намалување на плати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Jun 2020 14:31:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png намалување на плати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Луфтханза и синдикатите и натаму без договор за намалување на трошоците за вработените https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lufthanza-i-sindikatite-i-natamu-bez-dogovor-za-namaluvanje-na-troshocite-za-vrabotenite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lufthanza-i-sindikatite-i-natamu-bez-dogovor-za-namaluvanje-na-troshocite-za-vrabotenite/#respond Tue, 23 Jun 2020 14:31:09 +0000 https://kurir.mk/?p=361640

Раководството на „Луфтханза“ сè уште нема постигнато договор со синдикатите за мерките за намалување на трошоците за вработените, соопшти денеска германската национална авиокомпанија. Како што пренесуваат германските медиуми, на тој начин се зголемува притисокот врз авиокомпанијата пред вонредниот состанок на акционерите на кој ќе се гласа државниот спасувачки пакет во износ од 9,0 милијарди евра, што е предвидено да се одржи во четврток. Германската национална авиокомпанија, која е тешко погодена од падот на патувањата поради пандемијата на коронавирусот, соопшти дека ќе ги продолжи преговорите со синдикатите пред состанокот на акционерите за да се постигне договор и да го отвори патот државата да преземе 20 проценти од акциите во компанијата. Прашањето за државна помош ја искомплицира и позицијата на најголемиот поединечен акционер на Луфтханза, Хајнц Тиле, кој поседува 15,5 проценти од акциите и кој смета дека државата, со влегување на двајца претставници во надзорниот одбор, би добила премногу моќ во компанијата. Виртуелната средба на Тиле со германскиот министер за економија Питер Алтмаер и министерот за финансии Олаф Шолц вчера заврши без конкретни резултати. Во компанијата би можело да се доведат во прашање и до 22.000 работни места. Акциите на „Луфтханза“, кои вчера паднаа за 3,8 проценти, утрово паднаа за дополнителни 1,0 проценти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lufthanza-i-sindikatite-i-natamu-bez-dogovor-za-namaluvanje-na-troshocite-za-vrabotenite/feed/ 0
НБА постигна договор за намалување на платите https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-postigna-dogovor-za-namaluvanje-na-platite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-postigna-dogovor-za-namaluvanje-na-platite/#respond Sat, 18 Apr 2020 06:58:48 +0000 https://kurir.mk/?p=333836

Раководството на Националната кошаркарска асоцијација на Северна Америка (НБА) и Унијата на играчи (НБПА) постигнаа договор за намалување на платите од 25 проценти за време на пандемијата од коронавирус. Веста ја објави новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, на Твитер. Според новинарот, кој цитира преговарач, мерката треба да стапи во сила на 15 мај. Договорот разгледува постепено намалување на платите во паузата во НБА првенството предизвикано од пандемијата. Но, играчите ќе ја добијат целосната плата за април. НБА лигата го стопираше редовниот шампионат на 12-ти март поради коронавирусот. Одлуката е донесена откако центарот на Јута џез, Руди Гобер се тестираше позитивно за вирусот. Во наредните часови и денови, уште неколку клубови објавија дека во своите редови имаат заразени кошаркари. Самиот вирус се појави и се шири во кинескиот град Вухан на крајот на 2019 година, а на 11 март Светската здравствена организација го призна нејзиното ширење како пандемија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-postigna-dogovor-za-namaluvanje-na-platite/feed/ 0