намалува – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Oct 2020 06:53:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png намалува – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД го намалува военото присуство во Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-namaluva-voenoto-prisustvo-vo-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-namaluva-voenoto-prisustvo-vo-avganistan/#respond Thu, 08 Oct 2020 06:53:42 +0000 https://kurir.mk/?p=413729

САД на почетокот на идната година ќе го намали военото присуство во Авганистан на 2.500 војници, изјави советникот на американскиот претседателза национална безбедност Роберт О’Брајен. Според договорот од 29 февруари помеѓу САД и талибанците,американските војици треба да заминат од Авганистан до мај 2021 година,а талибанците треба да ги запрат терористичките напади, а потоа да се договорат со Владата во Кабул за поделба на власта. Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот од годината најави дека до ноември ќе бидат повлечени од 4.000 до 5.000 војници. – Кога претседателот Трамп стапи на должност во Авганистан имавме околу 10.000 војници. Сега се околу 5.000, а на почетокот на идната година ќе бидат 2.500, посочи О’Брајен. Војната во Авганистан е најдолга што САД ја воделе во странство, во која загинаа околу 2.400 американски војници, а илјадници се повредени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-namaluva-voenoto-prisustvo-vo-avganistan/feed/ 0
„Сајпрус ервејс“ откажува и намалува летови кон Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sajprus-ervejs-otkazuva-i-namaluva-letovi-kon-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sajprus-ervejs-otkazuva-i-namaluva-letovi-kon-grcija/#respond Tue, 04 Aug 2020 08:04:47 +0000 https://kurir.mk/?p=385770

Кипарската авиокомпанија „Сајпрус ервејс“, од 18 август ги откажува летовите за Солун и Скиатос, а ја намалува фреквенцијата кон островот Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Од компанијата, преку социјалните мрежи соопштија дека одлуката доаѓа откако кипарската Влада ја премести Грција од првата во втората категорија земји. Поради зголемениот број позитивни случаи на Ковид-19 кај туристи што се вратиле од различни делови на Грција, Министерството за здравство на Кипар, ја премести Грција во втората категорија земји со задолжителен негативен тест пред патувањето. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sajprus-ervejs-otkazuva-i-namaluva-letovi-kon-grcija/feed/ 0
Истражување: Ограничената употреба на мобилните телефони го намалува ризикот од смрт https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/istrazuvanje-ogranichenata-upotreba-na-mobilnite-telefoni-go-namaluva-rizikot-od-smrt/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/istrazuvanje-ogranichenata-upotreba-na-mobilnite-telefoni-go-namaluva-rizikot-od-smrt/#respond Thu, 23 Jul 2020 08:30:22 +0000 https://kurir.mk/?p=380038

Ограничената употреба на мобилните телефони до два часа дневно, би можело да го намали ризикот од смрт, покажуваат резултатите од истражувањето на Универзитетот во Глазгов. Во студијата се наведува дека здравствените ризици како ракот и кардииоваскуларните болести биле на најниско ниво кај луѓето кои дневно поминувале два часа или помалку пред екраните на мобилните телефони. Според експертите потенцијално би можело да се спречат 5,62 отсто од смртните случаи и 7,97 проценти од кардиваскуларните болести ако се ограничи времето пред екраните на два часа дневно. Во студијата не е вклучено времето поминато пред телевизиските екрани, туку само времето поминато гледајќи во мобилните телефони. Истражувањето е спроведено од 2006 до 2018 година при што биле опфатени речиси 500.000 луѓе на возраст од 37 до 73 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/istrazuvanje-ogranichenata-upotreba-na-mobilnite-telefoni-go-namaluva-rizikot-od-smrt/feed/ 0
Анкета: Рејтингот на Путин се намалува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/anketa-rejtingot-na-putin-se-namaluva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/anketa-rejtingot-na-putin-se-namaluva/#respond Wed, 06 May 2020 13:54:31 +0000 https://kurir.mk/?p=342521

Процентот на Русите кои се задоволни од работата на шефот на државата Владимир Путин се намали на досега најниски 59 отсто, објави агенцијата за истражување на јавното мислење Левада Центар. Путин и понатаму е популарен меѓу оние кои имаат „мали шанси да го подобрат својот живот“, како на пример повозрасната популација и дел од руралното население, наведува агенцијата. Се додава дека само 12 отсто од луѓето на возраст меѓу 18 и 24 години ја одобрува работата на Путин. Анкетата е спроведена минатиот месец, кога бројките на заразени и починати од новиот коронавирус во Русија почнаа да ги надминуваат оние во Кина. Според резултатите од истражувањето, се зголемува и незадоволството од државата меѓу оние лица кои „не ја добиле очекуваната помош во текот на зголемената економска криза“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/anketa-rejtingot-na-putin-se-namaluva/feed/ 0
Во Словенија повторно се намалува бројот на новозаразени со Ковид-19, пријавени се само шест нови случаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-slovenija-povtorno-se-namaluva-brojot-na-novozarazeni-so-kovid-19-prijaveni-se-samo-shest-novi-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-slovenija-povtorno-se-namaluva-brojot-na-novozarazeni-so-kovid-19-prijaveni-se-samo-shest-novi-sluchai/#respond Mon, 27 Apr 2020 09:42:53 +0000 https://kurir.mk/?p=337937

Словенечките здравствени власти објавија дека во земјата се регистрирани само шест нови случаи на новозаразни со Ковид-19, јави дописникот на МИА од Љубљана. Во болниците низ земјата се хоспитализирани вкупно 80 пациенти, а поради потешка форма на болеста во одделите за интензивна нега се лекуваат 22 лица. Вчера уште еден човек почина како последица од Ковид-19, со што вкупниот број починати се искачи на 83. Жариште на заразата се уште се домовите за стари лица, каде најголем дел од инфицираните се пензионери, но има и медицински и технички персонал. Премиерот Јанез Јанша изјави дека Словенија е позитивен пример за тоа како успешно се води битката со коронавирусот, а за тоа земјата добила пофалби од многу страни. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-slovenija-povtorno-se-namaluva-brojot-na-novozarazeni-so-kovid-19-prijaveni-se-samo-shest-novi-sluchai/feed/ 0
Норвешка го намалува данокот на плати и дава повеќе средства за општините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-go-namaluva-danokot-na-plati-i-dava-povekje-sredstva-za-opshtinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-go-namaluva-danokot-na-plati-i-dava-povekje-sredstva-za-opshtinite/#respond Thu, 19 Mar 2020 11:46:57 +0000 https://kurir.mk/?p=318893

Норвешка ќе го намали својот данок на плати и ќе одобри поголемо финансирање на општините во обид да се справи со пандемијата на новиот коронавирус, соопшти денеска парламентарниот одбор за финансии. Тоа е втор фискален пакет доставен до Парламентот оваа недела, по зголемувањето на надоместот за невработеност и други вонредни мерки за итно финансирање, одобрени во понеделникот. – Подготвени сме да сториме сè што е потребно за да ги заштитиме работните места, компаниите и благосостојбата на луѓето. Нема ограничување за пари, рече пратеникот на Конзервативната партија Свен Харберг на прес-конференција. Конзервативната партија, која ја предводи малцинската коалициска Влада, побара широка поддршка од опозицијата за овој пакет мерки. Националниот авиопревозник Норвиџан Ер им се обрати на норвешките власти за финансиска помош, а комитетот за финансии соопшти дека е на владата да предложи мерки за одделни компании. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-go-namaluva-danokot-na-plati-i-dava-povekje-sredstva-za-opshtinite/feed/ 0