намалување на цени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Mar 2023 21:15:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png намалување на цени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бектеши: До крајот на неделата одлука за замрзнување на цените на тестенините https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-do-krajot-na-nedelata-odluka-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-testeninite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-do-krajot-na-nedelata-odluka-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-testeninite/#respond Mon, 06 Mar 2023 21:15:57 +0000 https://kurir.mk/?p=808844

До крајот на неделата ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на тестенините, а се прават анализи за можноста за замрзнување на цената на млечните производи. Министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување на 24 Анализа истакна дека согласно анализите на Министерството, цената на маслото за јадење во наредните 10 дена ќе биде под 100 денари за литар. -Во текот на оваа недела ќе се донесе одлука за замрзнување на цени на други прехранбени производи, се прават анализи од страна на Министерството за економија во делот на увозни цени, се разговара со здруженијата во рамки на Коморите и се земаат податоците од Државниот пазарен инспекторат. Најверојатно до крајот на неделата ќе има одлука за замрзнување на цените на тестенините, односно за макарони и шпагети. Минималното намалување ќе биде 10% од постоечките цени на овие тестенини, според првичните анализи, но убеден сум дека намалувањето ќе биде и поголемо имајќи во предвид дека имаме цени од одредени тестенини кои во моментов се продаваат по 51 денар, тие нема да бидат повеќе од 44 денари, имаме тестенини кои се продаваат од околу 60 денари, тие нема да бидат повеќе од 52 денари, ќе има големо намалување во тој дел, кажа министерот Бектеши. Министерот кажа дека одредени прехранбени компании веќе самостојно најавија намалување на цените на нивните производи и ги повика и другите компании да го следат примерот. -Имавме денеска најави од страна на одредни производители на основни производи за намалување на нивните цени и сакам да ги охрабрам другите производители сами да донесат одлука за намалување на цените без одлука на Влада. Во случај ако тоа не се прави самостојно, а анализите покажуваат простор за намалување тогаш ќе донесеме одлука и за други производи, а тука генерално влегуваат млечни производи, кажа Бектеши. Во делот на маслото за јадење како што кажа министерот, во наредните 10 дена се очекува сите производители да имаат цена под 100 денари за литар. -Ако правиме споредба пред да почне поддршката од владата, кога цената на маслото за јадење беше 150-160 денари речеси 60-70% ќе има намалување и потоа ќе продолжиме и со другите производи, кажа министерот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-do-krajot-na-nedelata-odluka-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-testeninite/feed/ 0
Бектеши вели прво да се потрошат претходните залихи, па ќе има поосетно намалување на цените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-veli-prvo-da-se-potroshat-prethodnite-zalihi-pa-kje-ima-poosetno-namaluvanje-na-cenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-veli-prvo-da-se-potroshat-prethodnite-zalihi-pa-kje-ima-poosetno-namaluvanje-na-cenite/#respond Wed, 14 Dec 2022 13:17:53 +0000 https://kurir.mk/?p=775495

Веќе е почнат трендот на намалување на цените на основните прехранбени производи наведени во одлуката на Владата, а ќе се случи и кај другите производители откако ќе ги потрошат залихите на претходно набавените производи по повисоки цени, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Кажавме дека очекуваме да има намалување на цените од 7 до 12 отсто, но тоа не е возможно да се случи моментално. Субвенцијата што ја даваме во делот на електрична енергија почна да се реализира од 1 декември во делот на компаниите, вклучувајќи ги основните, средните училишта, јавните комунални претпријатија и сл. и веќе компаниите започнаа да формираат нови цени кои ќе ги нудат на пазарот, рече Бектеши во одговор на прашање пред почетокот на Словенечко – македонскиот форум за економска соработка. Посочи дека и до 1 декември супермаркетите не биле празни и имале производи кои биле набавени по повисоки цени. -Во нивните магазини имаа залихи на производи, и домашни производи кои користат дистрибутер и производи кои се увезуваат во нашата држава. Тие залихи се набавени со различни цени. Новите залихи се набавуваат со други цени кои се пониски од претходните, што значи дека претходните залихи треба да се потрошат. Најверојатно ќе се потрошат оваа недела или на почеток на наредната недела, по што ќе се забележи дека ќе има намалување на цените на тие производи во синџирите на супермаркетите, појасни Бектеши. Истакна дека кон крајот на ноември беше усвоен Законот за потрошувачи и веќе е во сила. -Како и секој закон кој се усвојува и овој има рокови за да почне да се имплементира, а Државниот пазарен инспекторат е надлежна институција која го имплементира тоа законско решение, рече Бектеши.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-veli-prvo-da-se-potroshat-prethodnite-zalihi-pa-kje-ima-poosetno-namaluvanje-na-cenite/feed/ 0
Се очекува да се намалат цените на лебот, млекото и брашното до 10 проценти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ochekuva-da-se-namalat-cenite-na-lebot-mlekoto-i-brashnoto-do-10-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ochekuva-da-se-namalat-cenite-na-lebot-mlekoto-i-brashnoto-do-10-procenti/#respond Wed, 16 Nov 2022 10:54:55 +0000 https://kurir.mk/?p=761588

Со последните мерки за обезбедување евтина струја за прехранбената струја очекуваме да се намалат цените на лебот, млекото, брашното и другите основни прехранбени продукти до 10 проценти и да го заштитиме стандардот на граѓаните, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. На заедничката прес-конференција по средбата со француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бун, тој уште еднаш подвлече дека ЕУ се покажа како партнер од доверба и ги исполни своите ветувања, а последната поддршка што ја доби земјава од Унијата е грантот од 80 милиони евра за справување со енергетската и економската криза. – Оваа поддршка доаѓа зашто ЕУ препозна дека сме одговорна Влада која одговорно менаџира со Буџетот. Токму со тој пристап изминатиот период можевме да ги вратиме парите на граѓаните кога е тоа најмногу потребно и да обезбедиме двапати антикризни мерки за заштита на најранливите категории на граѓани и за заштита на компаниите во износ од 760 милиони евра. Токму затоа можевме да обезбедиме и ликвидност за компаниите со што ги заштитивме работните места, а и континуирано да обезбедиме 80 проценти субвенционирана струја, како и евтина струја за да има непречено функционирање на виталните функции на државата, истакна премиерот. Со таквото одговорно однесување, додаде Ковачевски, изминатиот период се обезбеди и зголемување на минималната лата на 18 илјади денари, зголемување на пензиите, на платите во образованието, во полицијата, здравството… – Со истиот овој одговорен пристап, но и визија за иднината ние пристапуваме и кон енергетската трансформација која ни е толку многу потребна особено во ова време на недостиг на енергенси. ЕУ и тука ја нуди својата поддршка и ќе е партнер од доверба обезбедувајќи можност за развој на проекти во енергетскиот сектор. Јас често пати зборувам за големите енергетски стратешки проекти кои во моментов се преговараат во Владата со стратешки партнери од странство, а еден од најголемите меѓу нив доаѓа токму од Франција – АКУО, кој е заинтересиран за изградба на голема фотоволтаична централа од 400 мегавати во регионот на Штип, подвлече премиерот. Тој уште еднаш нагласи дека иднината е во т.н. зелена енергија и во обезбедувањето енергетска независност. – Со правилна поддршка и правилно менаџирање јас сум уверен дека можеме да ја трансформираме нашата прекрасна татковина во храм на зелена енергија и да обезбедиме и енергетска независност, но да го снабдуваме регионот со струја од обновливи извори. Ова е иднината и не е недостижна. Ние веќе ги преземаме првите чекори и уверен сум дека ќе ја оствариме нашата визија и ќе обезбедиме во индустриите на иднината кои ќе ни донесат повеќе работни места, подобро платени работни места и ќе ни донесат подобра заедничка иднина, рече Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ochekuva-da-se-namalat-cenite-na-lebot-mlekoto-i-brashnoto-do-10-procenti/feed/ 0