НАкС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Nov 2022 10:11:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png НАкС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НАкС со поддршка за студентите за зачувување и унапредување на студентскиот стандард https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naks-so-poddrshka-za-studentite-za-zachuvuvanje-i-unapreduvanje-na-studentskiot-standard/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naks-so-poddrshka-za-studentite-za-zachuvuvanje-i-unapreduvanje-na-studentskiot-standard/#respond Tue, 15 Nov 2022 10:11:49 +0000 https://kurir.mk/?p=760799

Поттикната од енергетската и економската криза, во минатиот период Владата претстави планови и спроведе повеќе мерки за намалување на расходите, со цел зачувување на животниот стандард на граѓаните. За жал, во својата намера да го стегне ременот, Владата посегна по ускратување на правото на студентски оброк за голем дел од студентите во државата, како и намалување на трошоците за обнова на студентските домови, стои во соопштението на НАкс до јавноста. Од независниот академски синдикат посочуваат дека целта на мерката за субвенциониран студентски оброк е подобрување на достапноста до оброк за сите студенти и дека нејзиното евентуално укинување го нарушува студентскиот стандард и значително ќе ги зголеми трошоците за студирање, особено на студентите кои доаѓаат од семејства кои остваруваат доход блиску до минималниот. - Имајќи предвид дека инфлацијата во земјата ја изеде и онака ниската куповна моќ на граѓаните, кратењето на субвенционираниот студентски оброк не е и не може да биде мерка за зачувување на студентскиот стандард. Дополнително, Владата најави и намалување на трошоците за реновирање на студентските домови, а управите на студентските домови најавија мерки за штедење. Потенцираме дека овие мерки не смеат да го загрозат достоинството на студентите кои престојуваат во студентските домови, ниту пак да резултираат со престој во ладни простории. Апелираме надлежните при дизајнирањето на мерките за штедење да имаат разбирање за потребите на студентите и да овозможат нормални услови за престој во студентските домови, но и да ги продолжи активностите за реновирање таму каде што се нужни. Свесни сме дека живееме во време на тешка економска и енергетска криза, која бара трпеливост, намалување и приоретизирање на трошоците, како на микро, така и на макро ниво. Сепак, денеска од било кога претходно ни се потребни добро дизајнирани мерки и политики за справување со економската криза, кои ќе го зачуваат, а не намалат стандардот на студентите, се појаснува во нивното соопштение. Независниот академски синдикат (НАкС) дава целосна поддршка на барањата за заштита на студентскиот стандард. - Заедно сме со нашите колеги студенти секогаш кога ќе биде загрозен студентскиот стандард и правото на квалитетно високо образование и наука, додават од синдикатот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naks-so-poddrshka-za-studentite-za-zachuvuvanje-i-unapreduvanje-na-studentskiot-standard/feed/ 0
НАкС: Очекуваме зголемување и на другите плати согласно колективните договори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naks-ochekuvame-zgolemuvanje-i-na-drugite-plati-soglasno-kolektivnite-dogovori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naks-ochekuvame-zgolemuvanje-i-na-drugite-plati-soglasno-kolektivnite-dogovori/#respond Wed, 09 Feb 2022 11:57:36 +0000 https://kurir.mk/?p=629143

Независниот академски синдикат го поздравува покачувањето на минималната плата, кое е усвоено на последниот Економско-социјален совет. Велат, покачувањето ќе го подобри статусот на работниците со најниски плати и е во насока на подобрување на нивниот животен стандард. -Сепак, оваа мерка не треба да го воедначи трудот на вработените коишто имаат различно ниво на образование и извршуваат работа со различна сложеност. Воедно, покачувањето на минималната плата треба да се одрази и на висината на останатите плати во јавниот сектор, чиј коефициент е врзан за минималната, но и за просечната плата. Се надеваме дека изменетата методологија за пресметка на минимална плата ќе се почитува доследно, но дека истовремено ќе се почитуваат и останатите законски прописи и колективни договори кои ја уредуваат оваа материја, се вели во соопштението на НАкС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naks-ochekuvame-zgolemuvanje-i-na-drugite-plati-soglasno-kolektivnite-dogovori/feed/ 0
Независниот академски синдикат бара прогресивно зголемување на платите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-akademski-sindikat-bara-progresivno-zgolemuvanje-na-platite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-akademski-sindikat-bara-progresivno-zgolemuvanje-na-platite/#respond Mon, 26 Aug 2019 06:39:01 +0000 https://kurir.mk/?p=233319

Независниот академски синдикат (НАкС) изразува незадоволство од најавеното зголемување на платите во високото образование од само пет проценти. Бара прогресивно зголемување на платите во високото образование и науката, односно во првата етапа интервентно зголемување на платите според методологијата за прогресивно покачување на платите, до максимален износ од 30 проценти за вработените во оние институции кои воопшто немаат или немаат доволно сопствени средства. Во соопштението испратено до јавноста, НАкС истакнува дека платите во високото образование за разлика од другите сегменти на образованието, не се зголемени повеќе од десет години. – Недозволиво е буџетското издвојување за плата на највисокото звање – редовен професор, да биде 1,3 просечни плати и да изнесува 34.438,оо денари, платата на младите соработници (кои по правило се најдобрите дипломирани студенти) да изнесува само 80 проценти од просечната плата, а дел од вработените да не го примаат ниту законски загарантираниот надоместок за минат труд, посочува НАкС. Ваквата состојба, како што наведува синдикатот, довела до енормен одлив на младиот кадар од универзитетите и огромно назадоволство кај наставниот и научниот кадар. Прогресивното зголемување на платите што го предлагаат, според НАкС, ќе резултира со постепено постигнување ниво на плати соодветни на дејноста на сите вработени во високото образование и науката и нивелирање на разликите во платите. Ваквото зголемување на платите, велат од Синдикатот, може да се постигне без прекумерно оптоварување на буџетот на Министерството за образование и наука. Синдикатот бара во првата етапа под итно да се отвори и конкурс за примање млади соработници на јавните универзитети и научни установи, како и мерки за финансирање и подобрување во научно-истражувачката дејност. – Ако не се прифатат предложените мерки, НАкС навремено укажува дека не само што ќе продолжат проблемите со кои во моментов се соочуваат високообразовните и научните установ, туку тие ќе се мултиплицираат и продлабочат до ниво на потполно блокирање на образовниот и научно-истражувачкиот процес, се вели во соопштението. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-akademski-sindikat-bara-progresivno-zgolemuvanje-na-platite/feed/ 0