елизабета: Чини 800.000 фунти, а еве која дама од семејството ќе го носи! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkrieno-koj-kje-go-nasledi-najvrednoto-parche-nakit-na-kralica-elizabeta-chini-800-000-funti-a-eve-koja-dama-od-semejstvoto-kje-go-nosi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkrieno-koj-kje-go-nasledi-najvrednoto-parche-nakit-na-kralica-elizabeta-chini-800-000-funti-a-eve-koja-dama-od-semejstvoto-kje-go-nosi/#respond Fri, 30 Sep 2022 17:23:27 +0000 https://kurir.mk/?p=739734

За тоа кој ќе го наследи накитот од колекцијата на неодамна починатата британска кралица Елизабета Втора, на големо се пишуваше и пред нејзината смрт. Станува збор за една од највпечатливите колекции во светот: сите предмети во неа се многу вредни, а некои се навистина посебни. Според магазинот Hello, познато е кој ќе наследи или поточно кој ќе смее да носи едно од најскапите парчиња од колекцијата на богатствата на кралицата - државната тиара на Џорџ IV, попозната како дијамантска дијадема. Ќе го носи кралицата Консорт Камила. Еден ден, кога принцот Вилијам ќе стане крал, тоа ќе може да се види на главата на неговата сопруга Кејт. Тиарата е направена за кралот Џорџ IV од златарите Rundell & Bridge во 1820 година и чинела 8.216 фунти во тоа време. Тесна лента од сребро и злато е обработена со бисери, а на неа се малтешки крстови и украси кои симболично ги претставуваат Англија, Ирска и Шкотска - рози, шамропи и трн. Круната е поставена со 1.333 дијаманти од 320 карати. Во центарот на предниот крст има и редок бледо жолт дијамант. Денес, неговата вредност се проценува на близу 800.000 фунти и е една од најсимболичните круни во кралската колекција. Исто така, таа е една од најпознатите, иако ретко се гледа во јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkrieno-koj-kje-go-nasledi-najvrednoto-parche-nakit-na-kralica-elizabeta-chini-800-000-funti-a-eve-koja-dama-od-semejstvoto-kje-go-nosi/feed/ 0
Купил накит од крадец, двајцата добија кривични https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kupil-nakit-od-kradec-dvajcata-dobija-krivichni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kupil-nakit-od-kradec-dvajcata-dobija-krivichni/#respond Fri, 30 Sep 2022 15:49:41 +0000 https://kurir.mk/?p=739695

СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.Е.(37) од Битола, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба на дрзок начин“ и против Ш.Н.(31) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“. На 29.08.2022 на ул.„Сутјеска“ во Штип, Р.Е. одзел накит од вратот на М.Н. од Штип и на 30.08.2022 на ул.„Славчо Стојменски“ во Штип физички ја нападнал С.Н. од Штип и ѝ одзел златен накит што го носела. На 30.08.2022, Ш.Н. во неговиот дом во Штип, од Р.Е. купил дела од накитот и покрај тоа што знаел дека потекнува од кривично дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kupil-nakit-od-kradec-dvajcata-dobija-krivichni/feed/ 0
Со каков накит ќе биде погребана кралицата Елизабета Втора? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/so-kakov-nakit-kje-bide-pogrebana-kralicata-elizabeta-vtora/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/so-kakov-nakit-kje-bide-pogrebana-kralicata-elizabeta-vtora/#respond Wed, 14 Sep 2022 11:27:26 +0000 https://kurir.mk/?p=732611

Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана во понеделник на 19 септември во меморијалната капела на кралот Џорџ Шести во замокот Виндзор. Ковчегот со посмртните останки на кралицата вчера пристигна во Лондон, а од утре ќе биде изложен во Вестминстерската палата. И додека ковчегот на кралицата ќе биде украсен со реликвии вредни милиони евра, експертката за дијаманти Лиза Левинсон вели дека кралицата Елизабета Втора најверојатно ќе биде погребана со помалку вреден накит. – Нејзиното височество Кралицата беше многу скромна жена. Веруваме дека ќе биде погребана со златниот венчален прстен и еден пар бисерни обетки, вели таа. Лиза очекува вереничкиот прстен на кралицата, кој порано и припаѓал на мајката на принцот Филип, да биде подарен на принцезата Ана, единствената ќерка на кралицата. Приватната колекција на накит на кралицата се состои од повеќе од 300 луксузни парчиња, меѓу кои 90 брошеви, 46 ѓердани, 15 прстени, 14 часовници и пет привезоци, пишува „Metro news“. Многу парчиња од нејзиниот накит се дел од британската традиција и ќе бидат пренесени на кралот Чарлс и сопругата на кралицата Камила, кои ќе можат да уживаат во нив до нивната смрт. Се очекува ковчегот на кралицата да биде покриен со нејзините реликвии и знаме кое го симболизира монархот и Велика Британија. На ковчегот ќе биде и нејзината круна, која е украсена со околу 3000 дијаманти, од кои многу се контроверзни бидејќи се верува дека се украдени од други земји. Круната вреди околу пет милиони фунти. Кралицата ја носеше оваа круна само во свечени прилики.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/so-kakov-nakit-kje-bide-pogrebana-kralicata-elizabeta-vtora/feed/ 0
Приведена жена од Тетово, се сомничи дека од туѓа куќа украла накит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedena-zena-od-tetovo-se-somnichi-deka-od-tugja-kukja-ukrala-nakit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedena-zena-od-tetovo-se-somnichi-deka-od-tugja-kukja-ukrala-nakit/#respond Sat, 30 Apr 2022 11:12:04 +0000 https://kurir.mk/?p=670113

На 29.04.2022 во 19.45 часот во с.Желино, тетовско, од полициски службеници од СВР Тетово била лишена од слобода А.А.(54) од с.Палатица, тетовско, поради постоење основи на сомнение дека од куќа во с.Групчин, тетовско, одзела накит. Таа била приведена и задржана во полициска станица, со неа бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedena-zena-od-tetovo-se-somnichi-deka-od-tugja-kukja-ukrala-nakit/feed/ 0