намалена цена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Nov 2022 19:45:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png намалена цена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бектеши: Од утре производителите на прехранбени производи треба да им понудат намалени цени на маркетите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-od-utre-proizvoditelite-na-prehranbeni-proizvodi-treba-da-im-ponudat-namaleni-ceni-na-marketite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-od-utre-proizvoditelite-na-prehranbeni-proizvodi-treba-da-im-ponudat-namaleni-ceni-na-marketite/#respond Wed, 30 Nov 2022 19:45:15 +0000 https://kurir.mk/?p=769059

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува од утре да почне намалувањето на цените на одредени прехранбени производи поради одлуката на Владата со која производителите на храна ќе добијат субвенционирана цена за електричната енергија. Бектеши вечерва на гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 појасни дека од утре производителите на прехранбени производи ќе треба да им понудат на маркетите нови намалени цени, но дека треба да се има предвид и фактот дека маркетите имаат залихи од претходно. – Одредени маркети имаат залихи од претходно. Од утре треба да почне намалувањето на цените. Производителите на прехранбени производи од утре ќе почнат да им нудат на маркетите нови цени кои се намалени согласно одлуките за субвенционирана електрична енергија, рече Бектеши. Најавува и засилени контроли од страна на Пазарниот инспекторат, а ги повика и граѓаните доколку забележат злоупотреби кај трговците, да ги пријават. Во однос на топлинската енергија, Бектеши соопшти дека се обезбедени доволно количини на природен гас за топланите и дека граѓаните до крајот на грејната сезона ќе бидат во континуитет снабдении со парно греење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-od-utre-proizvoditelite-na-prehranbeni-proizvodi-treba-da-im-ponudat-namaleni-ceni-na-marketite/feed/ 0
Цената на зејтинот намалена за 40 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenata-na-zejtinot-namalena-za-40-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenata-na-zejtinot-namalena-za-40-denari/#respond Sat, 26 Nov 2022 14:44:40 +0000 https://kurir.mk/?p=766922

Цената на маслото за јадење е намалена за 40 денари, а цената на репроматеријалите мируваат, истакна генералниот извршен директор на „Витаминка“, Сашо Наумоски при денешната посета на претседателот на Владата на Република Северна Македонија на фабриката „Брилијант“ во Штип, која е дел од групацијата на „Витаминка“. –Цената е падната за скоро 40 денари и ние се трудиме и понатака цената да ја намалиме и да ја донесеме, ако е можно да дојде до цените од пред три години што беа. Цената најмногу зависи на нашиот производ од суровината, вели Наумоски. Забележа дека не конкурирале за поевтина струја од 1 декември бидејќи имаат инсталирано фотонапонски централи, а производството на струјата од нив за 30 отсто ги намалува трошоците за производство до крајниот производ. Додека пак премиерот Ковачевски прашан за поволностите за поставување на фотонапонски централи, посочи дека како Влада комплетно ја имаат сменето законската регулатива. Но е дециден дека и нивниот став е дека фотонапонски централи да не се поставуваат на земјоделско земјиште од прва и втора класа. -Во однос на поголемите централи исто така е направена промена во регулативата и тука се забрзани постапките. Меѓутоа, сакам да истакнам нешто многу важно. Ние не можеме да дозволиме земјиште од прва класа, земјиште од втора класа да биде користено за фотоволтаици. Регулативата ќе се однесува на земјиште од четврта, петта, шестта класа коишто треба да се користат за производство на електрична енергија, меѓутоа земјиштето од прва и втора класа треба да се користат за производство на земјоделски производи, бидејќи храната е исто толку значајна колку што е значајна и енергијата и заради ова Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски и другите ресори се во постојана комуникација, вели Ковачевски. Премиерот додаде ако за некои фирми има застој за инсталирање на фотонапонски централи, тогаш какошто вели веројатно се работи за трансформација на земјиште од прва и втора класа што смета и дека не треба да се прави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenata-na-zejtinot-namalena-za-40-denari/feed/ 0
Во Хрватска намалена цената на тестовите за коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-namalena-cenata-na-testovite-za-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-namalena-cenata-na-testovite-za-koronavirus/#respond Fri, 17 Jul 2020 14:42:05 +0000 https://kurir.mk/?p=377819

Министерот за здравство Вили Берош денеска соопшти дека новата цена на ПЦР тестовите во Хрватска ќе биде околу 600 наместо претходните 1.506 куни. Берош на прес-конференција рече дека новите цени може да се применат од денеска. Тој појасни дека сите оние кои сакаат да бидат тестирани приватно ќе ја платат новата цена од „501,49 за две целни секвенци и 698,21 за три секвенци“. На прашањето која е разликата помеѓу двата теста, директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје Крунослав Чапак рече дека тоа е тешко да се објасни. „Потребни се најмалку две секвенци за да се дијагностицира позитивен тест. Кога ќе се дијагностицира вториот антиген, тогаш сме сигурни дека тоа е коронавирус, а кога е дијагностициран третиот, тогаш сме уште посигурни, рече Чапак. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-namalena-cenata-na-testovite-za-koronavirus/feed/ 0