нана акуфо-адо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Sep 2022 15:53:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нана акуфо-адо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот на Гана пред ОН повика на повеќе инвестиции во агробизнисот во Африка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-gana-pred-on-povika-na-povekje-investicii-vo-agrobiznisot-vo-afrika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-gana-pred-on-povika-na-povekje-investicii-vo-agrobiznisot-vo-afrika/#respond Thu, 22 Sep 2022 15:53:55 +0000 https://kurir.mk/?p=736317

Претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо, ги повика светските инвеститори да го поддржат развојот на профитабилната агроиндустрија во Африка, со цел да се обезбеди безбедност на храната на глобално ниво. Нагласувајќи дека над 60 отсто од неискористената обработлива површина во светот се наоѓа во Африка, Акуфо-Адо посочи дека континентот со својот неискористен потенцијал отвора нови можности за технологија и производство на храна. „Африка е подготвена за бизнис. На Африка и требате вие ​​и вам ви треба Африка“, им порача претседателот на своите колеги во обраќањеТО пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Во врска со прашањето за последиците од руско-украинската војна што предизвика глобална криза со храна, претседателот Акуфо-Адо ја повика инвестициската заедница да гледа на агробизнисот во Африка како на можност, а не како ризик. „Располагаме со доволно земја, доволно вода, доволно гас и доволно труд за да произведеме вештачко ѓубриво, храна и енергија за себе и за другите. Ви треба Африка затоа што континентот напорно работи на изградба на најголемиот единствен пазар во светот со 1,3 милијарди луѓе“, рече тој. Со оглед на очекувањата до 2030 година земјоделскиот сектор во Африка да достигне вредност од околу трилион американски долари, претседателот на Гана изрази оптимизам дека потенцијалот и можностите на агроиндустријата на континентот ќе ја мотивираат меѓународната заедница да ги зголеми инвестициите во производството на храна во Африка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-gana-pred-on-povika-na-povekje-investicii-vo-agrobiznisot-vo-afrika/feed/ 0
Владин функционер во Гана поднесе оставка поради кршење на мерка за самоизолација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladin-funkcioner-vo-gana-podnese-ostavka-poradi-krshenje-na-merka-za-samoizolacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladin-funkcioner-vo-gana-podnese-ostavka-poradi-krshenje-na-merka-za-samoizolacija/#respond Fri, 03 Jul 2020 12:24:48 +0000 https://kurir.mk/?p=368267

Заменик министерот за трговија и индустрија во Владата на Гана поднесе оставка затоа што го прекршил правилото за самоизолација. Како што соопшти денеска претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо, заменик министерот признал дека ги прекршил протоколите за спречување на епидемијата со тоа шѕо, иако било потврдено дека е заразен со коронавирусот, тој посетил еден центар за регистрација во својата изборна единица пред истекот на задолжителниот период за изолација. Во Гана до сега се потврдени 18.134 заразени со Ковид-19, а починале 117 луѓе. И министерот за здравство на Гана, Кваку Агеман Ману минатиот месец беше позитивен на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladin-funkcioner-vo-gana-podnese-ostavka-poradi-krshenje-na-merka-za-samoizolacija/feed/ 0