налог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Oct 2023 17:15:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png налог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Издаден налог за апсење на НБА кошаркарот Мајлс Бриџ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/izdaden-nalog-za-apsene-na-nba-kosharkarot-majls-bridh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/izdaden-nalog-za-apsene-na-nba-kosharkarot-majls-bridh/#respond Thu, 12 Oct 2023 17:15:02 +0000 https://kurir.mk/?p=888168

Американскиот НБА кошаркар Мајлс Бриџ повторно е во проблеми со законот, откако ги прекрши одредбите од условната казна и судот издаде налог за негово апсење. Обвинет е за нарушување на јавниот ред и мир, семејно насилство и злоставување дете. Дваесетипетгодишниот Бриџ, кој последен пат се појави на паркетот во дресот на Шарлот во сезоната 2021/22, беше уапсан во Лос Анџелес во летото 2022 бидејќи ја удри мајката на своето дете. Тогаш беше осуден на три години условно поради семејно насилство. Бриџ во мај годинава потпиша едногодишен договор со Шарлот, вреден 7.9 милиони долари, но поради изречената суспензија не смее да настапува до 11. натпревар во новата сезона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/izdaden-nalog-za-apsene-na-nba-kosharkarot-majls-bridh/feed/ 0
Пад на акциите на Твитер откако трајно го блокираше налогот на Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-akciite-na-tviter-otkako-trajno-go-blokirashe-nalogot-na-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-akciite-na-tviter-otkako-trajno-go-blokirashe-nalogot-na-tramp/#respond Sat, 09 Jan 2021 08:19:04 +0000 https://kurir.mk/?p=453040

Вредноста на акциите на Твитер падна за повеќе од два проценти на Њујоршката берза веднаш по одлуката за трајно суспендирање на налогот на Доналд Трамп поради ризик од „понатамошно поттикнување на насилство“. Вредноста на акциите на таа компанија остана на скоро 50,2 американски долари, но нивната вредност падна за 2,4 проценти. Минатата среда, по опсадата на американскиот конгрес од приврзаниците на Трамп, Твитер привремено ја блокираше сметката на Трамп, која има повеќе од 88 милиони следбеници, и најави трајно суспендирање доколку претседателот продолжи да ги крши правилата на оваа социјална мрежа. Откако беше суспендиран профилот на Твитер за претседателската кампања на Трамп и компанијата ги блокираше новите соопштенија на американскиот претседател на неговата официјална претседателска сметка POTUS, на крајот, неговата привате налог беше трајно укинат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-akciite-na-tviter-otkako-trajno-go-blokirashe-nalogot-na-tramp/feed/ 0
Твитер трајно го блокира налогот на Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-trajno-go-blokira-nalogot-na-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-trajno-go-blokira-nalogot-na-tramp/#respond Sat, 09 Jan 2021 07:07:14 +0000 https://kurir.mk/?p=453024

Социјалната мрежа Твитер синоќа соопшти дека итно и засекогаш го блокира Твитер налогот на претседателот на САД, Доналд Трамп. Компанијата смета дека актуелниот претседател ги нарушил политиките на социјалната мрежа против величење на насилството и дека постои ризик тоа да се повтори. Според неа, одлуката да се блокира налогот е донесена поради „ужасните настани оваа недела“. -После внимателна проверка на последните твитови од @realDonaldTrump, и контекстот околу нив, посебно како тие беа прифатени и интерпретирани на Твитер и надвор од него, ние засекогаш ја запираме работата на тој налог поради ризик од натамошно провоцирање насилство, се вели во соопштението. Понатаму, се додава дека „после ужасните настани неделава во среда, компанијата потенцираше дека нови нарушувања на правилата на Твитер може да станат причина за преземање вакви постапки“. Компанијата исто така објави резултати од анализа на последните два твита на претседателот и реакциите што тие ги оставиле кај некој корисници, според која „пораките можат да станат причина насилничките чинови во Капитолот на САД на 6 јануари 2021 година да предизвикаат мобилизација кај разни публики и да бидат повторени… затоа е донесена одлука за итно и постојано укинување на услугата“. Трамп праќаше десетици твитови секојдневно, а во текот на претседателството објави повеќе од 26.000 пораки испратени до своите над 88 милиони потписници. Претседателот веднап реагираше на одлуката на Твитер. Во соопштение по овој повод тој истакна дека мрежата сака да го замолчи. Изјави дека преговарал со други веб страни и вети „големи објави наскоро“, како и тоа дека работи на изградба на „наша платформа“. -Твитер не е за слободата на говорот. Тие работат за промоција на платформата на радикалната левица и дозволуваат слободно изразување на некои од најзлите луѓе во светот, истакна Трамп. Соопшти и дека се обидел да го искористи официјалниот налог на претседателот на САД, но дека Твитер веднаш ги бришел и тие твитови. Подоцна беше блокиран и налогот на изборната кампања на Трамп. Завчера, и Фејсбук го блокираше на неодредено време налогот на Трамп, а тоа го направија и други социјални платфирми како Снапчат, Јутјуб, Твич и Редит. Твитер денеска објави дека отстранува налози чии сопственици шират содржини поврзани со радикалните десничарски групи како онаа на теориите на заговор QAnon (КјуЕјнон). Некои од тие налози се на Мајкл Флин, поранешен советник на претседателот, и на адвокатот Синди Пауел. Од Твитер прецизираа дека овие налози продуцираат содржини кои можат да иницираат нови изблици на насилство. Во нападот на Конгресот учествува и многу демонстранти кои носеа симболики на QАnon.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-trajno-go-blokira-nalogot-na-tramp/feed/ 0
Моралес тврди дека постои наредба за негово апсење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morales-tvrdi-deka-postoi-naredba-za-negovo-apsenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morales-tvrdi-deka-postoi-naredba-za-negovo-apsenje/#respond Mon, 11 Nov 2019 08:26:04 +0000 https://kurir.mk/?p=262473

Боливискиот претседател Ево Моралес, кој синоќа поднесе оставка на функцијата под притисок на војската, тврди дека постои „нелегална“ наредба за негово апсење, додека официјални полициски претставници дементираат дека постои таква наредба. Моралес тврди дека власта сака да го уапси сега кога се откажа од функцијата под притисокот предизвикан од повеќенеделните социјални немири заради нерегуларните избори. „Го информирам боливискиот народ и светот дека еден полицаец јавно објави дека има упатства за спроведување противправна наредба за мое апсење. Освен тоа, насилни групи упаднаа во мојот дом“, напиша Моралес на Твитер. Од друга страна, командантот на полицијата тврди дека не е распишан налог за апсење на Моралес, чие престојувалиште во моментов е непознато, пренесуваат американските медиуми. -Не постои наредба за апсење на претседателот Моралес, изјави шефот на боливиската полиција Јуриј Калдерон, додавајќи дека станува збор за „лажни вести“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morales-tvrdi-deka-postoi-naredba-za-negovo-apsenje/feed/ 0