намалени цени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Mar 2023 06:47:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png намалени цени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од денеска намалени цени на млечните производи и тестенините, можни интервенции и за цените на овошјето и зеленчукот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-namaleni-tseni-na-mlechnite-proizvodi-i-testeninite-mozhni-interventsii-i-za-tsenite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-namaleni-tseni-na-mlechnite-proizvodi-i-testeninite-mozhni-interventsii-i-za-tsenite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot/#respond Thu, 16 Mar 2023 06:47:24 +0000 https://kurir.mk/?p=812478

Во маркетите од денеска треба да се продаваат тестенини со намалени цени за 15 проценти, а дел од млечните производи за 10 проценти. Министерството за економија се уште анализира дали ќе ја прошири владината одлука за замрзнати цени и за јајцата, шеќерот и оризот. Не е исклучена можноста за такво нешто и кај зеленчукот и овошјето ако трговците и производителите не ги следат светските текови за намалување на цените. Согласно со одлуките на Владата, од денеска ќе бидат замрзнати цените на тестенитете (макароните и шпагетите), кои на полиците во маркетите ќе бидат пониски за 15 проценти, како и на млечните производи (кравјо млеко 2,8 проценти,3,2 проценти, 3,5 проценти, јогурт, кисело млеко, павлака, кравјо и мешано бело сирење и кравји кашкавал) кои пак бидат пониски за 10 проценти. Ако цените се нелогични и по 31 мај, како што рече министерот за економија Крешник Бектеши, ќе следи повторно замрзнување. Дополнително, Министерството за економија прави анализи за проширување на одлуката за замрзнување на цените на другите основни производи кои беа опфатени во Одлуката за замрзнување на маржата, односно за јајца од кокошка, македонски ориз и бел шеќер. Анализите, според Бектеши, се очекува да завршат до петок. -Штом ќе бидат готови анализите на податоците за овие производи ќе донесеме одлука дали мерката за замрзнување на цените ќе се прошири и кај нив. Сите одлуки ги носиме заедно со здруженијата и коморите. Очекуваме солидарност од сите стопанственици во нашата држава за кризата да не биде на грбот на граѓаните, изјави вчера министерот Бектеши за МИА. Вицепремот за економски прашања Фатмир Битиќи, пак, вели дека анализата на движењата на пазарот покажува оти со завршување на грејната сезона во Европа, и цените на берзата почнале да паѓаат речиси за сите прехранбени производи. И нашите трговци и производители, според него, ќе треба да ги следат тековите во светот. - Ако основните суровини паѓаат, не може цените да останат исти. Цените ќе треба да паѓаат. Како што ги презедовме мерките за основните прехранбени производи – леб, тестенини, млеко и млечни производи, навестивме низа други продукти, ќе ги следиме и другите производи, и ако трговците и производителите сами не реагираат – има јасна порака од Владата: граѓаните нема да ги оставиме сами и ќе донесеме одлука во интерес на граѓаните, рече Битиќи на новинарско прашања за можна интервенција кај цената на зеленчукот и овошјето. За тие што нема да ги намалат, како што рече, замрзнувањето на цената е доволно како мерка и е и најтешка одлука за нив. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ќе се следат цените на влезните елементи во земјоделското производство и има одредени намалувања на цените на вештачкото ѓубриво и на други суровини. Министерството земјоделство, како што изјави тој вчера, успева во обврската да интервенира за да ги намали трошоците на земјоделците при производство на храна и да го одржи и зголеми домашното производство. Во однос на тоа дали МЗШВ има механизам да ги заштити сточарите поради замрзнувањето на цената на млекото од утре, Николовски наведе дека Министерството дава поддршка преку субвенции и други програми на сточарите за зголемените трошоци во производството. - Минатата година поддршката беше во делот на поледелското производство, на житните култури, за да се одржи и зголеми производството, а оваа година, зависно од потребите и барањата на подсекториските групи, има доволно средства да се интервенира дополнително и во делот на сточарството, за дополнителна поддршка на млекото и за се за што во тек на годината имаат потреба и земјоделците и сточарите, изјави Николовски, на настан за презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци. Владата на 28-ми минатиот месец ја замрзна и цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. Примената на владините одлуки ја контролира Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), а казните за непочитување изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-namaleni-tseni-na-mlechnite-proizvodi-i-testeninite-mozhni-interventsii-i-za-tsenite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot/feed/ 0
Месарите ги намалија цените, но дел од нив одбиени за субвенционирана струја зашто имаат фотоволтаици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mesarite-gi-namalija-cenite-no-del-od-niv-odbieni-za-subvencionirana-struja-zashto-imaat-fotovoltaici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mesarite-gi-namalija-cenite-no-del-od-niv-odbieni-za-subvencionirana-struja-zashto-imaat-fotovoltaici/#respond Thu, 01 Dec 2022 11:22:34 +0000 https://kurir.mk/?p=769437

На околу десетина компании од месната индустрија им се одбиени апликациите за добивање субвенционирана струја зашто имаат фотоволтаици. Тие веќе ги намалиле цените на 50-на производи, на свежото свинско месо и на дел од пилешкиот асортиман, но до кога ќе трае поевтинувањето, не знаат. Очекуваат во најбрз можен рок да се надмине проблемот и да ги потпишат договорите за фиксна цена на електричната енергија, за што вчера добиле и ветување од ЕВН. Според Групацијата за преработка на месо и производи од месо при Стопанската комора, цените се намалени за пет проценти, пред се на домашното свежо свинско месо, но, сепак, секоја компанија поединечно си одлучува по колку ќе ги продава своите производи. За да се намали, пак, цената на месните проозводи веднаш, за над 10 – 15 проценти, потребно е ослободување од царините за увоз на смрзнато свинско месо за преработка што беше во сила четири години и заврши во јуни 2022 и доведе до поскапувања. Групацијата порача дека правилата за добивање субвенционирана струја мора да се објават јавно и јасно и да важат еднакво за сите правни субјекти од секоја соодветна гранка. -Уште денеска ги намаливме цените на одредени производи, верувајќи и на Владата дека мерките ќе бидат ефективни. Намалени се околу 50-на проиузводи, дел од свежото свинско месо и дел од пилешкиот асортиман, но до кога ќе важи тоа не знаеме зашто некои компании се одбиени и се ставени во нерамноправна положба. Очекувавме мерката за струјата да биде јасна и целата работа да биде завршена со доставување на документацијата. Но, вчера и завчера дел од компаниите се одбиени, а немаме објаснување зошто. Единствено заедничко е што имаат фотоволтаици, истакна претседателот на Групацијата Гоце Трајчев. Трајчев на прес-конференција во Комората напомена дека компаниите се подготвени вишокот струја да го дадат гратис, за тоа да не биде пречка и да добијат субвенционирана електрична енергија. -Сите овие компании инвестирале во фотоволтаици за сопствени потреби што е одлично, но сега се покажа како недостиг и ќе ги обесхрабри за ваков тип вложување во иднина, потенцира Трајчев, додавајќи дека компаниите требале да ги видат договорите, но договорите се уште ги немаат добиено. Од Комората информираат дека вчера попладне добиле соопштение од ЕВН во кое се информира дека компаниите кои имаат фотонапонски централи, имаат вишоци струја и за нив договорите ќе треба да се доработат за да се регулира продажбата на тие вишоци. -Заедно со ЕСМ и Министерството за економија ќе се направи се за да се доработат договорите. Насоката е дека тоа ќе се случи најбрзо што може, можеби утре, во понеделник или во јануари. Станува збор за вишоци кои компаниите никаде не може да ги користат и се подготвени да го надминат овој проблем, рече Даниела Михајловска од Комората. Недоследности, доаде Михајловска, се откриваат во од и се прават напори за нивно надминување. Месната индустрија и официјално ја најави кампањата „Домашно, квалитетно, евтино“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mesarite-gi-namalija-cenite-no-del-od-niv-odbieni-za-subvencionirana-struja-zashto-imaat-fotovoltaici/feed/ 0
Во Германија драстично намалени цените на јавниот превоз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-drastichno-namaleni-cenite-na-javniot-prevoz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-drastichno-namaleni-cenite-na-javniot-prevoz/#respond Wed, 01 Jun 2022 14:41:26 +0000 https://kurir.mk/?p=685054

Берлин, 1 јуни 2022 (МИА) – Милиони Германци ќе можат да ги искористат предностите на исклучителните намалувања на трошоците за јавниот превоз во наредните месеци, усвоени од федералната Влада за да ги убедат луѓето да ги променат навиките за патување во услови на високи цени на горивото, јави германската новинска агенција ДПА. Од денеска секој може да купи месечен билет за патување со регионални возови и автобуси по цена од 9,66 евра. Билетите ќе бидат во употреба во јули и во август. Истовремено, германските власти ги намалуваат акцизите за гориво на најниско ниво дозволено во ЕУ до крајот на август, во обид барем малку да ги олеснат потрошувачите во текот на летната сезона. Мерката се очекува да ја намали цената на бензинот за 35 центи по литар, а на дизелот за 17 центи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-drastichno-namaleni-cenite-na-javniot-prevoz/feed/ 0