намален број – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Mar 2023 11:52:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png намален број – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Намален бројот на ученици во учебната 2022/2023 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-brojot-na-uchenitsi-vo-uchebnata-2022-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-brojot-na-uchenitsi-vo-uchebnata-2022-2023-godina/#respond Wed, 29 Mar 2023 11:51:39 +0000 https://kurir.mk/?p=817716

Според податоците на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2022/2023 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 185 099, што претставува намалување за 0.8 % во однос на претходната учебна година. Бројот на учениците во редовните средни училишта, пак, на почетокот на учебната 2022/2023 година, изнесува 69 227, што претставува намалување за 2.5 % во однос на претходната учебна година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-brojot-na-uchenitsi-vo-uchebnata-2022-2023-godina/feed/ 0
Намален бројот на издадени одобренија за градење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-brojot-na-izdadeni-odobrenija-za-gradene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-brojot-na-izdadeni-odobrenija-za-gradene/#respond Fri, 13 Jan 2023 11:36:26 +0000 https://kurir.mk/?p=786856

Во ноември лани се издадени 354 одобренија за градење, што е за 12.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 8 935 801 илјада денари, што е за 6.7 % помалку во споредба со ноември 2021 година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 156 (44.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 119 (33.6 %) за објекти од нискоградба и 79 (22.3 %) за објекти за реконструкција. Од вкупно 354 објекти, на 176 (49.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 178 (50.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 621 стан, со вкупна корисна површина од 53 383 м2.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-brojot-na-izdadeni-odobrenija-za-gradene/feed/ 0
Стравот од Ковид-19 го намали бројот на новороденчиња во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stravot-od-kovid-19-go-namali-brojot-na-novorodenchinja-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stravot-od-kovid-19-go-namali-brojot-na-novorodenchinja-vo-evropa/#respond Fri, 14 Oct 2022 13:40:23 +0000 https://kurir.mk/?p=745425

Европа забележа пад од 14 отсто на бројот на бебиња родени во јануари 2021 година во споредба со новороденчињата во истиот месец во претходните години, а овој пад веројатно е поттикнат од стравувањата од здравствена криза предизвикана од Ковид-19 за време на првиот бран на пандемијата, наведуваат експерти од Швајцарија. Научниците објавија дека земјите со најстроги карантини на почетокот на 2020 година и преполни одделенија за интензивна нега доживеале најголем пад на живородените деца девет до десет месеци подоцна. Научниот тим верува дека стравот предизвикан од Ковид-19, како што е наведено во студијата објавена во списанието „Human Reproduction“, може да доведе до „долгорочни последици за демографијата, особено во Западна Европа каде населението старее“. „Падот на бројот на раѓања девет месеци по почетокот на пандемијата се чини дека е почест во земјите каде здравствените системи беа во неволја, а капацитетот на болниците беше недоволен“, рече водечкиот автор на студијата Лео Помар. Тој додаде дека „имаше помалку бремености во тој период, дури и во земји кои не беа сериозно погодени од пандемијата“. „Сметаме дека стравот на двојките од здравствена и социјална криза во времето на првиот бран на Ковид-19 придонесе за намалување на живородените деца девет месеци подоцна“, рече Памар. Англија и Велс забележаа пад на живородените деца од 13 проценти во јануари 2021 година во споредба со јануари 2018 и 2019 година, додека бројот на бебиња родени во Шкотска е намален за 14 проценти. Литванија и Романија забележаа најголем пад на живородените деца, 28 и 23 отсто. Шведска, која немаше карантин, но имаше висока стапка на смртност, не доживеа пад на живородените деца, открија истражувачите. Тимот откри дека времетраењето на карантинот е клучен фактор поврзан со падот на живородените деца во јануари 2021 година во споредба со истиот месец во 2019 и 2018 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stravot-od-kovid-19-go-namali-brojot-na-novorodenchinja-vo-evropa/feed/ 0
Намален бројот на патници на аеродромите во Грција во јануари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namalen-brojot-na-patnici-na-aerodromite-vo-grcija-vo-januari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namalen-brojot-na-patnici-na-aerodromite-vo-grcija-vo-januari/#respond Sat, 13 Feb 2021 08:38:16 +0000 https://kurir.mk/?p=468155

Атина, 12 февруари 2021 (МИА) – Од 2,25 милиони патници на грчките аеродроми лани во месец јануари, една година подоцна за истиот период бројот се намалил на 383.463 патници, односно бележи пад од 83 отсто, според податоците од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Поради рестрикциите и карантинот, за 93 отсто е намален бројот на патници од странство, од 617.814 во јануари 2020 година на 60.018 минатиот месец. Намалување од 56.3 проценти е регистрирано во бројот на меѓународни и домашни летови. – Големиот пад беше очекуван, бидејќи во јануари 2020 година не беа воведени рестриктивни мерки за патувањата и летови, бидејќи пандемијата во Грција започна на крајот на февруари 2020 година, соопштуваат од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, презентирајќи ги податоците за минатиот месец. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namalen-brojot-na-patnici-na-aerodromite-vo-grcija-vo-januari/feed/ 0
Намален бројот на склучени бракови за време на пандемијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-brojot-na-sklucheni-brakovi-za-vreme-na-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-brojot-na-sklucheni-brakovi-za-vreme-na-pandemijata/#respond Thu, 31 Dec 2020 12:13:20 +0000 https://kurir.mk/?p=450680

Голем е бројот на граѓани кои годинава не ја крунисаа својата љубов со брак поради пандемијата на коронавирусот што трае повеќе од десет месеци. Со забраната за масовни собири, веселби и дружења, дојде до откажување на претходно закажаните свадби и венчавки, а мал е бројот на оние кои се решија да склучат брак само пред матичар. Оваа година, како што велат од Управата за водење матични книги, бројот на склучени бракови е 7000, што е за околу 4500 помалку од лани. За склучување брак во време на пандемијата се воведоа и протоколи. Присуството на гостите беше сведено на минимум со почитување на пропишаните мерки за заштита, како одржување дистанца, носење маски и дезинфекција. -На регистрацијата може да присуствуваат матичарот, брачните партнери и нивните двајца сведоци. Присутните мора да носат маски и ракавици и да се држи дистанца од два метра со матичарот. Истото важи и за во салите и за на терен на отворено, додека кога се на отворено може уште пет – шест лица на дистанца со маски. Церемонијата е скратена на 10 минути, посочуваат од Управата. И додека бројот на склучени бракови е намален, во третото тромесечие од оваа година регистриран е пораст на бројот на разводи. -Во период од три месеци добиени се 357 извештаи за разведени бракови што претставува зголемување од 8,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу постапки за разводи регистрирани се во Скопје, Тетово и Куманово. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-brojot-na-sklucheni-brakovi-za-vreme-na-pandemijata/feed/ 0
Намален бројот на нови и смртни случаи од Ковид-19 во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namalen-brojot-na-novi-i-smrtni-sluchai-od-kovid-19-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namalen-brojot-na-novi-i-smrtni-sluchai-od-kovid-19-vo-grcija/#respond Sat, 12 Dec 2020 17:57:48 +0000 https://kurir.mk/?p=442472

Во изминатите 24-часа во Грција е регистриран намален број нови и смртни случаи од Ковид-19 во споредба со изминатите денови, со потврдени 1.194 новозаразени и 68 починати, јави дописничката на МИА од Атина. Помалку од половина од новите случаи повторно се во областа Атика, поширокиот регион на Атина (256) и во Солун (248 случаи). Од почетокот на епидемијата во Грција има 123.842 заразени лица и 3.540 починати. Паралелно, грчката Влада се подготвува за вакцинацијата што се очекува да започне веднаш штом вакцината добие зелено светло од ЕУ, а премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис денеска одржа состанок со надлежните министри околу подготовките за набавка, складирање и дистрибуирање на вакцината, како и за процесот за закажување термин за вакцинација на граѓаните. Подготовките, како што информираат од кабинетот на Мицотакис, ќе завршат до крајот на годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namalen-brojot-na-novi-i-smrtni-sluchai-od-kovid-19-vo-grcija/feed/ 0
Во август бројот на домашни туристи со раст од 8,9, кај странските туристи намалување за 92,8 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-avgust-brojot-na-domashni-turisti-so-rast-od-8-9-kaj-stranskite-turisti-namaluvanje-za-92-8-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-avgust-brojot-na-domashni-turisti-so-rast-od-8-9-kaj-stranskite-turisti-namaluvanje-za-92-8-otsto/#respond Wed, 14 Oct 2020 13:30:13 +0000 https://kurir.mk/?p=416360

Туризмот во август годинава бележи пораст кај домашните туристи за 8,9 отсто, при што намалувањето на бројот на странските туристи во овој меец изнесува 92,8 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2020 година изнесува 133704, а бројот на ноќевањата изнесува 684719. Бројот на туристите во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е намален за 38,2 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 24,3 отсто. Бројот на домашните туристи во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е зголемен за 8,9отсто, а бројот на странските туристи е намален за 92,8 отсто. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е зголемен за 1,1 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 91,3 отсто. Во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на тој период лани, бројот на туристите е намален за 59,9 отсто, при што кај домашните туристи има намалување за 25,3 отсто, а кај странските има намалување за 82,2 отсто. Во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 45 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 16,3 отсто, а кај странските има намалување за 82,8 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-avgust-brojot-na-domashni-turisti-so-rast-od-8-9-kaj-stranskite-turisti-namaluvanje-za-92-8-otsto/feed/ 0
За 74 отсто намален бројот на патници на грчките аеродроми во првите седум месеци од годинава https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-74-otsto-namalen-brojot-na-patnici-na-grchkite-aerodromi-vo-prvite-sedum-meseci-od-godinava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-74-otsto-namalen-brojot-na-patnici-na-grchkite-aerodromi-vo-prvite-sedum-meseci-od-godinava/#respond Sun, 16 Aug 2020 10:16:58 +0000 https://kurir.mk/?p=391261

Бројот на патници на грчките аеродроми во првите седум месеци од 2020 година е намален за 74,3 отсто во споредба со истиот период лани, а во јули намалувањето достигнува до 72,6 проценти, според податоците од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Поконкретно, во периодот јануари – јули годинава бројот на патници на грчките аеродроми достигнал до 8,9 милиони, наспроти 34,7 милиони за истиот период лани. Намалување за 60,3 отсто има и на бројот на летови, односно од 290.859 лани, оваа година во првите седум месеци, вкупниот број е 115.402 летови, од кои 48.062 од странство. Во однос на месец јули, намален е и вкупниот број на патници (за 72,6 отсто), но и бројот на патници кои пристигнале од странство (намалување за 72,5 проценти). Според статистичките податоци од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, минатиот месец биле регистрирани 2.722.854 патници, наспроти 9.930.332 во јули 2019 година. -Статистичките податоци од сите аеродроми продолжуваат да бележат драстичен пад на патничкиот сообраќај предизвикан од пандемијата Ковид-19, коментираат од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-74-otsto-namalen-brojot-na-patnici-na-grchkite-aerodromi-vo-prvite-sedum-meseci-od-godinava/feed/ 0