намален род – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Jul 2022 10:08:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png намален род – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Климатските промени ќе го намалат родот на пченицата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimatskite-promeni-kje-go-namalat-rodot-na-pchenicata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimatskite-promeni-kje-go-namalat-rodot-na-pchenicata/#respond Wed, 06 Jul 2022 10:08:02 +0000 https://kurir.mk/?p=700874

Приносите од пченицата би можеле да се намалат за седум отсто за секој степен Целзиусов на глобалното затоплување, предупредија експертите од Иницијатива за пченицата (Wheat Initiative). – Намалената достапност на вода веќе значително ги погодува регионите што се наводнуваат, а се очекува проблемот дополнително да се влоши со намаленото ниво на подземните води и врнежите, се наведува во стратешкиот документ на Иницијативата. Исто така се посочува дека најверојатно ќе се зголеми и притисокот за забрана на употреба на вештачките ѓубрива и пестициди, со цел да се намали загадувањето на животната средина. Како приоритети на Иницијативата се наведуваат истражувањата за подобрување на генетската разновидност и разбирање на биологијата на корените и почвата. Во изработката на документот учествуваа агрономи, влади и компании за одгледување на растенија. Иницијативата во 2020 година имаше околу 770 истражувачки проекти поврзани со пченицата само во Австралија, Канада, Кина, Шпанија и САД. Речиси една четвртина од произведената пченица се пласира на светските берзи, за разлика од оризот, кој главно се троши во земји-производителите. Иницијативата за пченица е формирана во 2011 година и ги поврзува истражувачите од целиот свет со цел да се подобри снабдувањето со храна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimatskite-promeni-kje-go-namalat-rodot-na-pchenicata/feed/ 0