намлување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 Mar 2021 11:57:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png намлување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ново американско истражување: Лековите против холесторол ја намалуваат смртноста од коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-amerikansko-istrazuvanje-lekovite-protiv-holestorol-ja-namaluvaat-smrtnosta-od-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-amerikansko-istrazuvanje-lekovite-protiv-holestorol-ja-namaluvaat-smrtnosta-od-koronavirus/#respond Mon, 08 Mar 2021 11:57:43 +0000 https://kurir.mk/?p=478959

Стотици милиони луѓе низ светот користат статини, лекови кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта и го спречуваат ризикот од развој на срцеви заболувања. Едно ново американско истражување покажа дека статините, „лекови против маснотии“, исто така, ја намалуваат смртноста од Ковид-19, пренесува порталот Медикал Њуз Тудеј. Покрај нивната примарна цел, статините, исто така, имаат силно антиинфламаторно, антикоагулантно и антивирусно дејство, а сето тоа може да придонесе за намалување на компликациите поврзани со тешката клиничка слика на коронавирусот. Затоа не е изненадувачки што група американски научници, вклучително и кардиолози кои се грижеле за лица заболени со Ковид-19, го испитуваат влијанието на статините врз оваа болест. Тие го споредиле исходот од третманот на 1.296 пациенти хоспитализирани поради Ковид-19. Половина од нив редовно користеле статини пред инфекцијата, а половина не. Научниците откриле дека употребата на статин кај испитаниците ја намалува смртноста за 50 проценти еден месец по хоспитализацијата. Ова е најголемата студија од ваков вид досега спроведена, но не е единствената. Истражувањето спроведено минатата година во Сингапур покажа дека луѓето кои користат статини имаат помала веројатност да завршат на оддел за интензивна нега поради коронавирус отколку оние кои не ги земаат како вообичаена терапија. Американско истражување, исто така, открива дека пациентите кои користат статини побрзо се опоравуваат од коронавирусот. Научниците сметаат дека ова се случува бидејќи статините, покрај тоа што го намалуваат воспалението и ризикот од згрутчување, го отстрануваат холестеролот од надворешните обвивки на клетката. Рецепторите на кои се врзува САРС-КоВ-2, вирусот што предизвикува Ковид-19, се наоѓаат токму во делот на клеточната мембрана каде се таложи холестеролот. Без него, вирусот не може да навлезе во клетката, покажуваат резултатите од студијата. – Ако клиничките истражувања ги потврдат резултатите, статините би можече да се покажат како евтина и ефикасна терапевтска стратегија во борбата против Ковид-19, изјави шефот на студијата, д-р Махеш В. Мадхаван, кардиолог од Медицинскиот центар Ирвинг на Универзитетот Колумбија во Њујорк. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-amerikansko-istrazuvanje-lekovite-protiv-holestorol-ja-namaluvaat-smrtnosta-od-koronavirus/feed/ 0
Светска банка бара од Г-20 да ги намали долговите на најсиромашните земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetska-banka-bara-od-g-20-da-gi-namali-dolgovite-na-najsiromashnite-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetska-banka-bara-od-g-20-da-gi-namali-dolgovite-na-najsiromashnite-zemji/#respond Sun, 19 Jul 2020 11:20:38 +0000 https://kurir.mk/?p=378345

Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас ги повика земјите од Г-20 да разговараат за намалување на долговите на најсиромашните земји со цел да се минимизираат економските влијанија на пандемијата на коронавирус. Тој ја предложи таа иницијатива за време на видео-конференција со министрите за финансии и гувернерите на централните банки. Според Малпас, пандемијата довела до „најголема глобална рецесија во последните децении“, влијаејќи особено на новите економии. – Ги повикувам Г-20 да го отворат патот за консултации, како и за ефективни начини за намалување на нето сегашната вредност и на официјалниот билатерален и на трговскиот долг за најсиромашните земји, рече Малпас. Покрај тоа, шефот на Светската банка ја објави потребата од продолжување на мораториумот за исплати на долгови од најсиромашните земји. – Ве повикувам да ја продолжите иницијативата за прекин на исплатата на долговите до крајот на 2021 година, рече тој, истакнувајќи дека е потребна транспарентност на сите билатерални кредитори, вклучително и националните банки. Според него, ситуацијата во земјите во развој се влошува. – Времето истекува. Треба да преземеме итни мерки за прекин на исплатата на долговите, да ги намалиме долговите, да најдеме механизми за нивно подмирување и да бидеме транспарентни, истакна Малпас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetska-banka-bara-od-g-20-da-gi-namali-dolgovite-na-najsiromashnite-zemji/feed/ 0